Не знам дали имаат соработка УКИМ со ФОН пошто уким е државен универзитет, фон е приватен. Во тој случај не сум сигурна баш дали можеш.. Види дали има некој друг приватен универзитет кај шо има втор циклус психплогија
Пошто имаш завршено на приватен Стварно не сум упатена толку, тоа е само моја логика Отвори втор циклус на веб страната на филозофски и види услови...
Да не има некој психолог активен во темава да сака да ми помогне за 2 - 3 прашања? Благодарам однапред.
Нема врска едно со друго. Важно е да е акредитирана институцијата во државата. Односно, може од прв циклус приватен на втор циклус државен, и обратно, од прв циклус државен на втор циклус приватен итн. Важно е дали е СРОДНА наука, а за тоа секој факултет си има објавено кои смерови/факултети од прв циклус ги смета за сродни. Исто така, ектс, односно дали сте дипломирале на 3 или 4 годишни студии - некои студии од 2 циклус се исклучиво едногодишни, некои двегодишни.
Здраво, една од опциите за факултет ми е Психологија, па доколу некој студира или веќе има завршено психологија би сакалa да сподели искуство и мислење околу факултетот и перспективата за наоѓање работа во иднина.
Зависи за што ќе се определиш. HR сектор има работа за психолози и евентуално птиватно да отвориш со дошколување. Други опции се училишен психолог работа во болници но таму се потребни врски и партиски врски. Во приватни болници тука там има работа. За во болница и приватно да отвориш треба лиценца од Комора. За училиште треба полагање приправнички испит. Во HR според мене се најдобри условите за психолози.
Ако мислиш за работа во мк, перспектива 0 и ништо нема да научиш од факултетот зошто ништо не се учи.
Денес подадов документи за да се запишам на психологија . Би имала 85 ,86 поени Според вас дали ќе ме примат.. И ако не ме примат за државниот зборувам идеја за втора опција што би ми препорачале. Поздрав. Имајте убав ден
Не знам какви се поените во последните години, јас кога се запишував во 2016/17 со 92 поена влегов у приватна квота. Најниските поени на примените кандидати беа 88/89.
Ако толку сакаш психологија на УКИМ, запиши се на друг смер и потоа одма префрли се. Знам дека порано така можеше.