Ајде некоја феминка ако може да ми испрати презентации од основи на компјутерски науки и основи на веб дизајн.
Здраво, Некој совет за полагање структурно програмирање прв колоквиум. Какви задачи и на кое ниво паѓаат генерално?
Може ли некој да ми објасни што се учи по предметот Дизајн на интеракцијата човек-компјутер / Human-computer interaction design? Базирано е врз програмирање или?
Сега сум 4та година и размислувам што да се запишам. Го земав ФИНКИ како опција, па сакам да прашам едно нешто - дали мислите дека за да го завршите овој факултет, треба да имате природно разбирање на некои предмети, барем делумно, или дека сѐ се учи ако се сака? Работата е што не знам дали би можела да ги положам сите тие математики. Друга работа - дали ПИТ како смер е исто важен како и другите смерови? И дали навистина сите дипломирани на ФИНКИ лесно се вработуваат? И дали е полесно со овој факултет да се замине во странство? Благодарам однапред за одговорот, многу ќе ми значи.
Работата е што не знам дали знам. Во основно одев и на натпревар, а во средно беше комплицирано бидејќи по курсевите ги имавме тестовите, постојано имаше мешање на познаници или партии т.е се беше побркано (турска серија, не се чуди) и сега не знам колку знам т.е колку сум способна за математика. Предаваат добро на факултетот?
Ако сакаш математика можеш да се запишеш. Тоест доколку не ти претставува проблем да научиш математика сакам да кажам. Воено и ако имаш интерес кон ИТ секторот и компјутерите. Без тоа незнам колку би било разумно да се запишеш на таков факултет. Јас немав основа по математика па мака мачев неколку месеци бидејќи учев сам и успеав до некаде. Се вработуваат оние кои имаат знаење од овој сектор дури и без факултет. Дипломата ќе ти биде отскочна даска. Смерот зависи од тебе и она што тебе те интересира.
За стипендија мислам дека треба само да имаш положено 80% од предметите, небитно кои (се додека не се условни).
Ќе го положи отпосле. Не е мерка за загарантиран успех полагање предмет од прва. Бог да чува сте со непотребни коментари. Девојчето не праша дали може да биде софтверски инженер без положено структурно програмирање, јасно ни е на сите дека не може.
Не зборувам за полагање од прва, за презапишување зборувам. Структурно е основа на сите предмети понатаму. Буквално е основа на програмирање. Прелесен е, само доколку ти работи логиката, и си ги работел лабораториските редовно. Минимално спремање ти треба плус од тоа. Можно е да не се положи од прва, сѐ може да не се положи од прва, ама ако дојде ред да се презапишува, навистина треба да се запраша зошто запишала Софтверско инженерство, оти само потешко ќе станува понатаму.
Во право е @DAngel . Логиката од структурно ќе и треба понатаму за многу работи, стварно е основа. @kiss3 решавај повеќе, лабораториските труди се сама да ги решиш што е можно повеќе. И на консултации оди да ти објаснат. Убав предмет е и не е страшен ко што многу го доживуваат, а сите што го презапишаа или положиле на препис, имаат проблем со другите предмети.