Знае ли некој да ми каже оваа година на кој универзитет може да се запишам за да го изучувам овој смер?
На Универзитет Св Кирил и Методиј - Филозофски Факултет - Институт за Социјална работа и социјална политика ќе ти ставам и линк за да може подетално да се запознаеш се во врска со факултетот http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk/2009-09-01-15-15-2311/2009-11-21-18-17-44
Студиите траат 4 години, јас кога завршив од трета година имавме можност да бираме дали ке продолжиме насока соц. работа или соц. политика (мислам дека сега веќе ја нема оваа можност), сепак на крај сите добиваат исто звање -дипломиран соц. работник. Има и магистерски, едногодишни, посебно за соц. работа и посебно за соц.политика.
Јас овие соц. работници посебно овде кај нас не можам оггаски да ги сварам. Знаат гостиварчанките кои квачки седат во тие фотељи и како само со врси и за пари носат одлуки.
Факт е дека оваа професија во Р.М. нигде не функционира. Работата е само државна (што значи ви требаат врски за вработување), а парите што од буџетот одат за социјала се мизерни, па со самото тоа и условите за работа им се никакви. Како опција остануваат и невладините организации кои најчесто не се долгоодржувачки и со редовни примања.