1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за психологија

Дискусија во 'Образование' започната од k.broken, 6 јуни 2010.

  1. bunnie

    bunnie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво!Би сакала да се запишам психологија,па добро би ми дошле ваши импресии,искуства и совети!Инаку крајна замисла ми е криминален психолог.Благодарам многу.
     
  2. Yvanna

    Yvanna Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Јас студирам психологија втора година сум и воглавно сум задоволна, професорите се океј секако со некои исклучоци ама не се многу хахах. Материјалот не е нешто многу обемен битни се многу дополнителните активности за формирање на оценка како семинарски,презентации, задачи... А за криминален психолог ќе ти треба специјализација надвор од факултетот. Се надевам ти бев од помош до некадр хаха Тоа е сѐ што ми текна во моментот, нека ме дополни уште некој ако сака :)
     
    На bunnie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Јас имам поинакво искуство од напишаното погоре.
    Имавме пообемен материјал, а семинарски и презентации ретко правевме, не ни беа најбитни.
    Но, јас завршив пред неколку години.
    Нема толку тешки предмрти колку што има комплицирани професори. Можам да ги издвојам Бешка- Методологија и Михајло- Социјална психологија. Првата бара многу сфаќање на материјалот, а вториов е искомплексиран кретен, со комплекс на нижа вредност која ја надокнадува преку заебавање студенти.
    Но, таквите скоро секаде ги има.
    Материјалот ако те влече е многу интересен.
    Е сега за криминален психолог, на тпј факултет конкретно не знам дали би можела да продолжиш, не сум сигурна дека има такво нешто. Тоа распрашај се пред да запишеш, да не се разочараш после.
    Најмногу се насочуваат кон развојна психологија или педагогија.
     
    На bunnie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yvanna

    Yvanna Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    А искуство откако ќе завршиме со факс лесно е да се најде работа ?
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Па... за секого е различно.
    Можам да ти кажам за моите колеги. Дел од нив се вработија со врски. Без лиценци. Значи отворено си прават муабет за тоа, не оговарам. Тоа најчесто се работни места како психолози во училишта и градинки.
    Дел отворија нешто свое.
    Да напоменам, за многу работи не е доволна само диплома. Треба да се полага за лиценца за која треба и стажирање.
    Треба доедукација како на пример Гешталт, Когнитивно бихејвиорална, мастер...зависно од тоа што сакаш да работиш.
     
    На Yvanna и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    19.922
    Пол:
    Женски
    Ај вие овде може ќе знаете. Кој држи CBT (когнитивно бихејвиорална терапија) во Мкд? @Emotional123 може ти ќе знаеш :)

    Мислам дека мн тешко се наоѓаат вакви психотерапевти во земјава, а дека се потребни. Мој совет ви е, ако тоа ве интересира и ако има како, да се доедуцирате на тоа поле. Барано е, корисно за мн чести проблеми, како пример health anxiety, а нема професионалци. И на крај луѓето со хипохондрија завршуваат кај некој психотерапевт со којшто ја анализираат врската со нивните родители, а нив тоа не им треба, навистина. Не е тоа правилниот пристап за тој проблем.
    Може сум малку оф топик, ама навистина ме фрустрира што не можам да најдам професионалец од ова поле во земјава.
    Инаку за факултетот мислам дека е перспективен, со оглед на трендов на зголемен број на луѓе со психички проблеми кои се спремни да работат на тоа.
     
    Последна измена: 27 април 2021
    На Yvanna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Скоро истражував баш за ова, ми требаше терапевт, конкретно за хипохондрија. Јас не сакам да се плеткам со сериозни работи за кои не сум квалификувана, па барав препораки, а и слушав предавања некои.
    Единствено ми искочи Когниција центарот, Тина Васков.
    И MindLab Тина Темелковска.
    Кај нас од оние кои завршуваат, 99% бираат Гешталт зошто беше актуелен, но мислам дека полека се менува.
    Кај нас не се знае кој пие кој плаќа што се вели. Не секогаш се гледаат квалификациите, туку дај шта даш. Затоа луѓето завршуваат во погрешни раце, па после чаре бараат во Балдовци и гатари.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    19.922
    Пол:
    Женски
    Да и мене само тие, со тоа што едната е на породилно, другата ќе видиме. А слушнав дека биле фул со термини.
    Иначе се согласувам со тебе 100 %. Погрешен пристап некогаш повеќе штета од добро прави.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    29.304
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ти ги рушам соништата, ама кај нас за оваа професија што ја сакаш, на психологија кај нас нема да научиш ништо блиску до тоа. На УКИМ предметите се главно за општа психологија, многу се форсира статистиката и истражувачкиот дел, има 2 предмети поврзани со клиничка психологија, и голем дел предмети поврзани за училишна и развојна психологија. Мада секаде во светот ќе треба прво да завршиш психологија, па да одиш на мастер специфично за криминалистика. Во МК нема ни на приватните таква програма.

    И дур сум на темава општо да си кажам нешто што јас не знаев на времето кога запишав психологија. Само со завршен факултет ништо не ти значи. После диплома, треба година дена стаж за лиценца. Мастер плус веќе скоро сите земаат. + уште една година значи. За да работиш како психолог/терапевт треба да завршиш и некоја терапија, тие студии траат 4 години и околу 2000 евра се. Значи образованието за психолог трае многу подолго отколку тие 4-5 години што си ги имаме во глава.
     
    На Cinderfakinrella, bunnie и CocoChannel им се допаѓа ова.
  10. Дениција21

    Дениција21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има информација кога отприлика излегува конкурсот за втор циклус студии и дали некој запишал лани, па да може да ми каже дали може да се одберат повеќе предмети за детска и воспитна психологија, развој на креативност, работа со напредни деца и сл.
    Имам завршено книжевност, психологија ми е неостварена желба, а работата ми е со деца за кои сакам да се доедуцирам, па се надевам дека би ми послужила ваква варијанта. :)
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Пред се треба да се распрашаш како иде процедура зошто си од сосема друг факултет.
    Ова го имаш на страницата на ФЗФ
    http://fzf.ukim.edu.mk/студиска-програма-пр-1-2-5-3-7-2-2-2-2-2-2-3/
    Можеш да разгледаш.
    Да напоменам, предметите на Билјана, Кениг и Бешка се доста тешки, особено за они кои не полагале статистика и методологија на додипломски на институт за психологија.

    Јас не знам зошто е само ова, зарем се укинати другите студии??
    Нема веќе Клиничка, Развојна, Менаџмент на човечки ресурси?
     
  12. Yvanna

    Yvanna Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Има развојна и клиничка а менаџмент на човечки ресурси нема, ама има психологија на менаџмент можеби е исто не знам уште јас сум 4 семестар
     
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    29.304
    Пол:
    Женски
    За мастер програмите збори ако не се лажам, не предметите
     
  14. Yvanna

    Yvanna Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Аа извини сега прочитав пак (facepalm) хахах
     
  15. princessbubblegum

    princessbubblegum Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Здраво, јас сум апсолвент сега и сакам да прашам за вашето искуство со стажирање како психолог приправник, бидејќи читав во правилниците на Комора дека треба една година да се биде психолог приправник и да се обави стаж.
    Кои се чекорите за ова и како треба ова да се преземе после дипломирање? Дали Комората бира каде да се стажира или ние самите? И кого да исконтактирам повеќе за ова ако знаете :D
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Дечки, дали некој ја има книгата „Статистика во психологијата“ од Томе Николовски да ми ги сликне одговорите и конечните решенијата на задачите?
     
  17. Feniks5

    Feniks5 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Која литература би ја препорачале за некој што сака да се запише на Факултетот по психологија, како подготовка и увод?
     
  18. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Ако одиш на ФЗФ, ја имаш задолжителната литература по секој предмет на веб страната.
     
  19. bluepancakes

    bluepancakes Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Dali moze nekoj sto ima zavrseno psihologija da mi pise ?
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Повели