1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет + работа

Дискусија во 'Образование' започната од bluberry, 2 септември 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    A во која невладина? и јас би сакала многу да работам во невладина организација,и имсм слушнато дека е висока платата.а како ја доби работата-ако не е тајна,има ли шанси да се влезе без врски.фала однапред :)
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира.
    Ако не е проблем да ни дадеш повеќе информации :)
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847

    хахахаха и мене баш ме заинтересира пошто и јас од дамна се распрашувам по луѓево за работа во невладина организација, кажуваат дека не е многу тешко и интересно било...нека ни извинат другите малце забегавме со темава од факултет+работа, на барам работа :lol: :D
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    [
    хахахаха и мене баш ме заинтересира пошто и јас од дамна се распрашувам по луѓево за работа во невладина организација, кажуваат дека не е многу тешко и интересно било...нека ни извинат другите малце забегавме со темава од факултет+работа, на барам работа :lol: :D[/quote]
    :D хехехе да,да ама барем да добиевме повратно инфо, ајде чекаме уште малку ;)
     
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Јас имам другар што работеше во невладина,платата и не е толку висока,земаше 8000 ден.али па за таа работа што се работи,скоро никаква :lol: освен чмаење во канцеларија и не се малце
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    има голема разлика од една невладина орг. до друга...
    некои се живи глупости само дремат за да им помине времето, за разлика од некои каде што сериозно се работи на интересни проекти, ама и тоа сто викате само за седење 8000 се ОК
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Реално нашето образование не дозволува работа на студентите.
    Новиот кредит трансфер систем различно се спроведува на факултетите, но сепак секаде се бара присутност. Некаде ако имаш над 2 отсуства немаш право на полагање. На други без присуство немаш доволно поени ни за 6ка. Трети ти бараат семинарски, предавања и активно учество, а тоа мора со присуство да го направиш.
    Како да работиш кога на пола факултети предавањата ти се од 9 сабајле до 7 вечерта???
    Вонредно во ред, ама редовен како студент тешко. А најчесто студентите кои работат не се пријавени, па не можат вонредно да се префрлат.
    Можеш како келнерка, некои проекти да работиш, значи или вечерни работи или работење од дома или нешто со флексибилно кратко работно време.
    Јас постдипломските во траење од 2 години ги завршив со работење од пола работно време, со неидење на предавања, но затоа куцање семинарски, одев да бранам за да надокнадам поени, па одев за предавање на лекции за поени од активност, среќа на работа не ни прават проблеми за факултет па можев да искочам за одредени активности на факултет.
    Ама одредени работидавачи те пуштаат само на 2 саати да полагаш испит и одма враќај се на работа.
    Новиот образовен систен кој бара редовност, не дава работа на студентите.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Мене и вонредно некои професори ми бараат присутност и потпишување на списоци за полагање на колоквиум....ти им викаш дека си вонредно дека од Х причини неможеш да доаѓаш а они ти викаат не ме интересира тоа твој проблем...така да незнам како би се снашла и со рабта и со факлутет истовремено :worried:
     
  9. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    64
    Ке можеш да ни кажеш каква е работата која е работиш во лето и есен? :)
     
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Јас работам поштено работно време согласно закончено за работни односи..8 саати, фул тајм од 8 до 4! Паралелно терам магистерски и не е брејн-крешр.... се до сесија. Тогаш ми иде да си пограм руски рулет малку од што ме иритира притисокот и стресот на целата ситуација. Ако не морате и не е зорт, не ви препорачувам да си наметнете вакво темпо...
    Од друга страна пак... Во мака се познаваат јунаците...Па ај да се пробаме....
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Цело време додека студирав на факултет работев истовремено и искрено тешко е.Се постигнува,не дека е невозмозно,ама си бара ептен јака волја и нерви,па фала Богу ги имав кога ми беа најпотребни и двете па успешно се заврши приказната.Цело време слушав како 90% од оние кои се нафатиле на ова не го завршуваат факултетот,даоѓа време кога се одлучуваат само за работата бидејќи не успеваат веќе да се носат со стресот,недостигот на време и др.Ова уште повеќе ме стимулира да завршам,таква си сум јас,сакам да сум исклучок кога постојат правила кои не ги респектирам ;) !
    Предност ми беше што во голема мера си ги самофинансирав студиите,на работа гледав практично доста нешта од она што на факултет го учиш теоретски,со време видов како е да одиш на работа и со што се ќе се соочиш таму и не бев со розови очила како повеќето тазе дипломци од мојата генерација,јас бев веќе ветеран за нив со 4 год.работно искуство зад мене,па и со веќе полно CV кое ми користеше и при натамошни вработувања.Имав и разбрани колеги,а и претпоставениот го имаше поминато истото,па ја добив неговата поддршка.
    Главно што ми сметаше е што си го нарушив сонот,од недостаток се будев и по 2 пати ноќе со аларм за да учам.Тешко е да менаџираш на таа возраст со толку малку време на располагање-дали да се одмориш,дали да учиш,дали да се видиш со дечкото или со другарките,кој избор и да го направиш,она што го добиваш го плаќаш со она што го губиш.Друго што ми падна тешко беше што едниот од математичките испити беше со сосема непозната за мене материја,а да учиш математика од книга и тоа сам и не е баш искуство кое некому му го посакувам.Ама и тоа помина.
    Сега се гордеам со себеси што сум успеала,ама не ја препорачувам оваа комбинација,ако не е неопходна,а давам голема поддршка и респект за сите кои се нафатиле на вакво нешто :up: .
     
    На warrior и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Никако!!!Додека бев студент,бев само студент,но не и работник.Таму бев за да учам,а не и да работам.Ако требаше да работам немаше да учам.Како прво бе луѓе ние не живееме во Словенија каде студентите имаат право на работа со скратено работно време од 4 часа.Ова е Македонија-земја од соништата.Па кој е бе тој шо ќе издржи со такво темпо.Јас не би.Јас студирав медицински факултет-кој е 6 години и вкупно има околу 80 испити.А предавања имав секој ден ама баш секој ден од 8 до 6 и кај и како да работам.Да работам за 300 дневница,по цена да не знам ништо од факултетот,па како јас ќе бидам доктор,кога место да гледам пациенти и да правам вежби и прегледи јас би служела во некој кафич?За мене тотално неизводливо и во ниеден случај неприфатливо.Никогаш и никако!!!
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Освен во случаи кога е повеќе од неопходно - не! Одзема многу енергија па и време, јас си знам најдобро. Доколку немате финансиски проблеми, немојте да си правите тортури без потреба.

    Инаку доколку постои силна воља - можно е, но е навистина исцрпувачки...
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.157
    Пол:
    Женски
    Факултет + работа, тоа е неопходна комбинација. Не може студентот да чека постојано од своите родители да плаќаат за него, особено ако е тоа студент кој е од друг град па патува, престојува во стан или во студентски дом. Студентот треба и самиот да се погрижи и да си обезбеди пари. Јас сериозно размислувам за ова, сега ќе бидам трета година. Мајка ми не сака да работам, вика дека ќе работам откако ќе завршам факултет, дека затоа и го учам, но сепак не можам да чекам само од нив.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Се се може ако се сака.
    Студент сум и еве ми излезе одлична прилика, одлични услови и што е најбитно од се имам волја.
    Да работам со пола работно време, па и парите ми се доволни за да им олеснам финансиски на моите.
    Ама не! Татко ми не сака ни да слушне за ова! (lalala) Неможам на крај да излезам. Ако се начне оваа тема, косата му се крева и обавезно се расправаме. :swear: Не ми дозволува во никој случај..
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Додека студирав земав две стипендии и многу ми помогнаа тие пари за да полека се одвојам од моите. И повторно да треба да одбирам, би одела на варијанта да бидам само студент, ќе учам и прекумерно ако треба да имам висок просек за стипендија, но да не работам за време на студии.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Бев студент по старата програма, јас незнам што е ектс, и работење беше невозможно со мојот факс, посебно додека слушавме години, а и еден од потешките факултети (природни науки).
    Вежбите ни беа задожителни, а богами повеќето предмети се водеа 2+3, значи многу повеќе вежби отколку предавања.

    Откако станав апсолвент, од пуста желба за свој денар, талкав по разни фирми и недоволно платени работни позиции поради што факултетот трпеше и бев апсолвент цели 5 години. Не се откажав од работењето но ми се чинеше како да студирам 100 години! А без таа диплома неможев да си најдам работа по струка.

    Откако ме откачија на едно место, во рок од два месеци седнав и ги положив последните два испити, ја напишав дипломската која беше сработена две години претходно, и конечно дипломирав. Само после два месеци најдов работа во струка.

    Премногу жал ми е за изгубените години, можеби мојот живот ќе одеше во друга насока.

    Во однос на мојот факултет, откако се смени програмата многу им се олесни студирањето на младите, а со тоа мислам дека сега може секој да си дозволи и да работи.
     
    На warrior, Priroden, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    Од септември почнав да работам и убаво ми е што работам и што сум редовен студент во исто време. Сама си плаќав сметки, понекогаш и кирија и ми остануваа пари што сакам да си купам, сакав на моите дома да им олеснам, ми останаа пари за зимување и за други глупости ама лошата страна е што го запоставив факултетот. Прва и втора година супер ми идеше ама сега просекот ми е намален, со три 6, од претходниот семестар, не сакам ни да го погледнам да видам колку е. Работата не ми одземаше многу време, 5 саати дневно највеќе работев (freelancer преку upwork) ама не знам како си допуштив вака да си направам, од супер студент само 6 - ки почнав да редам.
    Наредната година обавезно пак ќе работам ама нема шанси вака да си дозволам да не спијам по цели ноќи бидејќи не сум стигнала навреме да научам, да не отидам на последното "небитно" предавање оти треба да почнам со работа. Колку - толку, голем дел од времето сама си одредував во кој дел од денот ќе почнам со работа, секогаш работев после факултет ама не знам, веројатно не можев да се снајдам.

    Мислам дека со правилна организација се може да се постигне. Јас не си го организирав времето правилно па факултетот ми пати и не знаев што попрво да направам, дали да одмарам после работата, дали да учам, дали да се прошетам и ми се струпаа премногу обврски наеднаш. Исто така, годинава еден месец бев без работа. Немав заштеда од претходната плата бидејќи целата одеше за сметки, кирија, храна и други работи, а нејќев да барам од моите, не очекував дека ќе останам без работа бидејќи клиентот ми немаше ништо најавено и тој месец ми беше многу нервозен. Иако знаев дека моите ќе ми дадат доволно пари и ми дадоа, не се чувствував убаво и сакав да си имам и свој денар. Битно е дека догодина нема да си дозволам да почувствувам дека го запоставувам факултетот. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Сепак двете работи заедно се премногу за да се постигне резултат на двете полиња,едно па друго ,но секако ако мораш немаш избор
     
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Mission impossible! ама буквално... Се вработив пред точно 4 години кога бев 2-ра на факс... Еве сега сум апсолвент и тоа со три години го земам пошто искрено ми се скрши и филмот. Само чекам да завршам и да откачам. Последнава година плаќам све сама бидејќи сум апсолвент, а претходно сама си плаќав испити и за книги.
    Ама штом еднаш добиеш свои пари, све потешко се одлучуваш даја напуштиш работата. Не сакам да бидам на ничиј товар, се обидувам да заштедам некој денар плус во случај ако останам без работа да имам да ги покријам трошоците.
    Како се озбилувам, така помалку време се наоѓа за шетања и кафиња... Ама подобро сега отколку кога ќе имам семејство со мојот иден сопруг. :)
    Мој совет е да размислите дали ќе се фаќате со ѓаволот или не. Јас избрзав и се вработив во најголема лутина, и ете.. Не жалам, супер ми е на работа. Секој проблем се среди, ама факсот ми тапка во место :(
     
    На cresa-jagoda и kikkki им се допаѓа ова.