1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за психологија

Дискусија во 'Образование' започната од k.broken, 6 јуни 2010.

  1. weird girl

    weird girl Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    И да, разумем македонски, само не знам добро да бих могла причати.
     
  2. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    VII. Кандидати со завршено средно образование во странство
    а) Странски државјани
    1. Странските државјани се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот, а нивниот број може да изнесува
    најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти (во државна квота и со кофинансирање) утврден на ниво на
    студиската програма.
    За одделни факултети, односно студиски програми се утврдени квоти за запишување странски државјани и
    нивниот број е даден во Прилог 4 од Конкурсот.
    2. Школарината за странските државјани во учебната 2019/2020 година е дадена во Прилог 5.
    3. Селекцијата на кандидатите се врши според соодветноста на претходно завршеното средно образование во однос
    на студиската програма за која се пријавуваат и според успехот од средното образование.
    Селекцијата на кандидатите кои се пријавуваат за студирање на Архитектонскиот факултет и на факултетите од
    областа на уметностите, се врши со проверка на знаењата и умеењата (II/5.б).
    4. При пријавувањето, кандидатите наведуваат на кој факултет, односно студиска програма сакаат да студираат,
    дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. Со пријавата
    поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, заверен превод на изводот од
    матичната книга на родените и уверение за здравствената состојба (издадена од З.У. Студентска поликлиника на
    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).
    5. При пријавувањето, кандидатите странски државјани поднесуваат сертификат за успешно положен тест по
    македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик
    како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
    6. Странските државјани – студенти на Универзитетот го задржуваат истиот статус до дипломирањето.
    7. За кандидатите странски државјани кои немаат познавања на македонскиот јазик, Универзитетот „Св. Кирил и
    Методиј“ во Скопје организира подготвителна настава за изучување на македонскиот јазик.
    Подготвителната настава се организира во траење од по три месеци интензивен курс во зимскиот и во летниот
    семестар и се реализира според посебна програма изготвена за таа цел.
    Во текот на подготвителната настава се врши континуирана проверка на знаењето на кандидатите - слушатели.
    По успешно завршување на подготвителната настава и полагање на завршниот тест, кандидатите добиваат
    сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање
    и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет
    „Блаже Конески“, со што стекнуваат право за пријавување за запишување на Универзитетот во наредната учебна,
    2018/2019 година.
    Детални информации за полагањето на тестот по македонски јазик како странски јазик, како и за пријавувањето
    и потребните документи за следење на подготвителната настава за изучување на македонскиот јазик (пријавен
    лист, уплата на надоместоци, жиро-сметка, и др.) ќе бидат содржани во посебно соопштение објавено од ЦЕТИС
    МАК при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Соопштението ќе биде достапнo и на интернет-страницата на
    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје www.ukim.edu.mk.

    (извадок од: http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_I_ciklus_2019-2020.pdf ,страна 11)
     
  3. weird girl

    weird girl Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Хвала пуно!
     
    На jolo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.373
    Пол:
    Женски
    Треба да имам дипломирано само за да можам да почнам со стажот за лиценца или треба да ја имам земено дипломата церемонијално за да можам да почнам со стажот за лиценца?
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јави се во комората ќе ти кажат. Мислам дека треба да имаш само дипломирано.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Честитки до сите примени и многу успех во студирањето.
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Она коќе ти е последна година на психологиштево:rofl:
    FB_IMG_1568815860712.jpg
    (heidy)
     
    На tirkenbal, sweet-cherry и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во Скопје студираш? Сакав да те прашам нешто за дипломска.
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Не,Битола сум.
     
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Колеги, дали прашуваат професорите многу на одбраната на дипломската? Колку време трае одбраната? Какви прашања најчесто поставуваат?
    Прашањето е до колегите што студираат на филозофски на психологија.
     
  11. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некој од постарите колеги/колешки да ми каже искуство на колоквиум кај проф Владимир ХГФ? Колку прашања дава, дали се со целосни одговори или пак на заокружување?
    Би ви била многу благодарна :)
     
  12. _M0n4e

    _M0n4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Кој факултет по психологија има најквалитетна програма?
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не знам на ова прашање како очекуваш да добиеш објективен одговор. Едната причина за ова е што сите студенти кои студираат ќе пишуваат за својот факултет како најквалитетен.
    За приватните знаеш што се Зборува. Колку е точно тоа не знам.
    Јас студирам на филозофски психологија и можам да кажам за него, за другите имам слушано различни приказни, колку се квалитетни или не, не знам.
     
  14. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    anybody? :wasntme:
     
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела многу да ти помогнам зошто мене ми беше друг професор. Но како што ги слушам студентите требало да се посвети повеќе внимание на предметот и не било многу лесно.
    Сепак за одговори прашај некој од колегите кои се втора година, и тие го имаа тој предмет кај истиот професор.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    Владимир веќе втора година како е ставен за редовен професор по предметот така што ние постарите не можеме да ти кажеме нешто многу, јас имав кај Ицко. Меѓутоа стандард тоа што се слуша за Владимир е дека многу бара и строг е. А за какви колоквиуми дава не знам :?:
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yvanna

    Yvanna Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    И ти си прва година и го гледаш Владимир како мн принципијален хахах ? I feel you
     
  18. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Да, само што би рекла дека повеќе ригорозноста се истакнува отколку принципиелноста кај него. До некаде оправдано со оглед на предметот кој го предава. Сепак сме идни психолози а не генетичари :D
     
    На Yvanna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    А нешто повеќе за Арнаудова, Огнен и Ачковска? :)
     
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Арнаудова многу конфузна и несфатлива на предавања и страшно досадна. За перцепција обрати внимание на задачите обавезно, зашто многу го паѓаат предметот заради задачите иако не се премногу тешки. Колоквиумите не и се најлесни како што кажав делот за психофизика внимание најголемо,но секако дека треба да се учат и другите теми.
    Ачковска исто досадна и не ми остави позитивен впечаток. Исто не е премногу тешко. Лесен предмет предава во прв семестар.
    Огнен мора да се слуша на предавања зашто од предавањата кај него може многу да се научи и многу добро ги објаснува работите. Еволуциска не беше многу тешко иако имаше колеги кои го презапишаа и кажуваа дека премногу тешко се положува, ама моето искуство со овој предмет не е такво.
    За редовноста сигурно веќе знаеш, ви кажале професорите. Но сакам да нагласам дека повеќе од професорите не гледаат низ прсти ако имаш повеќе минуси од дозволеното. Во тој случај се презапишува предметот. Имаше повеќе случаи такви.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.