Пријавувањето е на 31.8 и 1.9. Еве го конкурсот види си подетелно: http://www.fzf.ukim.edu.mk/page/posts/view/konkurs-za-zapishuvanje_656
Zdravo, da li neko moze da mi napise iskustva vezana za profesora Mihajla (predmet sociologija) i Besku? Bas bi mi znacilo☺
Кај Бешка најбитно е да ја слушаш сконцентрирано на предавања и да го разбереш материјалот. Нејзините предмети не мо/еш да седнеш и да ги набубаш, туку треба да ги разбереш и логички да ги решаваш. Гледај да фаќаш колоквиуми и да ги положиш, испитите се многу тешки, барем мене ми беа. Реална е, кога ќе научиш тогаш ќе поминеш, не прогледува низ прсти. Михајло е петарда од човек, ужасен професор, цел семестар предава 10 страни материјал од 200-300 страни материјал, заебава на испити, паѓа без причина и глуми дека ги изгубил тестовите за да не одиш на увид да го видиш тестот. Никако не бирај изборни кај него.
За бешка се согласувам со мислењето погоре, си бара редовност, активно слушање и така највеќе се учи. На колоквиуми убаво читање зошто прашањата може да бидат двосмислени, за испити не знам како е не сум била меѓутоа имам слушано дека ако ти е убаво научен материјалот лесно се поминува. Има опција кај нејзе и приказ да се прави за дополнителни поени меѓутоа можеш да добиеш 0 поени за целиот труд и за џабе да изгубиш многу време. Михајло е како ќе го дувне ветрот. Јас едниот предмет три пати го полагав на испит, другиот го положив преку колоквиуми. Нема правила. Бара учење на памет, вади секакви можни прашања. На колоквиум се по 20 есејски, на испит 40. Изборниот просоцијално лесно се проаѓа, нема прв колоквиум туку есеј се пишува, вториот колоквиум не е толку тежок. Редовност не се замараше толку многу, имаше и приказ за правење кај него за дополнителни поени. Амс да ако те фати пример да му препишуваш рачунај дека со години ќе полагаш кај него. Има многу од постарите генерации што уште полагаат кај него.
Огнен е ок професор, солидно предава, испитите му се некогаш прашања од отворен некогаш од затворен тип, некогаш комбинација, како му текне. Предавањата му се мех....ама во глобала е ок и фер.
Ајдински е добар професор, предавањата му се опуштени и интересни, за оценка правиш семинарски на тема од претходно посетуваните институции за лица со попреченост и испит или колоквиум со малку прашања
Најмногу "шанси" за образовен асистент за 50 е. Без врски е нногу тешко, со врски во образование најчесто се вработуваат
здраво знам дека оваа прашање не е за тука ама ми треба помош за аплицирање во студентски дом, дали во електронското пријавување за месечна нето плата се пишува од потврдата од родителот или од декларацијата плисс хелп?
Да ве прашам, дали некој има полагано кај проф. Љупчо Кеверески? Ми предава Психологија па ако некој сака би ми било мило да сподели искуства во врска со колоквиуми и испит. Благодарам однапред.
Имам стручна литература, книги по психологија. Каде можам да ги понудам за продажба? Имате ли (идните) психолози(те) некои ФБ групи, или слично? Фала
"Студенти на психологија од сите генерации при УКИМ, здружете се" Само сокриена е, треба некој да те покани. Претежно се такви сите групи
Дечки дали некој знае, како оди запишувањето на магистерски студии на факултет за психологија во Скопје. Значи пример кои правила постојат во однос на тоа со кој факултет смееш да се запишеш на магистерски по психологија...
Видете овде во правила за втор циклус студии би требало да има http://fzf.ukim.edu.mk/правила-за-студирање/