1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет + работа

Дискусија во 'Образование' започната од bluberry, 2 септември 2010.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Што мислите за ова?
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    факултет+работа

    Значи вака... Нема бајка која почнува „Си живееше еден богат студент...“ :)
    Значи сеуште не го имам осетено студентскиот живот за да можам да дадам правилен одговор на темава. Како и да е, ми има предложено еден другар да работам кај него во кафуле. На никој не му е слошено да има + пари од она што му даваат, но сепак јас сум дојдена Ск да студирам, а не да работам. Ако направам добра организација на времето - можеби, ама само можеби ќе пробам и да работам. Здравје само. :)
     
  3. MissC.C.Bloom

    MissC.C.Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    факултет+работа

    Невозможно е , имам пробано , додека студирав и да работам и да студирам не се постигнува и не препорачувам на никој , подобро имајте си активности надвор од фалкутетот , невладини и слично , отколку да ве лажат пари и да не напраите ништо со факсот.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    факултет+работа

    Многу тешко, но не е невозможно.
    Јас почнав да работам после 2-рата година на факултет, нагласувам дека бев редовен студент.
    Со првата работа имав флексибилно работно време во 2 смени и некогаш стигнував и на предавања наутро. Со втората воопшто не се појавив на факултет, ама добро и онака беше последната година.
    Напорно е, слободно време сведено на минимум и многу стресно. Очекувајте дека ќе заглавите 1 до 2 години плус на факултет, како што беше во мојот случај.
    Но, добрата страна е - истренирани живци, повеќе работно искуство со кое ќе си го пополните CV-то, повеќе парички и независност.
    Лошата - хронична ненаспаност, немање доволно слободно време и колешки кои воопшто нема да го ценат фактот што се трудите да работите и студирате истовремено, туку ќе ве гледаат попреку како да сакате нешто да украдете пред нив. Така да не очекувајте помош и материјали многу, многу. :D
    Во оваа прилика поздрав до Виножитка, затоа што знам дека работи и студира. Секоја чест, не е за сите во секој случај. :)
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    факултет+работа

    Би можела да се носам и со двете! Работата ми е таква што се работи во лето и есен најмногу! додека бев средно и бев прва смена на школо одев да работам попладне во есен, и се разбира-цела лето! тука работата почнува уште во март, но тогаш се посветуваат само 2-3 дена да се сработи и после се чека до мај за продолжување... после тоа од мај натаму е секојдневно, без ограничено време, се случува и 12-13 часа да сум надвор и да работам, дали е жешко или ладно тоа не е важно! кога се мора, се мора!
    а мислам дека кога би работела стандардно 8 часа дневно секој ден и би студирала, можам да се снајдам, затоа што сум научена да работам најтешка работа, а камо ли нешто што ќе трае само 8 часа и не е физичка работа под ведро небо!
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kala001

    Kala001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    факултет+работа

    браво за тие што успеваат,но јас мислам дека успеала и да имам добар просек и добра работа само ако учам вонредно.или пак ако сум редовна,тогаш сигурно ќе заостанувам со факултетот.
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    факултет+работа

    Јас кога бев средно, и работев и учев истовремено, и супер се носев и со двете нешта. Значи сум работела и петок и сабота и недела и тоа по цели смени, а секогаш си одев спремна на тестови и испрашувања, и ниту еднаш во тие две години не попуштив во школо.
    Сега мислам дека со факултет е доста потешко, бидејќи обврските се далеку поголеми.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Па.. тоа го правам сега за сега, па ке видам колку ке издржам
     
  9. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Апсолутно возможна комбинација ако си човек кој знае што сака. Јас работев во тек на студиите. Бев редовен студент и не заглавив завршив навреме со просек 9,6. Навистина ќе бидеш изморен и без слободно време ама ќе имаш финансиска независност, ќе стекнеш искуство и контакти кои се покажа дека се непроценливи во мојот случај.
     
  10. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Сакам и сигурна сум дека можам да ги работам и двете работи ама моите од дома не ми дозволуваат :swear:
     
  11. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    работата е тоа што студирам во СК а и сакам да работам таму.Мислам дека ќе биде премногу да учам,да работам,да чистам,да готвам и + да излегувам
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    дека може да се студира и работи во исто време тоа да но бара голема жртва и макотрпност во секој поглед. ете јас додека студирав почнав да работам но не онака стална работа туку хонорарно значи на дневница. напорна ми беше првата работа затоа што се остануваше навечер работев на гардероба во хотел и тоа нели само зима, а втората работа што си ја најдов беше од 7-16 за викенд. така да ми доаѓаа тие парички плус за мене а не седев дома. значи за хонорарна работа секој има време и можност. меѓутоа за работа каде што ке имаш фиксно работно време јас многу не го препорачувам. многу е поважно да се заврши факултетот на време да се вложи труд во него, а за работа после завршувањето ке се најде и се знае што ви останува освен понатака цел живот да работите.
     
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Трендафилка ке може да знам каков факултет имаш завршено :?: :)

    Да не сум офф топик,многу студенти немаат можност целото свое време да го посветат исклучиво на студирање.Мора и да работат за да ги задоволат своите секојдневни метеријални потреби :) Секоја чест за таквите :clap:
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    ^^ Филолошки, македонски јазик и јужнословенски јазици. ;)
    Ама по стара програма, па можеше почесто да не си присутен на предавања. :P
     
  15. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Моментално студирам но не работам. Работам само за време на летото по 8 часа дневно. А двете заедно нема шанси. Кога ќе се вратев од работа морав да одморам барем саат, потоа нешто ако фатам по дома, чистење, миење садови, чат пат ке исперев и некоја маичка... навечер сакам и малку да излезам било со другарки или пак со дечкото. И верувајте многу често и немам време за сите овие работи, а камоли и да студирам во исто време.
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Студирам, работам, еве се спрема свадба, најверојатно и бебенце е на пат....

    Малку е тешко студирање и работа истовремено, :!: но само упорните (како мене) успеваат ! :angel:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Кај мене на факултет мора да бидеш присутен на сите предавања и вежби, затоа што се собираат поени од присутност. Ако ги немам тие поени, нема да имам право да полагам колоквиум, туку ќе треба да одам на испит. Затоа не е возможно во исто време и да работам.
     
  18. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Бев редовен студент, и сите 3 години работев и учев!
    И тоа работа, по 12 сати, ноќна смена! Денот ми беше вака
    одам на работа ноќе, се враќам утрото, се туширам, јадам, облекувам и тргам на факс, завршувам таму, си доаѓам дома јадам и спијам добри 4-5 сати, станувам ,кафенце, ќе учам 1-2 сати, се спремам за работа.....итн....се врти во круг! Ама јас бев упорна, (башка бев пријавена, пенз и здрав. :lol: ), и се завршив на време!
    Знаете како завршив.....ем со пари во џеб, ем си спечалив хронична инсомниа, почнав да пушам, пијам од време на време (сега веќе не, се откажав од се)! Тежок живот за оние што немаат пари....
    Во секој случај, тешко е и да се работи и да се учи, бара упорност, живци, добро здравје, само немојте да претерувате како мене.............
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    секоја чест јас студирам и сакам да работам но без успешно неможам да најдам работа на секој студент би му дошле добро + пари сигурна сум дека ќе се снајдам...
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Студирам+ работам во невладина организација , велат не е тешка работата во невладина организација но сите тие проекти спремање и не е така лесно. Последна година ми е, па фала богу се оди како што треба ;)