Зависи што подразбираш ти под лесно. Ако мислиш дали даваат боза прашања, тогаш не. И двете се посветени професорки, кои се вложуваат во своите предавања, но испитите се малку тешки, но фер оценување. Билјана е малку нервозна, мислам ако и стапнеш на жуљ дека пична жила и искача, но генерално е ок.
А според тебе кој е подобар за изборни предмети? И ако знаеш какви им се тестовите,на заокружување или есејски даваат?
Не се води по професорот, туку по материјалот. Ако не те влече, не ти врши улога дали е Катерина или Билјана, особено што не се терсене ниту една од нив, но можеш да заглавиш ако ти е глупо или досадно. Како што ме држи сеќавање не даваат ни на заокружување, ни класика есејски туку прашања од отворен тип или мешано. Учење треба и кај двете, не може да се помине со читање само.
Здраво женски, дали некоја од вас, ги продава, или може да ми ги позајми за да ги фотокопирам (или ако ги има во е-форма, може да ми ги испрати), сите учебници/материјали од факултетот, од сите 4 години (секако нели за изборните предмети - материјалите од предметот што го имате избрано). Може да ми пишете порака, ако има некој кој веќе завршил со факултетот, па може да ми направи услуга. Поздрав
Не би ти препорачала така да правиш ако ти се потребни за учење и полагање. Голем дел од професорите секоја година менуваат по нешто во материјалот, додаваат или менуваат одредени делови. Често не можевме да приметиме каде е нешто сменето. Зимај ги барем година за година. А ако то се потребни за нешто друго, тогаш ок.
За нешто друго ми се потребни, фала ти за коментарот, те разбирам и во право си, ама за друга намена се
Zdravo. Bi sakala da prasham dali postoi fakultet za psihologija vo Makedonija, vo drug grad osven vo Skopje?
дали некој од тука студира психологија на Меѓународен Славјански Универзитет? Со колку просек примаат? Дали е добар факултетот? Дали е повеќе или помалку признаен од УКИМ?
Не студирам на Славјански, ама како што знам, примаат без разлика на успехот. Приватен факултет е. Дали е добар не знам. Знам дека не е тешко за положување. Со оглед на тоа што УКИМ е државен, сметам дека е повеќе признаен УКИМ.
Здраво на сите нова сум на странава за прв пат. Ме интересира некој нешто да ми каже за факултетот Психологија во Скопје 4та година сум сакам да се запишам таму што треба како треба секоја информација е добредојдена.
До сега се немам нигде сретнато со предмет Психологија или нешто слично во основно и средно, но сакам да се запишам на Психологија скопје… Би сакала да знам за факултетот нешто, предметите што се изучуваат, запишување на факултетот и доколку успеам да влезам на тој факултет би сакала да бидам со некое мало предзнаење кажете ми некои книги да читам или нешто слично што има. Фала ви!
Пред да се одлучиш, ќе мораш добро да разгледаш и размислиш. Особено штом се немаш сретнато со тој предмет до сега. За запишување бараат висок просек. Најбитни фактори се статистика, методологија (како се спроведува истражување) и се од областа на психологијата, развој од фетус до возрасен, стрес, емоции, мотивација, физиологија, генетика, педагогија, клиничка психологија итд. Психологијата е комплексна и неегзактна наука, има многу фактори кои се изучуваат, а и завоси каде ти сакаш да се насочиш понатаму. Убаво би било да прочиташ теории на Фројд и Јунг, како и она што погоре ти пишав стрес, справување, емоцио, мотивација... Повеќето од Фројд и Јунг се побиени, но се постулат на психологијата. Е сега. За работа понатаму, само диплома не секогаш е доволна. Потребни се лиценци, едукации и тн. На прир стажирање и полагање за лиценца од комора или едукација за Гешталт или Семејно советување. Лиценца ти треба за работа во клиники и образование или за сопствена работа.
Мислам дека ова ми е крајна одлука се заинтересирав за ова уште пред 1 година се надевам дека ќе ме примат. Ова што ми го кажа за читање сега ќе ѕирнам што е како е.