1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет или работа во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lovely93, 16 октомври 2013.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам во една дилема. Дечко ми има понуда за работа во странство и можам и јас да одам со него и да работам и јас таму. Навистина му требаат пари, сака да го доправи горниот кат од неговата куќа за здравје да можеме да се земеме и да оформиме свој дом. Тој нема факултет и не планира да упишува, меѓутоа јас размислував за тоа да се запишам за да си го олеснам и мојот и нашиот иден заеднички живот и тој ми рече доколку одлучам да студирам, тој ќе остане да работи тука, бидејќи нема шанси да оди без мене. Од една страна, ако отидеме во странство кога ќе се вратам ќе треба пак да се мачам да работам и празник и делник без факултет, а од друга страна ако завршам факултет сите знаеме дека нема гаранција за подобра работа, само губиш пари ем што даваш за да студираш, ем што за тоа време додека студираш не земаш плата. Нема струка посебно што ме влече и не би сакала да сум од оние што се упишуваат колку да завршат, а немаат поима ни што значи тоа што го студираат. Што мислите дека е попаметно и што би одлучиле вие? Дечко ми комплетно и несебично одлуката ја препушти на мене... :?:
     
  2. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Мислам тука никој не би можел да ти помогни, то е твоја одлука. Незнам види што те интересра пример ако би студирала, мислам сепак млада си. И да факултето не дека ти нуди кузне каква работа ама сепак еден ден ќе се вработиш ќе си речиш како не си завршив факултет сеа на та позиција ќе бев наместо на ова сега што сум, ако вредиш ако се трудиш било каде да работиш то ќе го приметат. Сепак ќе речам одлуката е твоја. ;)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Кој факулет планираш да го студираш?
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Немам посебна желба а ни одлука, затоа и се мислам затоа што не сакам ради реда да студирам. Да имав струка што ме влече лесно ќе беше. Баш поради тоа што немам мислам на странство како опција. Едно време ме влечеше туризмот, ама тука немаме некој туризам... можам само во некоја туристичка агенција да работам, а тоа може со било кој факултет, секако.
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Ако нема област што те привлекува,и во иднина да се гледаш на определено работно место,збирај парталите и бегај од земјава.За студирање никогаш не е касно. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Па и разгледај ги можностите за студирање во земјата кај што ќе одиш, сега има и премногу стипендии за повеќето земји. Побарај на интернет, пишувај мајлови, можи ќе најдиш нешто, ќе можиш да студираш и работиш во исто време, ако не полно барем скратено работно време, во странство таков е животот.
    Распрашај се и спреми се пред да одиш, научи јазик, преведи документи, незнајш каква прилика ќе ти се отвори, а факултет е секогаш корисен во животот, кога-тогаш ке ти се најди, и таму поќе ќе те ценат со диплома. Со среќа!
     
  7. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Прво факултет да завршам па за понатаму има време. :)
     
  8. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Се разбира...Работа во СТРАНСТВО...зато шо овде и да имаш завршено факулет џабе е се. |(
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ја факултет идам директно у Љубљана :lol:
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Би одбрала работа во странство. Ако завршам факултет нема да се вработам, бидејќи немам врски.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Не е исто да завршиш факултет во МК,и во Словачка,Германија..
    За жал самата држава не демотивира постојано нас студентите.
    Ајде нема да зборувам во множина,но јас скоро ќе завршам со студиите и ниту една привилегија не сум почуствувала со статусот "студент".
    Во последно време сe мислам дали да заминам на неколку години надвор(за работа).Но,тоа бара многу напор,средства и органазиција.А пред се,пари.
    Сепак,работа во странство
    Ако има некој кој работел би сакала да сподели искуство,зошто каде и да прашам ми викаат дека мора да сум студент за да аплицирам.
    Јас не сум заинтересирана за таква сезонска работа,туку на подолго време,2-3 години.
    Така да ако знае некој како да почнам и од каде да барам,нека ме просветли 8)
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Знам дека сакаш да си со дечко ти, јас се наоѓам во многу слична ситуација како тебе.

    Дечко ми има голема шанса во странство да остане да работи (значи голема плата, буквално за еден ден заработува колку тука за еден месец) иако студира тука изгледа сака да го остави факултетот.
    Само одлука моја да одам во странство и ќе одиме, ама јас се решив да го завршам факултетот.

    Без разлика дали ќе најдам работа во Мк или не, можеби ќе ми биде полесно и во странство (ако одлучиме да одиме) да се вработам. Тоа никогаш не се знае, ама си ја сакам дипломата во раце.
    А после факултетот ако ептен сака он ќе одам иако несакам да живеам во странство.

    Ако имаш услови, пари да запишеш и завршиш факултет би ти препорачала да го завршиш.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас избирам факултет, подобро да сум си своја на своето отколку во туѓа држава да служам на некој.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И во твојата држава ќе служиш на некого.
    Само работата е колку и каде твојот труд ќе биде ценет повеќе.
    Што мислиш вреди ли да работиш за 200 евра плата,а само еден семестар просечно чини толку?
    Дали треба тие пари што ги вложуваме сега за студирање,еден ден да ги вратиме и да ни се исплати?
    Јас мислам да.
    Но,не со 200 евра.
    Ќе речеш дека секаде не е 200 евра платата.
    Да,не е.
    Но за повеќе,покрај диплома,ти треба и по некоја врска...
    Односно,врски па после факултет.
    Не викам дека е сјајно во другите држави,али сигурна сум дека еден доктор на науки во странство зема 3000 евра плата на запад(грубо кажано),а кај нас......

    Сепак ова е мое мислење :)
     
    На Lovely93 и Daydream им се допаѓа ова.
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Имам другарка што отиде во Словенија. Ќе кажете да друга држава е подобро е од овде ( зошто на македончето во гени му е да плука по своето). АМА НЕЕ ТАКА. И таму е скапо, и овде е скапо. Таму ДА, ИМА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, АМА И ЦЕНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ. Пронајди ја разликата :). А во тоа се согласувам дека овде се бива ама само со врски ако имаш и ако имаш по некоја паричка да подплатиш, трудот не се цени толку, ама сепак ќе си излезе на површина, сепак знаење си е знаење.. Кризата е насекаде, не само во Македонија, нема некоја држава каде сите живеат убаво, сите се богати, секаде има сиромашни. Така да и баш поради тоа несакам да плукам по мојата држава. А сепак ние студираме се надеваме деќа ќе најдеме подобра работа. Имам комшија заврши факултет си најде добра работа си зима парички добри и си ужива. Треба и к'сметот да ти работи :D.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Да точно дека во странство е многу поголем стандардот од тука.
    Претежно за јадење и пиење големи им се цените.
    Убаво е да се работи во странство неколку години и да си се вратиш во Мк.
    Тука сепак не е нешто многу скапо (за странски стандард)
    Еве само еден пример ќе издвојам дечко ми купил сок и благо (нешто како ресана слично мислам дека) и му земале 6 и нешто евра само за тоа, а кај нас е тоа 1 ипол евро.
    Не растат пари на дрво нигде, секаде има недостатоци.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Многу е паметно што сакаш да имаш диплома, и јас се поуверена сум дека со средно те гледаат како со основно. Ама мое мислење е, кој не го мрзи да работи и има во нешто што го бива, и се разбира доколку не му е тешко да биде далеку од татковината и блиските одредено време, да си отиде фино лепо да си заработи неколку илјадарчиња, нека си се врати, па овде што тера нека тера после. :)
    Инаку, точно е дека секаде има и богати и сиромашни, но дека те третираат поинаку е факт и никој не може да ме разубеди во тоа. Во странство нема теоретски шанси да завршиш факултет, а на крај да ринташ и недела и празници, и тоа за минималната плата која ја нудат стандардите во државата. За секаде немам конкретни информации, ама во Австралија на невработените им обезбедуваат месечен придонес со кој можеш комотно да живееш, а на самохраните мајки дури и живеалиште. Кој е крив што во нашата држава не можеш со мирна совест да живееш комотно? Самата држава. Бидејќи парите одат каде што најмалку се потребни, а најрасипаните само живеат во луксуз.
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    ^^ А да разгледаш опции за студирање таму? Не знам точно каде би оделе, меѓутоа разгледај убаво на интернет, можеби ќе најдеш нешто што ќе те заинтересира, сигурна сум дека понудата за студирање таму е многу попримамлива во однос на избор на факултети. Можеби не сите, но одредени универзитети сигурно имаат многу ниски школарини кои би можела да си ги дозволиш. А во меѓувреме додека студираш, можеш да си работиш на пола работно време како студент. Да не зборувам за квалитетот на образованието кое би го добила.

    Разгледај ги опциите и што би правела ако останеш овде, мислам што би работеле и ти и дечко ти. Видете ги буквално сите можни опции, буквално секоја комбинација која ќе ви падне на памет. Никаде не е сјајно и не цветаат ружи, ама па овде кај нас е ужасно за младите :?: Разгледајте си ги и двајцата опциите, ставете на кантар за и против за одење и останување, па се надевам заеднички ќе ја донесете вистинската одлука. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со целиот твој пост, само би те дополнила кај болдираното. Во другите земји, и да немаш факултет и да работиш најобична и најниско платена работа, нема да работиш празници и викенди. Таму правилата се за сите исти, небитно дали си доктор на науки или чистачка. Тоа е таа разлика што некои не можат да ја сфатат. :)

    Инаку, јас лично би те советувала да си ги собереш куферите и да си одиш од овде ако имаш шанса. Лесно е да се збори дека факултетот е потребен, да потребен е ама ако си 100% сигурна дека после дипломирање те чека работа, ако не си тогаш што ќе ти вреди тоа парче хартија во рака? Факултетот можеш и на 35 да го завршиш, можеш и деца кога ќе имаш да го завршиш, а на 35 богами тешко дека ќе се решиш да одиш во друга земја и да почнеш од ново како што имаш желба и волја сега. Така што јас мислам дека не треба да ја пропуштите шансата со дечко ти. И друга работа, доколку можеш да студираш и работиш таму тогаш тоа ти е најдобра опција. Само ти си знаеш колку ти е тоа изводливо.

    Не се младите криви што егзистенцијата ја ставаат пред образованието. Ситуацијата во државата е таква што прво се гледа да се заработи и да се реши станбено па и животно прашање па после да се заврши факултет колку за лична сатисфакција.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам и на двете за советите и поддршката бидејќи за големи одлуки во животот тешко собирам храброст, таква сум си. Дечко ми многу ме има карано што сум против факултетот бидејќи смета дека си никој и ништо без него (а пазете тој нема факс, ама мене ми мисли најдобро нели), ама јас секогаш сум му се спротивставувала тврдејќи му дека во државава секако си никој и ништо. Брат ми колку е успешен и паметен за нашиве простори, тој којзнае каде би стигнал да е некаде надвор, но овде и тој е со истата просечна плата, со единствена предност што не работи за викенди. А има и постдипломски завршено, се од почеток до крај со десетки. Јас колку помалку сум по учењето од него, никогаш не сум се замарала многу, си викам тогаш што би било со мене? За џабе потрошени 4 години од животот и вложено пари. Ако некоја струка те интересира, ако си мерак да учиш (пример брат ми вика и втор факс би упишал), тогаш ок, ама зошто јас да учам нешто ради реда наместо да работам, ако не ме влече и интересира, а воедно не ми гарантира ни иднина? Тоа е за мене губење време. Проблемот е што дечко ми почна нешто да ми се премислува за странство, морам да почнам сега јас да работам на него на таа тема, а до скоро беше обратно. До скоро бев јас против странство, ама сега почнав да гледам појасно некои работи. Колку и да не сме склони на промени, мора да стиснеме заби за подобра иднина. Ако ништо друго, барем еден со друг ќе се имаме таму, ќе изгураме некако.