Ме интересира каде може да се заврши факултет за туристички агент, ама од оние агенти кои патуваат насекаде. Во Штип како што знам факултетот што е за туризам е насока гастрономија(или нешто слично) но јас не сум заинтересирана за тоа. Ај ако сакате малку подетални информации околу ова. Која е насоката, на кој универзитет го има во Скопје и слично . Спојлер а, па и нема да биде лошо ако знаете колкава им е платата на туристичките агенти, па да ми кажете Ако ја има темава, избришете, ако не е на соодветно место, преместете . Јас се извинувам.
Ние во Охрид си имаме Факултет за туризам , а за гастрономија ( хрна и готвење и сл. ) е исто во тој факултет, а дали ке патуваш насекаде тоа треба сама да си видиш не сум сигурна поздрав се најдобро
Зашто неостварена животна желба ми е да патувам низ цел свет, а сметам дека единствено како водич би успеала во тоа. Па, ја има на некој факултет оваа насока во Македонија ?
Незнам баш точно која насока, ама за патување можеш ако се вработиш во агенцииве како водич и преку факултетот можеш кога преку летото ке идете на пракса по хотелите е сеа каде точно незнам баш информации. А тоа со Hotel General Menager ти кажав онака да целиш кон тоа пошто си е фина работа и многу повеќе од тоа
За туристички водич се полага посебен испит во некоја од следниве институции: "Факултетот за туризам" во Скопје или "Здружението на туристички водичи на РМ" или "Секторот за туризам и угостителство", не сум баш најдобро запознаена со овој дел од туризмот. Како и да е факултет за туризам мислам дека не ти треба за ова, треба само да имаш георгафско и историско познавање и одлично да владееш некој странски јазик (пожелно повеќе) ако сакаш да шеташ надвор од земјава. Знам дека испитот е од теоретски и практичен дел за регионот за кој си се пријавила со стручна комисија. Откако ќе положиш се здобиваш со титулата водич. Освен тоа, за ова треба да имаш харизма, да знаеш да се снајдеш со поголема група луѓе, да имаш трпение, да имаш одговор за сите прашања и да знаеш да ги анимираш туристите. Не секој водич е добар водич. А да, здружението за ангажиње на водич зема 50 евра плус персонален данок за 3 часа во Македонија, а колку од тие остануваат за водичот не знам. Повеќе од 3 часа е 100 евра. Имаш и опција да полагаш за пратител на патувања, тоа ти е онаа персона која ги води групите до некое одредено место и пропратно дава објаснувања за местата, трча по пасошите, се расправа со патниците... Тој испит знам дека е полесен и поефтин. Едит: А за Hotel па уште и General Menager ќе треба многу фурни леб да се изедат и долги години аргатење. Не така лесно се доаѓа до оваа позиција, всушност до било која менаџерска позиција не се доаѓа лесно (освен партиски или со врски).
А, онаа консултативна настава која е дел од испитот (претпоставувам има ваква како дел од секој друг испит, не само оној за туристички водич) колку време трае таа консултативна настава, како се одвива, се оди на предавања или како? Има само неколку предавања или трае една цела учебна година? Упатете ме малце..
Малку касно гледам но сепак да пишам. Нема факултет за туристички водич, има курсеви кои се полагаат дополнително...
За да бидеш водич, треба да се запослиш во туристичка агенција а за тоа треба факултет ТУРИЗАМ и го има во Гевгелија и во Штип. Сестра ми е запишана на тој факултет и не е многу тежок, 3 години е а плус има и организирани летни пракси во други држави. На пример имаше за во Германија кој сака тој може да оди, а имаше и за Катар(Дубаи), но таму треба да се пријавиш и да одиш на интервју, па ако имаш среќа ќе те изберат. Инаку за да бидеш туристички водич, треба да знаеш да се покажеш и да се пробиеш. Се надевам дека ти помогнав.
Ве молам ако има некој студент од ФТУ охрид да ми пише ЛП.(по можност некој што имаат завршено 2/3 год)
Дали некој од вас што студира на било овој факултет, знае и може да ми каже како изгледа таа Пријава за упис и кои податоци се внесуваат? Уште подобро ако ја има на слика Работата е што документите за упис ќе ги испраќам по пошта, а потребна е и ваква Пријава која се зема на лице место. Во Скопје никаде ја нема, во ниту една книжарница, дури ни на Факултетот за безбедност кој е под овој Универзитет
Дали може да ми кажете повеќе информации за факултетот за туризам во Охрид? Каде точно се наоѓа, кои се струките што ги нуди, колку години е студирањето, по кој принцип оди оценувањето, дали е претешко и бара многу посветување, дали е грешка ако се запишеш на ток факултет? Извинете за долгиве прашања, но би ми било од голема помош ако дознаам повеќе податоци за факултетов. Може и лп да ми пишете..Фала ви
Девојки, дали може да ми пишете во порака? Јас не можам ми пишува Грешка, а потребни ми се информации околу факултетов
Исто и мене ми требаат информации за насоката туризам,ако знае некој нешто во врска со факултетот нека ми пиши во порака! Дали туризам на ПМФ на УКИМ се учи во Скопје?
За тоа каде се наоѓа лесно можеш да најдеш на google и струките што ги нуди ги има на страната. Воопшто не е тешко ако учиш. Јас дипломорав пред една ипол година на насоката Менаџмент во услужен сектор како прва генерација на тој смер. Најчесто полагањето е писмено лекции да раскажуваш но некои предмети се со прашања исто писмено... доколку ептен заглавиш на испит усно ќе полагаш ... семинарски ти се поени плус. Воопшто нема да згрешиш доколку се запишиш. Асистентите им се вредни и услужливи.