Сакам да ве прашам дали ако си редовен студент во државна квота и се вработиш и си пријавен , ќе те префрлат во приватна квота т.е кофинансирање? Доколку знае некој нека ми пише итно е.
Во план ми е да се запишам факултет медицина вонредно, а истото и го работам ама кога ќе размислам некако страв ме фака.
Дали кога си вонреден студент ќе треба да одиш на вежби или само семинарски да пишуваш и од дома да учиш и полагаш, на пример да не треба многу често да одсуствуваш од работа.
Факултет па работа би било идеално. Така се случи и со мене, за среќа. Инаку, би се согласила на двете во исто време само ако е неопходно. Не мислам дека не е можно, само што, како што спомнаа и пред мене, нешто секогаш ќе страда. Ако не учењето или работата, тогаш одморот, слободното време или социјалниот живот.
Изводливо е, и според мене донекаде неопходно е да имаш некакво работно искуство пред да завршиш факултет. За да научиш комуникација со луѓе, колеги, пазар, работна етика, како се заработуваат и трошат пари итн. , со тоа што на прво место ќе го ставам осамостојувањето. Финансиски независна личност да станеш. Лично за мене беше клучов сегмент, и кога веќе го достигнав тоа ниво конечно се чуствувам слободно слободно. Но не ми е лесно.
Се сложувам со @Snow-Star. Во зависност од работата што ја работите. Но дефинитивно немате доволно време да се посветите на двете работи и дополнително социјалниот живот. Ќе има моменти кога фокусот ќе ви биде насочен кон едната работа повеќе него ли другата. Затоа велам во зависнот од работата и дали е тоа долгорочна или не.
Убаво да се поработи додека се студира. Јас работев две години додека стидирав. Хонорарна и флексибилна ми беше работата, па се постигнуваше. Иако не беше лесно, многу убаво искуство ми беше. Те тера на добра организација на времето, што понатаму е многу корисно.
Ме интересира, доколку се вработам некаде за време на летниот семестар, дали може некако да се направи договор со работодавачот да работам само втора смена дека обврски со факултетот имам од сабајле? Како посетувате предавања и вежби кога сте вработени во исто време?
Јас имам договор на дело со една компанија, им одам таму неколку месеци и им подпомагам со работата. Сега со пандемијава одам неколку пати во месецот таму, ќе ми кажат што треба да сработам ми даваат и документите да ги земам дома и ќе ми кажат до кога треба да биде сé готово. Овака ми е најидеално зошто преку денот следам предавања или учам, а преку ноќ работам. Платата не е нешто многу, но бар ќе имам нешто искуство.