1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет + работа

Дискусија во 'Образование' започната од bluberry, 2 септември 2010.

  1. Reina Latina

    Reina Latina Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Факултет+работа според мене е можно само ако работата ви е хонорарна односно од дома. Кога најдов работа што можам да ја работам кога сакам, по колку време сакам, секако од мојот дом, сфатив дека комбинацијата факултет + работа е во ред.. А пред тоа пробав и по неколку часа на ден да работам во кафич, но невозможно е
     
    На Lana Babe и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. gloria1

    gloria1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Сакам да ве прашам дали може да си во работен однос за да се запишеш како редовен студент?
     
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Може.
     
  4. gloria1

    gloria1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Нели имаше нешто да те пријават како студент и автоматски не може да си во работен однос освен ако си вонредно само хонорарно да можеш да работиш
     
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Како хонорарец не си во работен однос, значи придонеси нема да ти плаќаат, стаж нема да ти тече.
     
  6. gloria1

    gloria1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Епа тоа ме мачи, дали можам да си бидам пријавена стаж да ми тече а јас да си студирам како редовен студент,тоа ме мачи дали и стаж и студирање како редовен студент одат едно со друго дали е возможно?
     
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ништо не те спречува ако можеш да си го менаџираш времето. Зависи на кој факултет си, ако треба физички да бидеш на две места, тешко. Ако си редовно вработен можеш вонредно да се префрлиш на факултет, секако ако ти сакаш.
     
  8. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Да, пријави се во АВРМ
     
  9. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    До тебе зависи дали можеш да ги постигнеш двете обврски, ако неможеш се префрлуваш вонредно за да бидеш ослободена од некои обврски, предавања и сл. Заради тоа е и тоа вонредно студирање,никој не те тера автоматски да се префрлиш.
    Инаку можеш и двете.
     
  10. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Да може да ти тече стаж и да си редовен студент. Се зависи до тебе што ќе ти биде приоритет.
     
  11. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Можеш.Јас кога се запишував на факултет бев во работен однос и се запишав како редовен студент.
    Никој не ми правеше проблеми.
     
  12. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Што студираш за да постигнеш ,макар и 6 ,тоа е добар просек,еве и јас се мислам за тоа?
     
  13. R.i.n.a1

    R.i.n.a1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Здраво. Јас сметам дека е добро да се работи и студира во исто време само ако се дозволи од газдата за време на работата да можиш да учиш или да е во канцеларија каде што може да се работи и да се има слободно време за учење во меѓувреме. Тоа сметам дека е голема работа што е позитивна да се направи и јас се чувствувам така да сакам да работам за да си имам свои пари што ќе ги трошам за потребите јас самата сум многу повеќе задоволна кога свои пари си имам, ме прави независна од родителот.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    А ако е работата со стоење?
    Бидејќи искрено, доста студенти работат работа од типот на келнерство, маникир, масажи, шанкер/ки, друга козметичарска дејност.Овде тешко да работиш и да учиш.
    За со факс е тешко да најдеш асална работа, не па без.Убава си е замислата, ама тешка за реализација, бар кај нас.
     
  15. R.i.n.a1

    R.i.n.a1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Да, епа зависи до ситуацијата, тоа е за жал така овде, тоа го разбирам ама ако успееш да работаш по струката што ја студираш, на пример да е фармација и да ти дадат работа во аптека дали е тоа возможно ? Па така ќе си заработуваш и ќе ти овозможат да студираш на пример ако го има воопшто тоа ми е зборот, инаку се разбира дека ќе мора да се работи нешто или па да се работи еден или два месеци па да се штедат парите или пак во летна сезона кога ќе бидеш слободна со испитите нека е па ќе мора да се штеди иначе друго не би било лесно.
     
  16. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Убаво што сакаш да пробаш и да видиш како е да заработиш твоја пара.
    Зависи од претпоставрниот ако е добар и фин и ти дозволува од време на време да одиш да полагаш испити тогаш нема да имаш голем проблем. Можеш иначе во тек на работно време да учиш, секако ако нема многу работа. Се останато си доаѓа по себе и ќе се научиш фа се прилагодиш, само не ти препорачувам да се напнуваш зошто може да ти предизвика burnout.
     
  17. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Ова бара многу посветеност и организација на времето. Еве јас после години мирување на студии се вратив на факс како вонреден студент додека работам сменска работа. Сега зависи и што работиш, мене оваа работа и баш не ми одговара моментално ама тоа е. Од февруари имам 3 испити положено во две сесии. Но кога ќе дојде ред за сесија мислам не знам шо правам.
    Би сакала сега со оваа волја и упорност да се вратам кога бев вонреден ама не можам. Кога имав толку слободно време и само факсот ми беше работа не се замарав, сега покрај и работа и дечко и пријатели еве ја волјата.
    Мислам дека полесно би ми било ако работев една или две смени наместо 3 ама тоа е.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  18. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Успеал ли некој да постигне вакво темпо? Дали може ако си редовен студент или најдобро е да избереш нешто вонредно за студирање? Сакам понатаму да студирам и работам, размислувам на сите можности.
     
  19. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство можам да ти кажам да возможно е, но бара многу жртвување. Имав летата работено колку да имам некакво искуство, трета година веќе почнав да работам сменска работа со слободни викенди.
    Викендите не искочав од дома зошто само тогаш можеше да учам и можам да ти кажам дека најдобрите разултати сум ги постигнала и цели семестри сум завршила. И успеав да останам во државна квота, сега имам уште неколку испити и готова сум.
    Секако зависи од повеќе фактори и ако стварно си упорен ќе постигнеш многу повеќе.
     
    На warrior и en5 им се допаѓа ова.
  20. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Се успева ама ако имаш можност да студираш редовно студирај. Посебно ако си 18 20 и имаш финансиска поддршка од домашните. Тешко е кога студираш и оставиш или фатиш да работиш па ти се допаѓа екстра кеш и забораваш на факс, сакаш да излегуваш итн.
    Студирањето вонредно кога работиш или имаш дете бара многу труд, посветеност и организација на време. Како редовен студент го имав цело време на светот и ден два пред испит учев. Сега вонредно морам да работам и пред или после работа или на слободни денови или празници да земам да учам иако цело друштво ми е на скара јас го имам само овој ден за учење.
    Размисли си, сепак ти си ги знаеш можностите најдобро.
     
    На злоба и en5 им се допаѓа ова.