1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за психологија

Дискусија во 'Образование' започната од k.broken, 6 јуни 2010.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Имам прашање во врска со лиценцата. Дали треба една година или може помалку пр. 8 месеци? И колку време во текот на еден ден се иде? И дали ние бираме каде ќе стажираме или од комора кажуваат?
     
  2. WorkOnYou

    WorkOnYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Треба да се стажира 12 месеци. Пред да почнеш со стаж, ќе идеш во Комора на психолози во Олимпико се наоѓа да се запишеш во книгата таму, се уплаќа нешо ситно. Доколку изучуваш психотерапевтски правец и идеш на група, 3 месеци ти се признава од групата. Поздрав
     
  3. WorkOnYou

    WorkOnYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Времето не е битно, како ќе се договориш со тој што ќе ти биде као ментор психолог.
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш за лиценцата не се уплаќа баш нешто ситно. И се плаќа за полагањето на испитот. Повеќе пари се во прашање.
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Дали има некој подетални инфо за стажирањето, имам неколку прашања, па да пишам лп?
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.521
    Допаѓања:
    155.350
    Пол:
    Женски
    Најпаметно е да се јавиш во комората, јас и колешката се јавивме се објаснуваат. Што треба да испечатиш, кога можиш да се потпишиш во книгата.

    Можиш тие 12 месеци во башка институции да ги поделиш, можиш сите во една да се. Ако добро памтам, над 4 месечен договор потпишан во една институција ти следува паричен надоместок инаку не. Не ме држи за збор за ова не памтам деталите. На крајот се полага испит за лиценца и така.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WorkOnYou

    WorkOnYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Јас полагав за лиценца, се уплаќа околу 200 евра и плус нешо ситно, за членарина и таксена марка, не се сеќавам баш точно. 12 месеци стаж е потребно, може во една институција а може и да си ги поделиш, сеа со вирусов не знам како е ситуацијава и колку би можеле да ти дозволат стаж, но се надевам ќе помине ова брзо. Доколку имаш повеќе прашања слободно пиши ми во лп.
     
  8. LangeAlfa

    LangeAlfa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Здраво, да прашам какво мислење имате за професорите кои се најстроги и најтешко пуштаат (прашувам за прва година) сакам сега да се запишам и кои предмети се најтешки освен ХГФ?
    Благодарам однапред;)
     
  9. LangeAlfa

    LangeAlfa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    А да, гледам за професорката Николина кажуваат дека е многу тешка, повеќето предмети се од неа:whew: па ме интересира каква е всушност навистина?:|
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.457
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Која Николина? Кениг? Ако мислиш на неа, не е она тешка, тежок е предметот за оние кои не слушале статистика во средно. Професорката си бара дисциплина и знаење, но е многу фер. Или знаеш или не знаеш, не те паѓа без врска. Јас дипломирав пред неколку години и не е иста програмата. Ако сакаш можам да ти кажам нешто за предметите или професорите ако ми кажеш кои ги има моментално во прва година.
     
  11. LangeAlfa

    LangeAlfa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу:inlove:
    Како што видов, програмата е следна:
    Прв Семестар
    Вовед во психологија- Елена Ачковска Лешковска
    Психологија на перцепција- Виолета Арнаудова
    Еволуциска- Огнен
    ХГФ- Владимир
    Втор Семестар
    Сознајни процеси- Елена А.Л
    Емоции и мотивација- Виолета Арнаудова
    Дескриптивна статистика- Николина К, Билјана П. Бешка
    Специјална едукација- Горан Ајдински

    П.С ти благодарам однапред, и ако може совет кои предмети е најдобро да се изберат за изборен прв и втор семестар?:?:
     
  12. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Супер што сакаш да се запишеш таму, но имај предвид дека примаат ограничен број студенти со просек 5.00 поради големата заинтересираност.
    Се надевам дека успехот од средно ти е висок и би сакала да те примат, но имај си и план Б, бидејќи годиниве уназад премногу заинтересираност има.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LangeAlfa

    LangeAlfa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Би требало да ме примат одлична бев:)
    План А ми е Психологија
    План Б ПИТ англиски германски
    План Ц Логопедија:?:
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.457
    Допаѓања:
    39.648
    Пол:
    Женски
    Вовед во психологија- Елена Ачковска Лешковска- Професорката е ОК, како и за Кениг и за неа можам да кажам, колку ќе научиш, колку ќе се потруди толку и добиваш. Иако нејзиниот предмет е теорија, обемен е и би ти препорачала со време да си учиш и постепено, а не 2 вечери пред испит. Таа грешка ја правев јас

    Психологија на перцепција- Виолета Арнаудова- Исто како и Елена важи. Не знам дали сеуште бараат семинарски и есеи, а доколку бараат, обавезно прави, секој поен е добредојден.

    Еволуциска- Огнен- Конкретно предметот го немам слушано, но имам слушано други кај него. Професорот е променлив, еднаш е строг, еднаш не е, зависи каков момент ќе го фати. Цепидлака е, на предавањата е обично досадно. Чуден е некако, ако е расположен, се е ОК, а ако не, дава некои глупави прашања на испит.

    ХГФ- Владимир- Човеков е ископлексирана катастрофа. Ако можеш да го смениш за генетика/ физиологија кај Ицко на ПМФ, обавезно направи го тоа. Кога јас студирав можеше, сега не знам. Мисли дека е Бог и батина на факултет, паѓа за безвезарии, не е коректен воопшто.

    Втор Семестар
    Сознајни процеси- Елена А.Л- обрни внимание кај овие 2 професорки. Виолета и Елена. Нивните предмети содржат материјал кој ќе се повторува и о други предмети во текот на студирањето и се навистина битни.
    Емоции и мотивација- Виолета Арнаудова
    Тука се сеќавам имаше формули и такви работи. Од моја генерација многу студенти заглавија на предметов. Мене лично не ми беше воопшто тежок, го поминав без проблем на половини. Ако си концентриран на предавања и на учењето дома, немаш проблем.
    Дескриптивна статистика- Николина К, Билјана П. Бешка Веќе кажав за неа, ОК е, ОБАВЕЗНО ОБРНУВАЈ ВНИМАНИЕ НА ПРЕДАВАЊА И ВЕЖБИ!!!!Многу се труди јасно да објасни, а штом сфатиш на предавање, дома немаш никакво гајле. Билјана ги држеше вежбите и убаво објаснува.
    Специјална едукација- Горан Ајдински- не сум слушнала кај него ниту еден предмет

    П.С ти благодарам однапред, и ако може совет кои предмети е најдобро да се изберат за изборен прв и втор семестар?
    Не знам кои се на листа, многу е сменета програмата. Ако сакаш пиши помеѓу кои се мислиш
     
    На LangeAlfa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Перцепција имаше задачи, во делот за психофизика. Емоции нема и е лесен предмет.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LangeAlfa

    LangeAlfa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Не можам да најдам за прв и втор семестар кои се понудени изборни предмети од УКИМ од трет семестар па натаму ги има за прв и втор не(facepalm)
     
  17. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам, вежбите по дескриптивна статистика во втор семестар не ги држи Бешка, туку друга Билјана (и го заборавив презимето :D )
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Блажевска - Стоилковска
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yvanna

    Yvanna Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    За прв и втор семестар имаш околу 80 предмети за бирање пошто се од универзитетска листа, значи и од други институти можеш да бираш а од 3 семестар натаму веќе имаш определено неколку предмети за бирање само од област на психологија
     
  20. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Кога се уписите?