Слободно исконтактирај ме, ама искрено не можам да ти помогнам. Јас запишав пред воопшто да се формира ФИНКИ и ги немавме ни еден од смеровите што ги има сега.
Ме интересираат детали за студирање на англиски, па ако можеш нешто да споделиш околу тоа. Ако не, ништо.
И тоа го немавме ние, жалам Ама од искуство, англискиот секако го вежбаш до максимум, апсолутно е невозможно да поминеш ако учиш на македонски. Македонските материјали се катастрофа, преводите се несоодветни и ни еден професот нема да ти препорача да го спремаш предметот од македонска книга. Па натаму како сакаш. Англискиот секако ти е постојано во игра.
А дали може на ФИНКИ да ме примат со училишна матура во приватна квота ? Јас бев на државна извадив одлични оценки ама англиски не положив па школска одбрав...
Денес беше последен ден за пријавување матура така да ти преостанува да пробаш со училишна или да чекаш другата година.
Сакав да се запишам оваа година НА ФИНКИ но,во последен момент слушам дека финки било хаос во моментот.Професорите многу не се залагаат за студентите пошто сите се со приватни фирми.Сакам да слушнам мислења од некој што е запишан на ФИНКИ.Дали е добар избор?
Никој професор не вложува премногу во студентите, но ти ако сакаш да научиш ќе научиш се зависи до тебе
Може ли некој да ми објасни како се врши поделбата на студентите во групи? Дали се делат од секоја студиска програма посебно или од целиот факултет? Колку студенти има една група? Дали поделбата се врши по азбучен ред?
Се делат по студиски програми, а потоа по азбучен ред. Еве ја поделбата за 2017/2018: https://finki.ukim.mk/sites/default/files/finki_grupi_2017-18_leten-1.pdf
Некој да ми кажи по некој збор за секој предмет каква тежина има секој, кој предмет би било најдобро да го земам за изборен ??? - Интерактивни апликации - Интернет програмирање - Објектно ориентирана анализа и дизајн - Компјутерски мрежи
Ај вака прашање. Завршив трета година средно во странство. Таму немав математика, а овде во Гимназија пропуштив логаритми и други работи, но логаритмите како најпотенцирано нешто. Сакам да одам на информатички факултет со фокус на софтвер, програмирање. Ме интересира колку логаритмите се вклучени во тоа, дали ќе ги учам на факултет или да си почнам уште сега на приватно да учам математика?