Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

Дискусија во 'Образование' започната од bleff, 15 септември 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Зависи колку си спретна со математиката, колку ти иде.
    Јас без ништо, ни логаритми, ни изводи, ни интеграли, ни ништо од средно, немав никакви проблеми да ги положам математиките. И онака сѐ се почнува од почеток.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.377
    Пол:
    Женски
    @DAngel Е фала! Тоа ме интересираше, дали почнува од почеток.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сѐ се почнува од почеток. Теоретски, би требало да ти биде полесно ако си го учела тоа претходно, ама јас ни во еден момент не почувствував дека некако сум уназадена заради тоа што не сум го учела во средно. И просек извадив, и од специјалните стипендии за информатичари фатив и не паднав ни еден колоквиум. Ако те интересира и ако ти иде, слободно оди.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Да, имаш логаритми, но повеќе се фокусираат на интегралите. Финки нуди ко еден месец пред да започнат студии спремање за калкулус и дискретна математика за тие што се прва година, нз цената.
    Да идеш на приватни часови мислам и дека ќе ти помогне доста, само кога ќе почнеш на часови дефинтивно иди на аудиториските вежби.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saraа12

    Saraа12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Дали кога одиш на пракса треба да се пише дневник за сработеното?
     
  6. XaviSerrano

    XaviSerrano Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали за смер на англиски е потребно диплома за завршен курс или билингвална?
     
  7. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Дали на ФИНКИ постои можност да се студира вонредно?
     
  8. XaviSerrano

    XaviSerrano Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не
     
  9. Saraа12

    Saraа12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Да
     
  10. LuckyWoman

    LuckyWoman Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ima oficijalno info kolku se prijaveni na fakultetov posle zavrsuvanjevo na prviot upisen rok?
     
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Имаше статија на факултети.мк.
    Провери таму.
     
  12. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Повеќе од квотата биле пријавени на МРТВ слушав вчера.
     
  13. Miki52615

    Miki52615 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Kade go vidovte toa moze nekoj da pusti link
     
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Дали може да се одбере изборен предмет којшто бил во списокот на изборни предмети во некоја претходна година?
     
  16. Unicorn__

    Unicorn__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    *ЗА СИТЕ БРУЦОШИ*

    Здраво дечки, знам како е да си бруцош (не беше многу одамна) и затоа одлучив со вас да споделам какво беше моето искуство во прва година и да ви кажам некои работи кои да ми ги кажаа мене пред да почнам ќе ми беше многу полесно. Секако секој работите ги доживува на различен начин и ова е само мојот поглед но се надевам дека ќе ви биде од корист во првите студентски денови.

    Прв совет што сакам да ви го дадам е дека ќе треба да ги смените вашите навики и организација на учење бидејќи тука се оди мнооогу побрзо од средно и она што ни го предаваа пола година тука се учи во 1-2 лекции. Да можам да се вратам би почнала да учам одма после првото предавање. На ФИНКИ немаме книги во печатена верзија но можете да ги симнете сите многу лесно па ако сакате и да ги испечатите иако мислам дека нема потреба а и се работи за големи книги од 500-1000 страни. Има неколку за секој предмет но најчесто се работи по една од книгите наведени во задолжителната литература и професорите ќе ви кажат која. Но, нека не ве плаши тоа бидејќи врз основа на тие книги се изработени презентациите кои најчесто се доволни и може само од нив да учите. Второ, веројатно после уписите ви стана јасно но дури сега ќе видите дека ФИНКИ е еден од а ако не и најнеорганизираниот факултет во Македонија. Распоредите на полагање се случувало да излегуваат и неколку часа пред полагањето а и материјали да се поставуваат неколку дена пред колоквиум. Кога сме кај материјали, сите предавања и аудиториски вежби ќе ви бидат поставувани на courses. Колегите од постарите генерации се потрудиле да соберат материјали за некои предмети и ви препорачувам веднаш да си ги симнете и однапред да ги имате предавањата, вежбите како и многу задачи, бази и корисни фајлови од следниов линк: https://www.mediafire.com/folder/wzdaa8g18f7rw/%D0%A4%D0%98%D0%9D%D0%9A%D0%98 . Некои презентации се малку сменети но 80% се истите а и секако ќе ви послужат додека на courses не ги постават. На courses ќе имате поставено и документ со услови и обврски за секој предмет и добро прочитајте го и обрнете внимание на него. На мејлот кој го имате од ФИНКИ треба постојано да ги следите известувањата па ви препорачувам да си ја симнете outlook апликацијата на телефон за да ви стигнуваат нотификации. Што се однесува до предзнаењата и основата која ја имате од средно тоа е секогаш добродојдено но не и клучно, па воопшто да не ве загрижува ако сте од стручно средно или пак немате многу искуство со програмирање бидејќи се може да се научи и совлада со труд и посветеност! Друга многу корисна работа е FINKI Infobot на messenger до кој може да пристапите преку линкот m.me/the.infobot и сите пофалби за овој проект. Претпоставувам дека веќе сте дел од генерациската група на фб а побарајте пристап и во групите за секој од предметите (пр. FINKI STRUKTURNO). Сега збор-два за предметите (оние кои ги имаше на мојот смер и секако има мали разлики во зависност од тоа кој професор ви предава).

    Професионални вештини
    Ова е дефинитивно најлесниот предмет на факултетот, воопшто не треба да се замарате и скоро сите имаат високи оценки. Нема учење по предметов, само 2 проекти кои се прават наместо да се полагаат колоквиуми. Нема аудиториски, само предавања на кои се пишува по нешто секој час и се добиваат поени за присутност кои на крај може да ви помогнат за повисока оценка а и при правење на проектите. Може и да не одите но се зависи од професорот и дали бара присуство и дава поени.

    Вовед во компјутерските науки
    Предметов истотака е еден од полесните но може да биде и многу зезнат. Всушност како да се два предмета во еден бидејќи на предавања се учи едно а на аудиториски сосема друго. Предавањата се само теорија која не е тешка. На аудиториски се работи LibreOffice Writer и Calc а потоа и Imagemagick. Ви препорачувам да одите на аудиториски и да ги совладате бидејќи не се тешки а имаат поголем удел во оценката од теоријата. Истотака имате и лабораториски вежби кои се изработуваат на факултет но доколку не ги завршите може да ги доработите и поставите дома и носат бодови (барем така беше претходната година). Лесно можете да добиете повисока оценка.

    Калкулус 1
    Тука мала предност ќе имаат колегите од ПМА но не се опуштајте бидејќи ви е познато затоа што тежината е многу поголема од она од средно. Ако прв пат се сретнувате со лимеси и изводи ништо страшно бидејќи се се почнува од нула но оди со брзо темпо и затоа треба многу редовно вежбање. Предметот се дели на задачи и теорија и гледајте да извадите што повеќе поени на теоријата со цел да може да имате што повисока оценка, доволно е да ја учите од презентации. Задачите не се на ниво на оние од аудиториските и нема да ви бидат доволни. Ви препорачувам да вежбате од книгата, после секоја лекција има задачи и добро би било сите да ги решите. Ги имате решенијата на slader.com само внесете го името на книгата. Решавајте ги во една тетратка и нумерирајте за полесно снаоѓање а исто така може да ви биде од корист на крај бидејќи може да ги однесете кај професорот ако ви фалат 1-2 поени за повисока оценка/положување. Исто така купете си и испитни/колоквиумски од околните книжари и вежбајте и од нив, така ќе видите и какви задачи отприлика даваат. Дефинитивно е подобро да се положи преку колоквиуми и тогаш даваат и некои полесни типови што на испит нема да ги има. Но, не е страшно и на испит задачите се тие со тоа што како што реков некои полесни типови од кои би имале сигурни бодови тогаш би ги немале. Има и лабораториски вежби кои не се задолжителни и не се поставуваат, сами си ги работите дома и на крај може да ги полагате за повисока оценка/положување(ако го исполнувате условот). Да се оди и на предавања и на вежби. Со редовно вежбање може да се извади солидна оценка дури и ако се ви е ново и прв пат се сретнувате.

    Калкулус 2
    Важи истото како и за Калкулус 1. Главно се учат интеграли, низи, редови, диференцијални равенки, поларни координати. Малку потешко од Калкулус 1 но во секој случај совладливо.

    Калкулус
    Претставува спој од Калкулус 1 и Калкулус 2 и се учат истите работи со тоа што во К1 и К2 е поопширно а во Калкулус некои работи не се учат но програмата е понатрупана и доста обемна. Важат истите услови како и за К1 и К2.

    Дискретни структури 1
    Предмет на кој најголем дел од студентите заглавуваат но не треба воопшто да ве плаши. Клучно и за овој предмет е редовно да го учите и да ги решавате задачите после секоја лекција во книгата а потоа и колоквиумски/испитни и ќе немате проблем. Ги имате решенијата на slader.com само внесете го името на книгата. Аудиториските не се доволни и има само некои типови додека во книгата се опфатени многу повеќе типови на задачи што би се паднале. Учете ја и теоријата бидејќи даваат и дефиниции/докази и ќе извадите добри поени и од тоа. Не е научна фантастика, само бара многу вежбање. Одете и на предавања и на вежби. Нема никакви дополнителни поени, се е од колоквиуми/испит. Важно е да се положи на колоквиуми и на повеќето така им е полесно.

    Дискретни структури 2
    Важи истото како и за ДС1 во однос на учењето и условите. Материјалот е малку потежок.

    Дискретна математика
    Претставува спој од ДС1 и ДС2 и се учат истите работи со тоа што во ДС1 и ДС2 е поопширно а во Дискретна некои работи не се учат но програмата е понатрупана и доста обемна. Важи истото како и за ДС1 и ДС2 во однос на учењето.

    Структурно програмирање
    Единствениот програмерски предмет семестаров и многу важен како основа за понатаму. Се учи C. Важно е добро да се совлада со цел понатаму да ви биде полесно. За жал многу студенти не стигнуваат да му посветат доволно време поради математиките. Потребно е вежбање, особено ако немате искуство со програмирање. Читајте ги предавањата, потоа решавајте ги аудиториските. Има и задолжителни лабораториски вежби кои се решаваат на code, пред да одите видете го името на задачата и напишете го на pastebin.com и ќе ви излезе и текстот и решението на скоро сите задачи. Пробајте сами да ги решавате дома и разберете ги, доколку ги решавате сами ќе ви биде многу полесно и на лаб нема да бидете како изгубени и само да препишувате од телефон. Имате и два теста пред колоквиуми, купете ги од книжара тестовите од претходни години и решете ги сите и некогаш ги даваат истите а некогаш слични задачи. Поените од лаб и тестови се многу важни, не се малку и играат голема улога на крај и за положување а и за повисока оценка, затоа потрудете се да имате што повеќе. Пред колоквиум/испит ќе ви бидат поставени дополнителни задачи на code и доколку ги решавате сами немате гајле а секако може да си ги проверите на pastebin. Како и повеќето и СП е подобро да се положи на колоквиуми.

    Објектно-ориентирано програмирање
    Се учи C++. Исто така важен предмет на кој треба да му се посветите. Важат истите услови како и за СП. Се смета за малку полесен од СП и поголем дел од студентите го положуваат, дури и ако не положиле СП.

    Архитектура и организација на компјутери
    Предметов е доста обемен но не е претежок. Предавањата мене искрено ми беа досадни и не препорачувам да одите бидејќи за тоа време сами ќе ја научите лекцијата, освен ако професорот бара присутност, пушта списоци и дава поени за тоа. На аудиториски одете и тоа кај асистентот што најмногу го фалат колегите бидејќи доста се учи од час. Има и лабораториски вежби кои се изработуваат од дома и се задолжителни. Потоа за нив се полага тест и така се освојуваат поените. Има и два теста и затоа треба да бидете во тек со лекциите. Не е неопходно да се учи од книга, мислам дека и презентациите се доволни. Има и два незадолжителни проекта, едниот носи 7 а другиот 8 бодови. Сите овие дополнителни поени од лаб, тестови и проекти се многу важни и играат голема улога бидејќи се 40% од поените, а другите 60% се од колоквиуми/испит(30% теорија, 30% задачи). И тука е најголемата грешка и причина за презапишување на предметот. Доколку имате поголем дел од дополнителните поени многу лесно и само со минимум ќе положите додека ако немате или имате многу малку дополнителни треба да извадите многу високи поени од теорија и задачи и тоа само за да успеете да го положите предметот. Затоа многу внимавајте на тоа и убаво читајте ги условите на сите предмети.

    Во врска со изборниот во втор семестар бирајте паметно бидејќи според најновите информации имаме право на само еден предмет од ниво 1 - L1 во целото студирање (нивото се одредува од шифрата на предметот, има L1, L2 и L3 и од другите две категории смее да се земат повеќе изборни понатаму). Сите изборни од втор семестар се Л1 и ако сега не земете Веб дизајн на пример, нема да можете да го земете во следниот летен семестар. Се надевам дека ме разбравте. Јас го земав и сметам дека е најкорисен а и лесен предмет Веб дизајн.

    Се надевам дека ќе ви помогнам и ова што го кажав ќе ви користи. Ви посакувам многу среќа во студирањето! :)
     
    На dragan2002, Bubbles02, d3likvent и 6 други им се допаѓа ова.
  17. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Дали дава некој приватни часови по Дискретна математика?
     
  18. Desi1991k

    Desi1991k Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2016
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Проф. Биба од Електро.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    899
    Бројче или маил? Каде да и пишам дека за јануарскава сесија сега на 05.01 што полагаме ми е ... ( не сум тапа ама мн ми треба помош)
     
  20. Willbeokay

    Willbeokay Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да се отпишам од ФИНКИ и од октомври ќе се запишам на некој др факултет од уким, и сакав да прашам дали некој знае како оди сета таа процедура на отпишување...мислам ако некој се отпишал да ми каже како било :)