1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за драмски уметности

Дискусија во 'Образование' започната од tea94, 26 септември 2011.

  1. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки :)

    Ќе ве замолам ако можете да ми кажете нешто повеќе за овој факултет. Дали е многу тежок,дали лесно се наоѓа работа..
    Размислувам за овој факултет,па сакам да бидам повеќе информирана.

    Отворив нова тема затоа што не сретнав ништо во врска со факултетот,но доколку ја имам прескокнено слободно споете ја со неа.

    Ви благодарам однапред .
    Поздрав :)
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    http://www.fdu.ukim.edu.mk/
    Еве ја веб страната на факултетот.

    Инаку јас мислам дека не е ни малку лесно...било тоа дали ќе се запишеш за актер или сценарист.
    Талентот, вољата, упорноста и самодовербата се најважни.
    Еве на пример овде гледам имаш предмети од типот: Сценски движења и танци, Гимнастика и акробатика, Соло пеење, Психологија и психопатологија (овие се во листата на предмети за драмски актери), а како што гледаш едно со друго везе нема.

    Ако стварно е тоа што го сакаш и што си сигурна дека го поседуваш во себе, тогаш ти посакувам среќа. :)
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Според тоа што јас го знам најпрво е доста тешко да се запишеш од причина што има малку места, се пријавуваат многу а тие со врски имаат предност. Така да моја препорака ако размислуваш прво почни врски да си бараш.

    Е сега за работа тешко е да ти се каже нешто конкретно затоа што ако те бива сигурно ќе те забележат, а може ќе добиеш шанса да отидеш и во странство, па даље....

    А предметиве што ги пиша деојката погоре, мене ми е баш логично да ги има на драмски.
     
  4. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Абе и мене ми е логично, само што мислам дека се безвезни. Значи мислам треба да ти оди од рака пеење. глумење, танцување, гимнастика. Знам дека драмска уметност е широк поим, али ретко кој е надарен воедно со сите овие. :)
     
    На Pretty Woman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за актерство,пресуден е талентот! Или го имаш или го немаш! Секако на факултетот сето тоа се надградува,се работи напорно за да се дојде до што подобар израз на тој талент! За жал кај нас работите никој не ги гледа така,кој е талент или не,нормално на некој ќе му се потрефи ама од муабетите кои кружат потребно е да си имаш врски за да влезеш само...кандидати има многу ама примаат малце и тие што ќе ги примат се претежно деца на некои веќе познати актери,режисери итн..мое мислење е дека ако навистина го сакаш тоа треба да пробаш, да отидеш да се претставиш најдобро што можеш па можеби ќе имаш среќа,никогаш не се знае во животот! Среќно! ;)
     
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    http://www.fdu.ukim.edu.mk/pdf/FDU_Kurs ... e_2011.pdf

    Мене ме интересира курсов, ако некоја студентка на драмски има повеќе информации, нека пише на темава или во пп сеедно :)
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам многу на советите :)

    Талентот го имам,имам учествувано на многу изведби низ нашата држава..
    Мое е да пробам,па шо бидне нека бидне :))

    Врски имам ,дедо ми е композитор ..а неговата ќерка т.е. тетка ми работи драмскиот театар во Скопје !
    Така да..ќе се обидам да успеам во мојата замисла .
    Ви благодарам уште еднаш :)
     
  8. ColdGirl

    ColdGirl Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    И јас сум многу загреана за таму, за жал знам дека малку примаат таму и дека се е со врски. Дали некој знае како се претставуваат кандидатите.
    I ДЕЛ

    Тест од општа култура.
    Во облик на писмена работа се утврдува писменоста и информираноста на кандидатите од областа на драмата, театарот или филмот.
    Се проверува осет за ритам и слух на кандидатите.
    Склоностите и способностите на кандидатите за студенти на Студиската програма за драмски актери се проверуваат преку интерпретација на еден драмски монолог и една песна (рецитација) по избор на кандидатот и една песна (рецитација) по избор на Комисијата за проверка на компетенциите.

    * Оние кандидати што ќе го положат првиот дел, пристапуваат на полагање на вториот дел.

    II ДЕЛ

    Со доработка на избраниот монолог или работа на нов монолог под надзор на педагози од Факултетот за драмски уметности, се врши дефинитивна селекција на кандидатите според нивните склоности и способности. Составен дел на оваа проверка може да биде и импровизација на теми зададени од Комисијата.
     
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Таква ни е држава.. За парички ги влечат оние кои немаат ни осет за актерство, режисери или што год упишале на Драмски факултет, а вистинските таленти ги буткаат надоле.
    И јас сум премногу загреана за овој факултет, заљубена сум во актерството.. Но за жал тоа е тоа.
    Многу мои познаници се обиделе да се упишат, стигнале само до вториот круг колку да не биде дека само тие со парички во џеб ги примаат и потоа ги шутнале и влегле само оние кои имале врски :)
    Јас сепак ќе си ја пробам среќата кога ќе ми дојде време, па ако не бидне ништо идам на план Б- Филозофски факултет, а ако ме примат што би се рекло сонот ќе ми се оствари. Како и да е, засега ми останува само да си го гледам средново школо, па се во свое време.

    Кај сите факултети е исто, но тука е лошо што примаат само 12 души.
    Се додека на сите им светкаат очите за парички ќе стои во место државава и нема да има работни места па сите ќе си бегаат.
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Aхх театар моја прва и не прболена љубов дефинитивно.

    Да и ја сакав да се запишам на факултетов, и тоа добри 5 години идев на драмски активности у школа и сегде кај шо ке слушнев, пишував и сценарија дури, алии.. Врските , ме срушија мене.

    Врски бараа дури и за на претстава а не пак за на факултетов.

    За факултетов се шо можам да ти кажам е дека се бара, ама пошто велиш дека си го имаш талентот, а и љубвота немаш гајле. Само не се откажувај. За жал ете преку врски, пробај дефинитивно.

    Околу психологија и такви предмети има и те каква логика, зашто сепак станува збор за глума , односно целосно влегување, живеење на друг лик. А тоа ни малку е лесно . Затоа и те како е потребна психологија и сличните предмети.

    Мило јас, од се срце ке ти посакам успех и не се откажувај од сонот :)
     
  11. Pretty Woman

    Pretty Woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја обновиме темава !!
    Има ли идни актери и актерки, планира ли некој форумџија да се запишува на ФДУ ?
     
  12. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Малку глупаво прашање

    Дали факултетов што е со студиска програма "Драмски актер" важи за странство напр да се пријавиш за кастинг во некоја странска серија/филм ако живееш таму или е само за тука кај нас. Актерството ми е голема желба но не како кај нас народни приказни/театри туку на попрофесионално ниво (во филмови , со филмска шминка , ефекти) мислам ме сфаќате?
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Попрофесионално од театар нема :)
     
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Драмски актер е студиската програма, а не филмски актер. Факултетска диплома за глумење пред камера не постои и никој на кастинг не ти бара такво нешто.
     
    На Scooby Doo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Вистинската глума е токму во театар! Нема можност за исправка, нема можност за повторување за подобро,непроценливо искуство, возбуда и адреналин измешани со уметничкиот порив на актерот, поткрепени со несебичниот аплауз, смеа, вик од публиката. Тоа е тоа, вистинското нешто. Уште поголем предизвик е умешноста да го паметите тексто, притоа интерпретирајќи го најдбро што може проткаено со соодветна гестикулација и движења. Способност за неусетна и инстантна импровизација ако мора. Тука доаѓа до израз вистинската уметност.
     
  16. Pretty Woman

    Pretty Woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Предложете монолози за женски улоги .