1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет или работа во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lovely93, 16 октомври 2013.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Прво, смени си го ставот, ништо не бивало од тебе за учење, немало да успееш, ова-она.....Никако така, ќе се караме :!: За образование скоро никогаш не се џабе дадени пари. Автоматски ти дава предност пред други кои заедно со тебе конкурираат за одредено работно место-имаш црно на бело документ дека имаш познавања од нешто. Сеедно дали е тука или во странство. Те разбирам дека не можеш да донесеш одлука туку-така, и нормално е, сепак се работи за темелна промена на животот, почнување од буквално нула. Тоа воопшто не е мала работа, и сметам дека треба да биде добро испланирано, за да се спречат некои несакани работи.

    Ако ви се нуди шанса да одите-не ја пропуштајте, млади сте. Секогаш може да се вратите овде. Друго е на пример сега јас ако треба да одам (се надевам дека ќе треба, и ние сакаме да заминеме), јас работам, дечко ми работи......и двајцата имаме горе-долу стабилни работни позиции, ако може да се каже дека постои такво нешто во денешно време, посебно во нашава држава :^) Моите примања се помали, дечко ми има бајаги солидни примања, и затоа ни е прилично тешко да отидеме некаде, не може туку-така да се остави работата и целиот живот овде и да се оди надвор. А вака вие имате многу помалку да изгубите, дури сметам дека и многу повеќе може да добиете. Не мора одма факултет да запишувате, видете ги опциите, таман може во меѓувреме ќе најдеш нешто што стварно ќе те заинтересира да го студираш :) Нека ме нападне кој сака, но јас лично не гледам некоја можност за добар живот во државава, ни за себеси, а уште помалку за децата кои ќе ги имам. :worried: Да сум на твое место, воопшто не би се двоумела, веднаш би почнала со разработка на проектот :D Ова е мое лично мислење, немој никако да го земаш за меродавно, сепак ти и само ти треба да одлучиш што ќе направиш. И никако не донесувај избрзани одлуки, убаво размисли ја секоја можна ситуација. Ти посакувам многу среќа, што и да одлучиш :*
     
    На Lovely93 и Daydream им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    ^ Целосно се согласувам.

    Уште нешто имам да додадам. Lovely93 според мене во денешно време, а посебно во нашава држава треба да се оди на најсигурната опција. Ако ти се пружи шанса зграпчи ја и не се мисли. Затоа и реков ако знаеш дека после завршување на факултет имаш 100% сигурна работа, седни, учи и заврши го, а ако мислиш дека после завршување на факултет ќе си седиш дома тогаш запни, среди документи и среќно во странција. :D Пак ќе ти кажам, факултет се завршува и на 40 години ако сакаш да завршиш, а на 40 години тешко се оди во друга земја.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и со двете, но многу е тешко, се плашам од големи промени. :doh: Ќе видиме како ќе испадне, времето само ќе си покаже. А тебе green.eyes би сакала да ти дадам мое мислење, штом имате и ти и дечко ти стабилна работа, поготово тој со добри примања, нема потреба да правите толкава промена во животот, останете овде, уживајте и формирајте си семејство. Не гледам причина да ризикувате штом имате добри и стабилни работни места. :) И фала, ќе ве известам кога ќе падне одлуката. :*
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Факултет во странство, и работа во странство.
    Во државава туристички посети, 2 пати годишно, по недела дена макс.
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Епа сега гледам дека сум ви пишала дека ќе ве известам кога ќе одлучиме.... Сакаме да одиме септември или октомври годинава во Катар, најдовме врски кои ќе ни обезбедат работа и планираме да се земеме пред да одиме само во матично. Муслиманска земја е, мислам дека поголеми шанси имаме за работа на исто место ако сме во брак, исто така и за делење на соба, бидејќи да бидеме раздвоени не би сакале никако. Не знам колку е точно ама така му рекле на дечко ми, давале посебни соби ако не си во брак. :^) Како и да е, ништо не ме чуди, што е сигурно сигурно е. :lol:

    Значи, одлуката е падната, уште да добиеме соодветна работа. :D Што биде нека биде, доволно се мислевме. Ако има некоја искуство слободно нека пише. :)
     
  6. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Факултет треба да се заврши на време, зашто е полесно за учење, а за работа може и подоцна, фактички после цел живот се работи, без разлика дали во својата земја или во странство.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Факултет или работа во странство? Да.