Факултет за бизнис и економија - NEOKOM

Дискусија во 'Образование' започната од 2468, 20 април 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Што мислите за овој факултет во Скопје? дали од форумџиките има веќе на овој факултет, иако не е толку многу познат сеуште кај нас? знам дека има доста студенти на овој факултет и тој е приватен факултет подржан од државата ако не се лажам :?: соработува со доста странски фирми и овозможува работни места за идните дипломирани студенти.
    колку сте вие информирани за овој факултет? :wasntme:
     
  2. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.250
    Искрено, првпат слушам за факултетов.. :worried: |(
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.346
    Пол:
    Женски
    И јас, дај кажи кај се наоѓа, имаат ли интернет адреса, нешто...било што, да се информираме :)
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    posting.php?mode=reply&f=42&t=1640
    значи ова е страната од која можеме да се информираме, но сепак сакам да знам и лични искуства :)
     
  5. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    Navistina ako moze nekoja od vas da kaze nesto podetalno za ovoj fakultet i da se razraboti temava bidejki itno mi se potrebni informacii.Fakultetot se vika FBE znaci Fakultet za Biznis i Ekonomija.Molam za informacii.Blagodaram
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.982
    Леле еве јас каснам со одговорот можеби некои од вас веќе се зезнале со „факултетов„ па тој ни од државата не е признаен, ете сакаа да го затворат примал студенти без државна матура и со тригодишно средно, немаат ни индекси ни ништо, оценки на меил им праќале, а диплома како и таа ли на меил ќе им ја пратат... имам другарка што се запиша таму, година се плаќа 500 евра :!: ( хааа за приватен?, па јас повеќе на државен плаќам) но секако ќе ти извадат уште толку пари со паѓање на предмети, презапишување, „документации„ чуда...
    За во странство овој факултет ко да не постои и средните школи повеќе ги ценат... ова се имам информирано не лупам без врска, секако нормално дека ќе си го бранат оние кои студираат на него... поздрав
     
  7. kalinaa

    kalinaa Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Zdravo na site!!!

    Jas sum diplomiran student na FBE i ke Ve zamolam da ne sirite dezinformacii vo vrska so negovata uspesnost, zatoa sto toj e eden od najdobrite privatni fakulteti koj sto ima dobro obucen strucen kadar. Finansiran e od VLADA sto znaci e priznat ne samo tuka, tuku i vo drzavite so koj sorabotuva, sto znaci komotno mozes da studiras duri i vo amerika na postdiplomski. Isto taka sorabotuva i so mnogu firmi koi nudat vrabotuvanje i praksa za apsolventi i diplomirani od istiot, na koi dokolku se pokazes vo svojata rabota ti sledi redovno vrabotuvanje. Ima li potreba da nabrojam takvi firmi???? ajde da ve upatam: Ministerstvo za finansii, Tutunska banka, EVN, opstinite, Zavod za statistika, NEOCOM, duri i kako asistenti za profesorite na samiot fakultet i slicno. Duri i veke diplomiranite studenti gi kontaktiraat za objaveni konkursi za rabota i obuki vo renomirani kompanii.

    Zatoa ke Ve zamolam da gi zacuvate Vasite dezinformacii za sebe, a dokolku nekoj e zainteresiran za studiranje na FBE slobodno neka ja pogledne stranata na fakultetot http://www.fbe.edu.mk
    [mod-kirilica:3c6spjrx][/mod-kirilica:3c6spjrx]
     
    На dlikedevil и Srckaiska им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.982
    Јас би те замолила тебе да не шириш дезинформации во некој вид на реклама.
    Се виде колку е успешен факултетот и колку фирмите се тепаат за да вработат некој од тој факултет, дај ти се молам. Студенти со висок просек од државните факултети неможат да најдат работа, а не пак од тој курс, неможам ни да го наречам факултет.
    Прво и основно студентите немаат индекс, резултатите ги добиваат по меил, се прашувам дали и дипломата ќе ја добијат по меил.
    Тие пари што би ги фрлил некој на тој таканаречен факултет подобро нека си ги инвестира во државен факултет.
    Соработка со влада :o ха!
     
    На maca99, Srekicka и Rubiii им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.260
    Акредитиран е Мимс факултетов сега проверив, доле после универзитетот за туризам и менаџмент е на списокот, државава значи го признала.
    http://www.mon.gov.mk/aktivnosti/597

    Но и јас сум слушала многу лоши зборови за него, општо што збореле, не знам ништо конкретно зашто не знам некој што навистина студирал таму па да не ширам дезинформации не пишувам ништо.
    Но мене овие факултети со 30 студенти за мене не се факултети, само тоа ќе кажам.
     
  10. Srckaiska

    Srckaiska Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Za mims-89
    Slusaj vamu da ti razjasnam ja na tebe nesto:
    Prvo: idi izguglaj malce pred da komentiras od rakav... fakultetot e akreditiran
    Vtoro: Vie na drzavniot ako se matkate na ednosalterski, povekesalterski( ako uopste znaes sto e toa)sistem :D so indeksite vo race, ovde nie na FBE imame evropski standardi i elektronski indeksi( ako voopsto znaes sto e toa)
    Treto: Ako majkati ti praela doma kurs po gotvenje i ti nisto ne si naucila nemoj sea tuka da se furas...
    Cetvrto: Zapomni Ako nemas vrski dzabe ti e i drzavniot fakultet i diplomata sto ti faka prasina po doma i desetkite od gore do dole...
    Te ljubim Draga moja.... :x
     
    На dlikedevil му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.853
    И мене владата да ми платеше 75% од студиите, ќе ја фалев, мајке ми.
    За љубов нејзина и правопис ќе научев, ветувам дури и бон-тон. :!:
     
  12. Ljubavi111

    Ljubavi111 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Па Мерлин не ти е доцна можеш да се запишеш и оваа година ке биде 500 е. :D
     
    На Srckaiska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.982
    Незнам зошто ми реплицираш, тоа е мое мислење за факултетов, за кој се имам информирано многу добро, а бога ми се имам уверено и лично, и според мене не го бива, а тебе ако ти се свиѓаат нивните „светски и европски стандарди„ (омг што е тоа) учи си го, не ти бранам јас :D
    И морам да ти се заблагодарам бидејќи МНОГУ ми разјасни за факултетов, дури се мислам и да се префрлам. Очигледно е дека немаш појма какви стандарди имаат универзитетиве низ Европа, да знаеш ќе се чудиш само, а нема да ми објаснуваш колку е добар факултетов.
    Врски во државниот немам, а среќа и не ми притребале до сега, се ми оди како што треба, па и работа ќе се најде, не се сомневам во тоа, не за џабе го одбрав перспективен ;)
    А тебе ако те мрзи да учиш, немој да ги правиш другите врскаџии и дека за џабе било, ќе се увериш дека не е.
    Јас не те љубам :D
    П.С. Ќе ти кажев дека тебе може ќе ти фаќа прашина дипломата по дома, ама сеа ми текна дека ти ќе имаш електронска диплома :D така да можеш комотно у рисајкл бин да си ја чуваш :D
    Уствари... у право си, ќе ми фаќа прашина дипломата по дома, нема сегде со себе да ја носам. :emo:
     
    На maca99, Rubiii, Srekicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    2.069
    Лично не, ама две другарки имам таму од кои едната ќе се префрла бидејќи е многу незадоволна. Цела година и пропадна заради погрешна одлука и неинформираност.

    И знаете како ги полагаат испитите?! Им даваат дома 30 кратки прашања, ги учиш (или не) и одиш ти паѓаат 20 од нив. Ништо, апсолутно ништо не учеле.

    И ги продавајте тие приказни ЗА НЕОКОМ -па ако сакаш да учиш имаш книги, бла бла..

    И утре такви студенти ќе им пратат на фирми?! Па јас да го држам факултетот, не се срамам па што сака нека е, да праќам некој кој едвај 30 прашања научил.
    До сега (освен ова што погоре го прочитав) не сум слушнала пофални зборови за факултетов, но сепак одлуката е ваша.
     
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.853
    Си имам образование стекнато со труд, доволно е за 10х студирање на некој квазиинститут.
    На денешно време, да имам јас 500 евра - ќе се мажам.
    И бидејќи очигледно владата таму само ви плаќа, а не ви обезбедува работа, верувам дека ќе сакаш да го направиш истото и со помалку.

    Поздрав и учи, не забошотувај. :!:
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    3.312
    Пол:
    Женски
    Девојко, нема потреба од иронија и докажувања по анонимен форум, сепак на крајот на краиштата секој има свое право на избор и размислување. Ти држи до твоите тези, мимс до нејзините, секој до своите.
    Јас што знам, е дека и најголемите пропалици во средно, овде ке ги изгураат тие 3 години, една за една, или во превод 3 студиски години, за временски период од 3 години.
    А она што многу смешно ми падна и ке се осврнам, е коментарот, односно да формулирам подобро, е твоето неинформирање во однос на тие едношалтерски системи на УКИМ, ќе те поправам и ке ти кажам дека и ние имаме електронски досиеа, во кои се води евиденција за присуство, активности, колоквиуми и итн, и секако на крајот стои оцената, пресметена врз база на сите тие приложени информации погоре во досието, само за разлика од Вашиот модерен и единствен начин, ние го имаме задржано процесот на “маткање„ што би рекла ти, и покрај електронскиот индекс, го имаме и оној во форма на црвено безвременско книжуле, наречено КНИЖЕН ИНДЕКС, во кој е многу потешко да се хакне и се да испари и сличните ин нешта.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tufare

    tufare Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Јас несакам ниту да го бранам овој факултет ниту да го напаѓам, али можам да кажам мое искуство и размислување. Студирав на овој факултет ,паралелно со еден државен факултет од универзитет Кирил и Методиј, што значи дека имам право да зборувам и за двата факултета и можам да ги дадам следниве констатации.
    - Со еднакво учење на двата факултета на ФБЕ добиваш 9- 10 а на државен добиваш 6-7, грубо претставено (што не значи дека на ФБЕ неможеш да добиеш 6 или на државен 10 ) . Факултетот е признат од државава, дефинитивно.
    - прочитав некаде дека се давале 30 прашања а од нив се паѓале 10 , епа вака - имаш предмети за кои ќе ти дадат 70 - 150 прашања кои ќе се паднат на испит но кој ја разбира економијата ќе знае и нема да тресе зелени дека оваа материја е од таква природа што дур не ја разбереш целосно неможеш на памет да ги научиш никогаш и неможеш да одговориш ниедно прашање. Од друга страна пак, на државните факултети можеби не ги даваат професорите прашањата али затоа копирниците ЗОКИ и ЛИБРО работат турбо и ги крадат и ги продаваат ( попатно за новите студенти на уким овие се наоѓаат во мавровка и без прашањата не одете на испит не се мачете многу олеснуваат)
    - Во споредба со другите приватни факултети, многу е поозбилно и многу повеќе се учи - како пример би го навела Европски Универизтет и Факултет за Туризам и менаџмент поради тоа што имам мн блиски луѓе кои студираа таму и знам како е.
    - Дека нудат вработување или такво нешто НЕ Е ТОЧНО , тоа сигурно го напишал некој кој е во управата на факултетот кој за да ме увери во тоа може слободно да ме исконтактира и да ме вработи.Но од друга страна ни на државен не нудат вработување. Праксата е задолжителна за новите генерации така што неме што да се коментира тука.
    - За вработување, кај сакаш заврши, колку сакаш имај познавање и дипломи, ако немаш врска дебела ќе немаш ни работа.
    ПРЕДЛОГ ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ

    Запишете се на приватен факултет, било кој само да биде некој каде што ќе стекнете некакво знаење а не да бидете трупови и потоа запишете мастер студии на државен факултет. МАстер студиите на државните факултети се многу полесни од додипломските студии на истите. Така ќе имате повисок просек на додипломските студии а воедно ќе имате и диплома од државен факултет .
    Многу мои колеги што се сега на мастер студии со мене го направија ова, најверојатно подучени од некого, и го направија вистинскиот потег.

    Се надевам дека помогнав и разјаснив некои работи,
    Поздрав
     
    На cresa-jagoda и dlikedevil им се допаѓа ова.