1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

Дискусија во 'Образование' започната од bleff, 15 септември 2011.

  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    5.667
    Пол:
    Женски
    Остај колешке не прашувај, ептен напорна(напната) е работава, калкулус се полага вечер. :D
     
  2. Zoey

    Zoey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    И како помина Калкулус, ја бев ваква од задачите :o
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Дали ако има тука некој бруцош што оди на подготвителна настава по програмирање, би бил доволно љубезен да ми пише од колку се утре и во која просторија.
     
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Овој во Велес што е или во Битола?
     
  5. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Не,не во Скопје.
     
  6. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    епа Колеги и колешки се глеаме во Октомври. МТ ;)
     
  7. lil13

    lil13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Може некој да ми го објасни смерот бизнис информатика?
     
  8. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    а да си ја видиш програмата, место друг да ти ја гледа?
    појма неам шо е тоа.....

     
  9. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    92
    Епа вака имам неколку прашања за вие што сте на ФИНКИ.Знам дека ми е многу рано и дека имам уште цела година за размислување но сакам уште од сега да знам се во врска со овој факултет бидејќи ако сфатам дека не би можела јас да успеам таму кога ќе бидам 4та година ништо од мојот факултет т.е сакам да кажам дека сакам да знам се уште со време.Најпрво би сакала да прашам како е со програмирањето,од каде се почнува од почеток ли или треба да се има некоја основа од средно бидејќи во средно кај мене само јас сум заинтересирана за предметов и од преголема галама многу често неможиме да одржиме ни час.Потоа сакам да прашам како е со колоквиумите поточно со задачите кои што паѓаат дали се тие некои што веќе сте ги решиле или некои сосема други.И последно прашање дали има многу теорија за учење бидејки повеќе сум наклонета кон задачите па многу учење од книга баш и несакам,не викам дека нетреба да има туку дали тоа се книги од 400-500 страни или сепак нешто помало?А и кои предмети освен математика и информатика ми се потребни за на овој факултет?
     
  10. theluckycharmms

    theluckycharmms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Вака сега, структурно програмирање ти е најважниот предмет во прва година и мораш стварно добро да ги разбираш работите за понатаму да немаш проблем со другите предмети и да, се почнува од почеток т.е. од најосновните работи али сите ние што немавме некоја добра основа од средно со програмирање си имавме проблем (не те плашам туку те советувам дека треба максимално да се посветиш на него и после нема да имаш гајле).
    За колоквиуми/испити обично не очекувај да дадат задачи слични ко од вежби туку доста потешки и секој испит различен тип на задачи, пример за математиките ако си решавала испитни од прошли години тоа што ќе ти се падне тебе може да нема врска со тоа што ти си решавала. Али кога како некогаш даваат и океј работи, зависи и до тоа кои професори и асистенти ги прават задачите.
    За теорија не се секирај не е ништо страшно реално не ни имаме книги туку учиме се од презентации и тие ти се доволни. Досега се полага на е-тестови и тој систем е малце зезнат што има негативни поени ако го одговориш грешно прашањето.
    Се на се, ако стварно го сакаш факултетов ќе тераш добро. Ќе ти биде напорно зашто ќе заглавуваш по цели денови на факс рачунај со вежби нонстоп и читална, ќе имаш зезнати и тешки предмети али ако имаш желба и упорност нема да имаш проблем :)
     
    На Lavander му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Со програмирање се почнува од почеток, и најарно да му посветиш време сега, на факултет да си посветиш време на другите предмети. Задачите кај нас (јас во Штип учам) претежно беа слични на оние на вежби. Точно кажаа дека нема теорија, важно е да сфатиш како одат работите во задачи, да си учиш уште од почеток бидејќи ти е поврзано со програмирање во втор семестар. Ако не ти објаснуваат доволно на часови, немој да се плашиш. Ако сакаш да одиш на ова - оди. Се може да се постигне и научи. Јас сум со средно општа, па успеав да ги надминам оние што биле средно информатика. ;)
    Имаше и "хакери" многу јаки, па кога дојдоа на факултетов заглавија уште прв семестар.
    Според мене, најважни се програмските јазици и потребно е да ги разбереш бидејќи всушност тоа и ќе бидеш. Математики имаш обавезно во секој семестар, ако не и по две :tmi: така да ти треба и тоа да си учиш редовно од почеток. Ако не научиш изводи во Математика 1, нема да знаеш интеграли во Математика 2 итн итн. Отвори на страната на факултетот, ќе ги видиш сите предмети. Имавме електроника, електротехника, дигитална логика, HTML, ама со електроника и електротехника не ја тенчеа многу бидејќи ова се повеќе како предмети за електро.
    Еден совет за програмирање - немој да бубаш, да учиш напамет. Секогаш има повеќе начини да се направи еден програм. Тој начин што ти е даден тебе е начин на асистентот или професорот. Биди креативна, прави си ги работите по свое, истражувај, ова може - ова вака не може и слично.
    За другите предмети - никогаш не се задоволувај со она што ти го дале професорите. Има книги во библиотека што ќе ти помогнат, не само да го разбереш материјалот туку и да се надоградуваш.
    Обично професорите и асистентите биле коректни, ама каде и да си ќе се најде некој забеган што ќе ти стави материјал надвор од предавања или ќе ти скрати поени. Гледај да одиш на увид бидејќи понекогаш може да се случи да не види каде си пишувала задача или слично.
    Претпоставувам професорките сега ве заплашуваат дека никој нема да ви објаснува работи кога ќе отидете на факултет, но не е така. Има и професори кои само ќе гледаат да помине предавањето, ама има и такви кај кои секој ден може да отидеш на консултации да си прашаш, и на предавање ќе ти објасни, исто и асистенти.
    Некогаш ќе имаш предмети - чисти глупости :D ама во секој факултет се наоѓа по некој таков. :drunk:
    За испитите се воведува да биде усно, и ова се практикува речиси по сите предмети.
    Дури и програмирање ни беше усно, имавме за задача да направиме програм и да го одбраниме пред професор и плус прашања. Дури и математика ни беше усно (оној кому му предавал Живановиќ знае :D )
    ама не е страшно. Гледај да собереш колку што е можно повече поени од колоквиуми, за да на испит ти биде полесно. ;)
     
  12. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    ^^ Е арно си објаснила за Штип ама на ФИНКИ врска си нема муабетов. Усно никаде не се полага, сите програмирања се полагаат на онлајн систем направен од факултетот. Професорите се воглавном достапни за консултации ама најбитните работи ќе ги научат од асистентите.
    И да, кој планира да се запишува овде нека си планира 4 години од животот кои ќе му бидат исполнети со полагања и учење и ту-там слободно време.
     
    На Lavander му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    ^Е арно де, Компјутерско инженерство и комуникациски технологии смерот го има и во Штип и објаснувам како е тука, има професори кои предаваат и во Штип и во Скопје.
    Демек во Штип нема полагања и учења, бог да чува. |(
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Е арно, ама Скопје нема таков смер, Компјутерски науки и комуникации. Без навреда ама имам пријатели кои се Штип и еве знам колку време и труд сум вложила јас во учење, а колку тие и магично сите предмети им се положени а кај нас пола генерација се влечка секоја сесија со некој предмети. И на дисперзираните во Струга предаваат професори од Економски-Скопје ама врска си немаат полагањата таму и во Скопје.
     
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Извини, ама се знае на кои им се магично положени сите предмети. На оние кои имаат дебели врски. Од кај знаеш дека не те лажат, можеби па учат, и тоа повеќе од тебе?
    Имам колеги инаку што уште сега почнаа да презапишуваат предмети и да паѓаат со сесии, па стигнат до комисиско полагање (прва година). Има и многу што се откажаа од факултетов...никаде не поклонуваат отцени туку-така.
     
  16. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Ниеден факултет од областа на информатичките науки и компјутерското инженерство, не може да се споредува ниту со тежина ниту со квалитет во однос на ФИНКИ и ФЕИТ со останатите и самите професори ќе ви кажат дека една 10ка на останатите е колку една 6ка на ФИНКИ или на ФЕИТ. Не потценувам никого ама тоа ми е кажано и од професори и од колеги. Гледам колку учат и колку се мачат колегите од ФИНКИ и од ФЕИТ и оние од останатите факултети. На ФИНКИ и ФЕИТ и за 6ка ќе ви ја извадат душата како за 10ка. На испит, колоквиум никогаш нема да добиете задача како на вежби и ќе треба да се изнабарате и кодови и збирки и се останато ако сакате повисока од 6ка. Лично познавам неколку колеги кои студирале на ФИНКИ и ФЕИТ и едвај еден или два испити положиле, а сега на факултетите во другите градови имаат над 9,5 просек. Како и да е факултетот е само основа, цел живот се учи, кога се работи за оваа професија, бидејќи е млада и секој ден има по нешто ново. Ако ви е за полесно одете учете нешто што не се менува, јазици, економија и сл, за после факултетот да не мора да учите.

    ПС: Ќе имало нов факултет од овој септември за информатика сличен на ФИНКИ во Битола, со критериуми како тие на ФИНКИ и ФЕИТ,па ќе видиме како ќе бидат реакциите и искуствата. И ако сте на некој од „полесниве“ факултети од ИТ областа искористете го тоа како предност, одете и преку годината на пракси учете од видео туторијали, не го трошете времето по кафиња и не бидете демотивирани. Ние од ФИНКИ и ФЕИТ ретко кога имаме време за тоа, со нашите распореди.
     
    На butterfly992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theluckycharmms

    theluckycharmms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Се сложувам :)
     
  18. theluckycharmms

    theluckycharmms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Инаку сите вие кои што сте запишани на други факултети за информатика, се е тоа супер што сакате да помогнете и да споделите искуство али темава е конкретно за студии на Финки :)
     
  19. lau.ra

    lau.ra Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Сакам да прашам дали би можела да го совладам материјалот, поточно програмските јазици ако во средно да се каже го имам "учено" само една година... бидејќи поим немам од програмирање? Инаку одлична сум ми оди математика и имам 99 просек за упис на техничките факултети.. Благодарам однапред!
     
  20. theluckycharmms

    theluckycharmms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Со труд и вежбање ќе ги совладаш :)