Знам што мислеше Нема поента да се запишуваш на факултет за информатика и да прашуваш на кој смер има најмалце информатика. Плус секој смер е одреден профил. Ако знаеш дека не сакаш да се занимаваш со информатика не се запишувај на факултет за информатички науки.
На ФИНКИ не може да немаш информатика а математика најмалку мислам има на примена на е-технологии, само првите 2 семестри, значи само прва година.
Извини што ќе бидам директна, можеби ќе звучам дрско. Но пиши пропало, ако уште сега е незаинтересиран, никогаш нема да го заврши факултетот. Случајно да не учиш ти наместо него? Зошто сега сите мора да се запишат на факултет, а не ги бива, не се заинтересирани и не им се учи. Да не мисли брат ти сам ќе се заврши факултетот, дека без знаење ќе може да работи како информатичар. Слушнал дека со ФИНКИ може полесно да најде работа. Да, ќе најде, ако е заинтересиран за тоа и ако со љубов го учи тоа. За жал, познавам многу што се запишани на ФИНКИ,но не ги бива за таа струка.
јас сум запишана на примена на е-технологии и сега не ми е јасно ова со групиве по азбучен ред е но што значи тоа од а-дао, презимето мене ми е на ј и би требало да сум 6-та ( дап-кир) група што мислите ?
Идам скоро 3 години на информатички курс и плус 2 години школски што имам инфоматика.. али со математиката не сум у добар однос баш смер што е полесен на финки и нема толку математика?
Communication without barriers of devices using RESTful applications Nekoj pomos sto imat poznanie za ovaa tema ve molam?
Дечки од годинава гледам сменети се смеровите... Дали некој знае сега што е подобро сега, КН или СИИС? Мислам дека до лани тие двата беа заедно како КНИ, или грешка сум? Ај ве молам доколку некој е поупатен од мене за ова да ми подобјасни?
Годинава се нешто сменети смеровите на ФИНКИ, па би сакала да дознаам нешто повеќе во врска со смерот за софтверско инженерство и информациски системи. Ме интересира колку од прилика се тешки математичките предмети, бидејќи математика не ми оди баш најсјајно ама не сум ни катастрофа. Планирам да се запишам на англискиот смер. Општо гледано, дали е исплатливо и барано на пазарот во споредба со другите смерови?
Изводи и интеграли е се што ти треба од математика во врска со компјутери, мислам она што е најпотребо и нај барано во информатиката но има и друго. Било кој смер да е од овој факултет, вреди. Добро платени се ИТ професиите дури и во оваа држава. Што тебе ти оди највеќе, за она што имаш желба да го работиш тој смер запишиго. Не губи информатиката во никој дел. Јас запишав информатички науки и компјутерски инженеринг во друга држава. Ако ти треба некаков совет или нешто можеш да ми пишеш.
Годинава сакам да се запишам на Финки па сакам да ги прашам тие што се студенти или завршиле дали е возможно да ги совладам математиките ако не сум била пма смер во средно?
Нормално. Јас бев ПМБ па завршив со просек, како една од најдобрите во мојата генерација. Не осетив во ни еден момент дека сум оштетена во однос на моите соученици заради тоа што не сум била ПМА.
Почни уште од сега да ја учиш математиката, особено оние делови што ти се „најгадни“ или каде што се осеќаш несигурна. Ќе видиш дека кога ќе ги совладаш, ќе имаш поголема самодоверба во математиката и твојот став спрема неа ќе се смени. А ова е важно доколку сакаш да се запишеш на ФИНКИ. Математичката логика е многу важна во софтверското инжинерство и алгоритамските структури и математиката е добра алатка за вежбање на мозокот.