Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

Дискусија во 'Образование' започната од bleff, 15 септември 2011.

  1. Bebushka135

    Bebushka135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    95
    Зависи колку желба и трпение имаш. Најперспективен смер нема, на сите мораш да го загрееш столчето освен на пит малку што е полесно бидејќи нема калкулус и веројатност.
    Финки не е факултет кај што ако го завршите пари од небо ќе ви паѓаат освен ако стварно не станете најдобри во областа. Веќе конкуренцијата е преголема и од факултетов и од курсеви и од самоуки програмери.
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda, ludamaja10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Leo99

    Leo99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали мислите дека просекот на ФИНКИ е битен за понатаму? Трета година сум и досега имам се положено (освен Веројатност се разбира) но немам висок просек и баш би сакала да го зголемам но некако не ми иде...Некои совети?
     
  3. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не е битен просекот ако прашуваш за вработување
     
    На ludamaja10 и Leo99 им се допаѓа ова.
  4. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Како се полага Компјутерски архитектури, во што се состои практичниот дел?
     
  5. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    Кај Ристе си?
     
  6. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Да

    I dali moze knigite nekade da se najdat prevedeni?
     
    Последна измена од модератор: 16 февруари 2021
  7. anic32

    anic32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Јас не знам зошто секогаш ПИТ го сметате за полесен смер, од гледана точка на помалку математика да, но Дискретна математика е потешка од Калкулус и треба многу бубање формули и теорими на памет за разлика од Калкулус каде што се учи со повеќе вежбање, втор семестар има Бизнис статистика што е на некое рамниште со Калкулус.
     
    На Mxrx му/ѝ се допаѓа ова.
  8. optimal

    optimal Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Здраво,

    Некој да сподели искуство/мислење лично или од други за магистерски студии на ФИНКИ... заинтересиран сум за IT management програмата. :)
     
  9. Ana789

    Ana789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Се учи се', но само со голема упорност и детерминација. Да, математиките се учат од 0, но очекувајте дека можно е да ви треба малку повеќе време од колку на другите - што секако не мора да е причина за разочарување и откажување. Еве јас кога се запишав имав добра математичка основа и немав проблем со математиките, но имав преслаба основа за програмирање и првиот семестар буквално глава ме болеше кога учев програмирање и некако и ме плашеше, логички знаев како да ја решам задачата, но самото пишување на код ме плашеше. Сега сум 3та година и се навикнав и ми стана поинтересно многу.

    Секој смер си има свои предности и недостатоци КН има најмногу математика, но реално тој е класичната диплома за computer science насекаде низ светот и претпоставувам најпочитувана.

    ПИТ може да го искористите тоа што има некои полесни предмети од другите и изборни можете да земате се' програмирања - интернет технологии, напредно програмирање, веб програмирање, основи на веб, дизајн, напреден веб дизајн... Јас сега да се запишував тоа би го направила.

    СИИС е средина по тежина јас сум СИИС, има ДМ, калкулус и вис, има и некои нови предмети кои колоквиумот не им е тежок ама ти се бараат проекти праење и домашни обемни кои одземаат време. И нефер се очекувањата за тие проекти, претпоставуват дека готово знаеме и работа со бази, и со фронтенд и со бекенд. Мислам тие предмети ќе беа океј во 4та да беа не почеток на 3та.

    Исто така навикнете се како и на супер професори така и на ептен без врска професори. Што имате предмет кој го предава Игор Мишкоски слушајте кај него, од асистенти за програмирања супер објаснува Стојменски и Ана Тодоровска, ОС Костадин Мишев. Од математикиве искрено скоро сите ми се искомплексирсни и одбивни.

    И едит еден мал: сите викаат не оди ако не знаеш информатика, не оди ако не знаеш математика. Ги разбирам до некаде и двете работи, но јас би ви рекла и дефинитивно не се запишувајте ако не знаете добро англиски, јас сум на македонски смер и се претпоставува дека знаеме англиски и имам видено доста колеги да си имаат мака. Презентации многу има на англиски не ги превеле, книгите се сите скоро на англиски, stack overflow e на англиски. Не знам не можам искрено да замислам некој успешен да е во струкава без англиски да знае.
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На Bubbles02, ludamaja10 и anzc3005 им се допаѓа ова.
  10. B*****

    B***** Нов член

    Се зачлени на:
    24 април 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Би сакал да слушнам ваши искуства од ФИНКИ. Би сакал да се запишам, имам ОГРОМНА желба и воља да научам и да бидам добар во оваа област. Знам математика, но ја немам основата за информатиката. Ќе ве молам да ми кажете ваши искуства, инаку уште еднаш ќе напишам дека многу сакам и во себе потајно верувам дека можам.
    Ви благодарам.
     
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Прочитај го коментарот над тебе.
     
  12. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Се запишав без знаења од програмирање и добро познавање на математика, па сега подобро ги совладувам предметите со програмирање отколку математиките. Ако имаш желба запиши се, се се постигнува
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anzc3005

    anzc3005 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Дали некој би можел да направи споредба помеѓу СИИС и КН?
     
  14. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    КН има повеќе математика, СИИС има повеќе општа логика од страна на ИТ свет. СИИС има предмети што ти се од корист во смисол на посредник клиент-програмер. КН има по некој ваков предмет сличен ама од тоа што знам има многу повеќе математика.
     
    На ludamaja10 и anzc3005 им се допаѓа ова.
  15. Ефи Килибарда

    Ефи Килибарда Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажете што е разликата при вработување на тие од ПИТ и другите смерови?
     
  16. Sahara2

    Sahara2 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dali e tocno deka site knigi se na angliski i dali ima prevodi na finki?
     
  17. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Nema knigi, se uci od prezentacii koi se na makedonski, retko ima nekoi na angliski
     
    На ludamaja10, злоба, Ivanna23. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ти кажуваат книга некоја ама џабе ти е да ја бараш и да ја учиш, самите професори ќе кажат „учете од презентациите“
    Задолжителните предмети што сите смерови или голем дел од смеровите ги имаат ќе се на македонски презентациите, изборен автоматски заклучувај дека ќе се на англиски
     
    На злоба, Mxrx и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  19. anzc3005

    anzc3005 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми го објасни процесот за упис на факултетот. Дали мора пријава на iknow и дали документите се доставуваат лично или преку мејл?
     
    На Patricija11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bubbles02

    Bubbles02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2021
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Дали со 87 поени би поминала во државна квота на СИИС?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.