Јас се запишав на фзф.смер психологија во Скопје, сакав да ги прашам тие што завршиле или пак сеуште учат малку повеќе да ме информираат за него, кои изборни предмети се најдобри да се изберат, што е полесно, а што потешко, кои професоти се построги и повеќе бараат?
Decki mozete li da mi dadete poveke informacii za psiholosko-pedagoska metodska dokvalifikacija. 1. pedagogija, prof. Vera Stojanovska.. 2. metodika prof. Snezana Adamceska i prof. Jasmina Delceva Dizdarevik. 3. psihologija prof. Violeta Arnaudova, prof. Elena Ackoska Leseva i doc. Ognen Spasovski. Prasanjata vazat za trite predmeti. Kako se polaga kaj profesorite (usno, pismeno), obemen li e materijalot, za kolku vreme otprilika se uci., moze li da se dogovori termin za polaganje ili mora da se ceka sesija...Ve molam dokolku nekoj znae da mi objasni
Девојки Генетика треба да бирам кај кој професор...Гордана или Владимир може некој да ми каже кој е оподобар од нив кај кого е подобро да изберам?
Има некој студент од втора година на форумов? Ако има одма да ми се обрати преку ЛП! Ако нема, ако го чита ова одма да се зачлени и да ми се обрати пак! Како и да е, и од трета ако има нека ми се обрати пак. Нека ве има луѓе, ве очекувам во ЛП.
Јас сум малце збунета со уписиве за факултети така да имам едно прашање, што треба да се полага на матура за да се запишеш на психологија? Имам голема желба за ова и фала богу конечно имам подршка од родителите за нешто, така да 90% сум сигурна дека ова е нештото кое што сакам да го студирам
Секако македонски и англиски (или математика),а јас полагав инаку стручни предмети кои немаат никаква врска со психологија и ме примија, но секако заради холемиот број бодови. На страната мислам дека имаш што се бара, но како и да е потребно е да имаш многу бодови, а за предметите и не е толку битно.
За сите заинтересирани ќе дадам едно поопширно објаснување за факултетот по психологија. Предмети кои треба да ги изберете за полагање државна матура не се ограничени но сепак би требало да се блиски со психологијата. Нормално македонски или математика/англиски. Па може да изберете психологија (доколку учите тоа),социологија,филозофија,биологија,педагогија.. На почеток да нагласам дека скоро кај сите професори се бара редовност Во прва година прв семестар се изучуваат пет предмети: Вовед во психологија кај професорката Елена Ачковска Лешковска. Како што и името на предметот кажува тука се изучува историјата на психологијата, нејзините гранки и методи, основите на сите психички процеси и појави и сл. Професораката е океј..убаво предава а за колоквиумите дава прашања од материјалот без никакви изненадувања. Вежбите по предметов ги одржува демонстраторката Марија. За неа само пофални зборови. Психологија на перцепција предава професорката Виолета Арнаудова. И таа е океј професорка. Убаво предава, е сега кај неа колоквиумите се малце зезнати. Дава покомплицирани прашања но затоа треба да се следат будно предавањата Од изборните..се избира меѓу Физиологија и Генетика. Моја препорака е да се избере Физиологија. Е сега може тоа да биде кај професорот Ицко или кај професорот Владимир. Ицко го дели материјалот на три колоквиуми. Филозофија предава професорот Љубомир Цуцуловски. Додека пак вежбите ги одржува асистентката Марија која знае да ги направи вежбите многу интересни. Педагогија предавањата ги држи асистентката Елизабета. Материјалот не е воопшто интересен..ама часовите се интересни. Ќе правите вежби од различен вид. Полагањето е есејски и повеќе се гледа на квантитет според мене..Социологија кај Ацески не препорачувам да се избере и доста ви е засега
Јас за мојот факултет одамна одлучив но ме интересира нешто за овој. Дали некоја ќе може да ми каже повеќе за клиничка психологија, дали треба дополнително да се специјализира итн. околу тоа?
Може магистерски студии за запишеш по клиничка психологија..но пред тоа мислам дека мора да студираш психологија
на рускиот т.е.на меѓународен славјански институт г.р державин има посдипломски студии за клиничка и советодавна психологија
Јас планирам да се запишам на психологија. Тоа ми е животна желба и се надевам дека ќе успеам. Е сега, проблемот е во тоа што мене уште сега ме фаќа страв! И огромна паника. Учам во поприлично слабо училиште. Нормално секаде има за учење но, мене ми е страв дека премногу пропуштам. Што е до мене би учела и повеќе ако треба само да бидам подготвена за на фалкутет. Навистина ли е тоооолку тешко девојки? Од прилика по колку страни имате за учење? (Знам дека зависи до градивото ама од прилика)...1000, 2000? Ве молам пишете, ужасно е важно. А патем пишете и дали се премногу комплексни содржините? Поздрав.
Одсек на филозофски факултет,најдобар на свет (кој си студира ќе си каже ) иначе не се лажете дека ако завршите одма сте психолози,има 2 години магистар,па пракса,па потоа ординација (друга работа имате да тешите болни пред умирање (9000 месечно),во училиште (15000 месечно) и да го сакам највеќе но од него нема тука фајде,куферите и во странство. Ви кажувам од искуство во странство ќе имате работа и со само 4 испита ќе бидете квалификувани за издавање книги. И разликувајте психологија од психијатрија
Животна желба со многу за учење се коси. Зошто? Зошто ако ти е животна желба, учењето на истото ти е уште поголем мотив да успееш. А, прашуваш како за медицина. Ќе се навикниш и на учење има време.
Нема баш 1000 или пак 2000 страни, но сепак има доста за учење. Штомм ти е животна желба да студираш психологија, тогаш колку и да има за учење нема да те мачи. Немој да го гледаш студирањето по тој принцип колку полесно толку подобро. Ако се запишеш на некој факултет што не те интересита и да е најлесен материјалот и да е во најмал обем тебе ќе ти биде тежок.
Сакам да се запишам на фзф на психологија тоа од секогаш го посакував лани завршив средно и полагав државна матура ФИЛОЗОФИЈА СОЦИОЛОГИЈА МАКЕДОНСКИ АНГЛИСКИ И ПРОЕКТОТ МИ БЕШЕ МЕНАЏМЕНТ, ФИЛОЗОФИЈА ПОЛОЖИВ СО 4, СОЦИОЛОГИЈА СО 2, ПРОЕКТОТ СО 4 МАКЕДОНСКИ СО 3 И АНГЛИСКИ СО 2, сакам да прашам дали имам шанси да влезам во државна квота и сакам да прашам дали може да се запише вонредно? и колку се плака годиншно за вонредно. ви благодарам многу