Веројатно ќе почнеш на друг смер и во тек на семестар, или после првиот семестар ќе се префрлиш. Секако има и слични или исти предмети во прва година, а нешто имаше вести дека многу малку студенти се, па од интерес е на универзитетот да ве примат. Обиди се да најдеш некои постари студенти, они ги знаат сите финти, и кој смер е полесен, и како кој/а професор/ка како се полага...
На психологија квотата е 100 студенти (барем лани толку беше) и влагаат само со ептен високи поени. За алтернативата со префрлање што ти ја спомнале, ја знам една студентка што и успеа така, ама на други двајца ги одбиа. Можеби таа фатила врски, или имала добри оценки, не знам стварно. Како втора опција ти го препорачувам Американ колеџ, имаат таму смер психологија. Околу 1200 евра е година, плус некои ситни трошоци.
Малку вон темава ама на сајтот на Американ колеџ пишува дека година е 2400 или 2800 евра, зависно од факултетот..да не си грешка? Еве го тарифникот..
Да, изгледа сум грешка. Лани прашував за една пријателка, и ми кажаа прва рата 31,000 денари, па си помислив да не е тоа семестар, па затоа помножив со два, плус некои трошоци за индекс, заверка на семестар.
Нема вонредно студирање на психологија на УКИМ. Така било и порано, а проверив дека така е и за овој конкурс. Примаат 20 во државна квота и 40 во приватна квота. Професорите сметаат дека присуството на часовите и на вежбите е неопходно за оваа професија. Не толерираат неодење на вежби (некои и на предавања). Некои од нив сметаа дека треба да траат подолго од 4 години, со многу повеќе пракса, зошто утре тие психолози треба да лечат луѓе исто како студентите по медицина.
Не сум примена .... А на приватен да одам немам сретства .. Исто друго ништо друго не ме влече .. А за да сменам смер таа опција нема кој да ми ја објасни и не знам дали ми се исплати .. Многу сум збунета не знам што да правам..
@Nini smiles има конечна ранг листа? Иначе разгледај ги другите смерови и спореди ја предметната програма, само што мислам дека така би изгубила една година. Не знам кој смер има исти предмети. Немој да очајуваш види разгледај што би било најдобар избор. Имаш многу факултети и опции, некогаш желбите не ни се исполнуваат. Имај во предвид и дефектологија секако ако си спремна да го работиш тоа. Ако те влечат тие гранки нормално.
Ако можеш да стигнеш до студентски прашања, постари студенти или најдобро професор што предава на тој факултет најдобро би ти објасниле. Ако е влијателен професор или со некоја фунција на факултетот се може да се случи, може и исклучок ќе се направи оти секако се помалку студенти имаат. Ако ти е блиску факултетот оди, пробај да разговарашсо некој, кажи си што то лежи на срце, не срами се, ништо не губиш, може само да добиеш.
Здраво, годинава треба да изработам димпломски труд и имам прашања околу тоа, дали може некој што дипломирал да ми пише? Благодарам однапред
Колешке ако си добила одговори feel free да споделиш со иста ситуација се соочувам, па имам милион прашања. Од типот кој начин на изработка ни е дозволен, освен оној класичниот анкета собирај испитаници. Дали ни е дозволена студија на случај, мета анализа?
Студија на случај не, мета анализа можеби. Консултирајте ги професорите најдобро, особено тие кои предаваат теми во кои спаѓаат темите кои би сакале да ги работите.