Дали има некој што студира или студирал психологија на Державин? Дали е добар факултет и дали е признаен, се наоѓа работа со него? Вработуваат на места како клиника со магистриран приватен факултет? (секако плус сертификат, и лиценца)
Фала ти ❤️ Тогаш, дали некој студира специјална едукација и рехабилитација вонредно и какво е искуството?
Ми треба совет во однос на дипломската. Јас сум веќе неколку години скроз излезена од психологија, работам IT ама ми е останата само дипломскава и сакам да си ја завршам. Каде баравте инспо за теми и како? Јас барам артикли на APA што се публиширани и на база на нив најдов некои теми ама менторката не ми ги бендиса и пак сум еве на почеток и сум збунета скроз
Ве молам да напишете некое општо мислење за факултетов, ќе бидам бруцош и сакам да се запишам на Психологија. Некој совет за предметите, учењето, семинарските, имиња на професори кои се "критични", каква е ситуацијата откако ќе завршиш факултет. Фала однапред!
Захтевен е, најтежок смер на филозофски а и генерално еден од потешките факултети, има многу теорија и обемен материјал, редовни предавања, покрај теоретскиот дел имаш исто и дескриптивна и инференцијална статистика тука знаат да запнат многу студенти, хумана генетика знае да биде зезнат предмет професорот е малку незгоден, мене ептен што ми беше интересен предметот па го поминав, има доста интересни предмети ако навистина те интересира психологија, не би ти го препорачала ако ти е само да упишеш некој факултет.
Дечки, имам 93,5 поени од матура и успех, кои ми се шансите да се упишам на психологија во уким? И со колку поени бил послениот примен претходната година? Благодарам
Не знам за последниот приемен но ја кога се запишував сите беа со висок просек и многу од тие со просек како твојот завршија во приватна квота.
Ќе може ли да ми кажеш како ги пресметуваше поените, сакам и јас да се запишам на психологија, али знам дека барале доста високи поени.
Би сакала да прашам како одат уписите на Психологија? Колку примаат? Колку поени се потребни? Државна/приватна квота? Фала однапред
Оваа година примаат 80 нови студенти на факултетот за психологија, мислам дека лани беа помалку. Уписите се електронски, треба да се најавиш на upisi.ukim и да ги пополниш бараните информации таму, а за колку поени се потребни стварно не знам тоа и мене ме интересира.