Ќе може да ти се обратам во лп, имам уште некои ситни прашања. Сега сум прв семертар и некако ми е се конфузно.
Не слушав еволуциска кај Огнен. Бирај тема која те интересира, прочитај го материјалот и ќе добиеш идеа
Ќе ве замолам да ми ги кажете предметите за сите четири години затоа што сакам да одам на овој факултет па малку повеќе да се информирам што ќе имам
Веќе неколку години се мачам на факултетов па да прокоментирам збор два Виолета и Елена се океј просечни професорки, досадни воглавно, ама ќе си прочитаат тоа што имаат спремено и тоа е тоа. Плус поени од семинарски и презентации има, и вежбите кај Филип асистентот се интересни. Е сега предметите на Елена се полесни, а психофизика на Виолета е смрт, и треба убаво учење. Ицко физиологија е онака, ама боље избор од Владимир. Треба учење многу кај него, три колоквиуми се, гледајте преку нив да го положите предметот, на испит е доста потешко. Огнен е најзлато професор на целиов факултет, најспремен, најадекватни предавања, интересни скрипти, од предавање се учи кај него. Е сега предавањата му се долги, ама вреди секоја минута. Кениг и Билјана со статистиките Кениг поубаво ми предава лично, строги се двете, си бараат и двете доста. На испит ако останете кај нив, со среќа Ана Фрицханд е исто злато професорка. Убаво предава, не и се претешки предметите, ама си бараат солидно учење. Трансформација на конфликти изборниот е стварно интересен кај нејзе. Орхидеја е срце од жена, ама не знае да одржи дисциплина на предавања, никој не ја слуша. Предметите и колоквиумите и се лесни и секогаш знае да излезе во пресрет. И на крај светото тројство Бешка, Михајло и Благоја. Од кај да почнам? Бешка како професорка добро предава, ама бара ептен многу. Ако имаш заглавено со статистиките немаш право кај нејзе да полагаш методологија 1, а ако заглавиш на првата, автоматски губиш право на втората и си заглавуваш поштено На испит првата методологија може некако со жртвени јагниња и молење да се положи, ама втората, хахахха. [си плачам </3] Михајло први впечатоци ќе ви бидат дека е топ професор, лабав за присуства, не праи проблеми, малку досаден на предавање, ама кога ќе отидеш на колоквиум и ќе ги видиш прашањата хехехе Бара на памет да ги знаеш скриптите, на испит има 40 есејски прашања и ако не знаеш да учиш на памет ко мене ќе си заглавиш И за на крај морав да го оставам Благоја. Значи тврдам дека професоров има огромни знаења за предметите што ги предава, АМА, исто така има одредени ставови според кои си се води што воопшто не се добри за професор по психологија. Имаше скандал за професорот, што е страшно. Предметите му се полагаат со скрипта пред тебе, ама шансите да положиш се минимални. Ок беа вежбите за личност, иако некои сосема непотребни. Андреа асистентката е кул tho. Кате и Сарџо уште ми немаат предавано, ама од тоа што имам слушнато од колеги двете се доста океј. Сега овој семестар и новиот психопатологија ќе го запознаеме, кој наводно бил бетер од светото тројство погоре Шала на страна, ако навистина имате желба за психологија, спремни сте за да седнете и убаво и квалитетно да се оставите од учење, редовно да одите на предавање и да се занимавате со секакви видови на статистики и имате живци да се расправате со професориве ондак факултетов е за вас. Најмногу што мразам е перцепцијата однадвор колку нашиот факултет бил лесен, што воопшто не е точно.
Премногу сакам но сега малку ме заплаши со ова статистиките, дали е тоа нешто како математика слично? Зошто мене такви работи не ми одат а за учење на памет може да де каже, ама не е тоа фората, најубав е да разбереме...
Статистика има задачи. Не може да се учи на памет, мора да ги разбереш. Ама добро предаваат професорките и ако одиш на предавања и вежби редовно не би требало да имаш проблем.
Јас завршив прв сместар па да напишам збор -два за тие неколку професори што имам искуство. Прво за Огнен- Еволуциска, професорот што ми ја зацврсти љубовта кон психологијата и кој ни докажа дека материјалот што е сервиран и тоа како може да се пренесе на студентите секако ако се сака. Прекрасен проф. убави дебати имавме на неговите предавања и цела прва година навистина го обожава. За Елена немам некое разумно мислење, првиот впечаток ми беше дека е добра ама со текот на предавањата сфатив дека не е баш со сите, во смисла тоа што на сред предавање ќе почнеше иритантно да се смее зашто нешто и текнало од претхoдната година. Материјалот е малку само проширен од оној од средно, ама не ми е јасна како така ненормално крати бодови, не знам кои се тие нејзини критериуми.. ама океј тоа е што е. Виолета- Перцепција е многу добра жена всушност, но не може да дојде до израз поради досадиот предмет. Премногу и скритите се лошо напишани(читај препишани) а и навистина материјалот е апстрактен. Е сега обни внимание на оваа проф. Елизабета Томевска Илиевска. Предава Педагогија односно изборен предмет. Жената има ужасно големи компекси кои и сама си кажа и ги наметнале во младоста(што тоа не не засега нас како студенти, но окејј). Жената секогаш ама секогаш каснеше на предавања по 30 мин до цел саат а ние ја чекаме рано сабајле од 8ипол ама океј. Не натера да ја купиме нејзината книга што е 650 денари и на крај ни кажа од неа нема да работите,таа ќе ви служи кога ќе предавате во училишта,одлично (сарказам). И на вежби никогаш не се појави, па за на крај не им даваше потпис на тие со 3 недоаѓања аа по правило на цел факултет е со 6 одсуства. Ама па друго ако имаш живци да ја трпиш нејзината појава и комплекси лесно се поминува на клоквиуми иако има многу материјал, зашто го цени деф. Квантитетот отколку квалитетот во напишаното. Ицко- Физиологија пред да го слушам предметот имав одбивност поради тоа што е тежок но, сериозниот пристап кон него ме натера да се заљубам во предметот. Дефинитивно омилен после Еволуциска кај Огнен. Професорот е ДААААЛЕКУ подобар од Владимир(генетика и физиологија). Владимир го влечат до дипломска од што е навистина претежок човек. Ицко е декан инаку на Пмф институтот по биологија, па кога ќе дојде да предава кај нас си се замислува дека е на Пмф ама ќе му простиме иако ни скрати 20 поени од вежби, кои се уредно напишани дека ќе ни бидат дадени во секој фајл од резултатите од колоквиумите и полн е неправди, од ракав ставање поени за присуство а уредно дојдено на сите предавања. Ама во главно како ќе го фатиш човеков во добрите, на почеток помислуваш дека е крајно коректен но на крај испаѓа дека е се хаос ама тоа е. Задоволна од Првиот семестар, едвај го чекам новиот и да видиме што ќе ни донесе тој.
Мислење за Елизабета Томевска- Илиевска по Педагогија? Како предава, каков и е начинот на полагање и дали лесно се поминува?
Здраво девојки, матурантка сум и би сакала да студирам психологија бидејќи многу се пронајдов во тоа, го имам како предмет(сега сум смер општествено хуманистички б).Ќе може ли да ми кажете некој линк, страница или нешто каде можам да се информирам за факултетот смерови предмети и се тоа,бидејќи на страната на фзф не можам да се снајдам некако, или евентуално ако има некоја која би ми излегла во пресрет накратко во лп да ми објасни што како. Ви благодарам однапред
добив информација дека пола од пријавените на филозофски денес, се пријавиле на психологија. дали мислите дека имам шанса со 91 поен да влезам?
За психологија и за безбедност, одбрана и мир е најголем интересот. Во едно интервју, пред некоја недела деканот на Филозофскиот факултет кажа дека за психологија за 1 место се пријавуваат дури 3 кандидати, така што нека не те чуди големиот интерес. За поените, стварно не се знае, сѐ зависи од конкуренцијата во генерацијата. Лани последните примени во државна квота имаа 89 запирка нешто поени. Ако прашуваш дали ќе влезеш во државна не се знае, а за во кофинансирање сигурно ќе влезеш.