Сум забележала дека се фалат луѓе кои се чуствуваат инфериорни во однос на другите. Кога некој те гледа како “закана“, се фали и преувеличува само за да во неговата глава стане приближно еднаков. А го гледаш како се мачи јадниот Дефинитивно неизживеаност. Деверот е таков. Седење на маса со тој човек е физички напор. Се обидува да си ги лечи комплексите со фалење и лажење каде биле, што правеле... А никаде не биле и ништо не правеле, децата му спијат на преградена тераса. Никој не го провоцира, сам ке потпраша за да се најде во муабет, не го ни дослушува одговорот и веднаш почнува да ја кажува неговата приказна. Пукни ќути и глеј си ја чергата.... Еве еден од бисерите: Кога фирмата го пратила во Австрија (!) на некаков саем, тој и купил на жената кожна јакна(!) Во продавницата газдата (!) викнал две манекенки да се прошетаат пред него (!) во кожни јакни за да избере модел за жената му Може купил некаква јакна некаде И го гледаш човекот и се прашуваш дали да го замолчиш или да го оставиш јадниот да си живее во тој имагинарен свет каде си мисли дека другите му веруваат, да му е убаво во главата ако неможе во реалноста....
Мене искрено многу ме нервира фалење за се и сешто, како на пример види ме кој сум, види што си купив, каква кола имам... Тоа за мене е претерано сељачки и примитивно. Разбирам тоа да се прави во границите на нормалата, да се знае кога и колку, а претераното фалење ме вади од кожа!
Фали ме усто оти ке те раскинам-веројатно ви е позната поговорката искрено не се фалам многу не неможам да кажам дека ич не се фалам не постои човек кој никогаш не се пофалил
Me нервираат фалбаџиите. Ако е нештото стварно толку за фалење нека остават сами да разбереме. Но најчесто таквите луѓе се фалат со глупости,а не со нешто што навистина е вредно. Како демек направив она,направив ова,јас можам вака,јас можам онака...Замаранти и неизживеани луѓе.
Е ако де, секој со своето. Можеби нема кој да го пофали и примети, па сам треба да се истакне, зашто да не. Треба да има и такви и онакви, мене на пример ми е интересно да гледам и анализирам различни карактери и да навлегувам во нив.
Мене ми се смешни и ги оставам нека се доискажат. Очајни ми се таквите, посебно кога зборат за тоа колку постигнале во животот, колку пари имаат, колку се ценети.... Имам еден познаник и стално се газам од смеење кога ќе почне со тоа дека еве сега го барале од полиција дека напрајл некој тепачка у град, ама на него ништо не му можат пошо он има луѓе сегде, вечер има сепаре и ќе го дружеле манекенките од Црнокарак, па морал да ги части и уште многу глупости. Сироти, си мислат дека им веруваш, а не сфаќаат дека не пиеме нафта и дека сите им се смеат позади грб.
Ако самиот не се пофалиш, кој ќе те пофали? Така да, ги оправдувам фалбаџиите. Е сега има такви кои претеруваат со фалење до степен истото да звучи малку ко научна фантастика. Има и такви кои колку повеќе ве убедуваат во сопствениот успех и квалитети гласно толку повеќе себеси се убедуваат дека е тоа вистина. Значи тоа фалење им е еден вид на терапија. Ако можам да направам некој да се чуствува поубаво немам проблем со кимање на главата и она познатоно - ма немам појма шта каже само вичи јес Пожален е фактот дека на крајот можеби ќе сконтаат дека не се во право. Е сега оние нашине типични фраеришЧа разбирај - оние за кои зборевме во категоријата СЕЉАК на годината, кои се фалат дури и со ланец од Шутка, за таквите немам збор. Рачево пред фаца и - збори со него батка, јас си идам
Познавам милион вакви!Спрема мене,се неиживеани луѓе кои веднаш штом ќе видат нешто го преувеличуваат до 1001 и назад.Во ред е да се пофалиш за нешто вредно и убаво,за работа,унапредување,дипломирање,и такви убави работи...ама за секоја ситница која си ја видел во животот не.Па и да го воздигнеш тоа до небото-ОМГ! А оние кој се фалат за своите демек успеси ,како децата им се најдобри во свет, како они се знаат,-т.е.мислат дека знаат,како те убедуваат дека е така -а не е,па на крај ќе ти речат -Ма што знаеш ти ,ми се гади он нив и ги избегавам.Ако сум расположена им ставам капак,ако не си се смеам во себе За мене-прости луѓе кои егото си го хранат на ваков мизерен начин.
Јаааооо не можам да поднесувам фалбаџии.Иам еден роднина пред некое време тоа се случи бевме со моите кај него и син му бил во Шпанија и коа фати да покажува слики видеа брееј.Ај тоа помона после извади iPhone и нешо ми објаснува ко божем не знам и тоа го чува уште неотпакуван само за да се фали а не дека го користи.
Не ги можам луѓево што цел живот викаат само, ја па ја па ја па ја, ама кога ќе дојде ти па ја - е тогаш паѓаат у депресија ко божем којзнае што им се десило. Според мене таквите луѓе се неизживеани,емотивно ненахранети...итд, па очигледно лекот си го наоѓаат со тоа што си го возвишуваат егото повеќе од што треба,едноставно си се преценуваат и тие се "секогаш во право"
Абе ако не се испофали кај бил, што направил и колку пари потрошил не е жив! Не можам да ги смислам луѓево.
Имам еден комшија таков, кога дојде обавезно мора да раскаже уште еднаш за неговото патешествие во Англија, и за 2355476 града кој ги посетил таму. И еден другар кој само се фали колку женски трчале по него, колку бил паметен, убав и згоден, со колку женски бил досега...дрн дрн... Татко ми пак има пријател еден мрзливец невиден, кој само се фали како без работа успевал да земе еден куп пари. Иако си нема врска. И кај кучињата е задолжен ама ајде да те прави будала. Абе ајде кој ги слуша таквите, како овци да ми блеат. Не им обрнувам внимание
Зошто кога некој се фали мене ми е непријатно? Да, да, не се заебавам, не вртам муабети, туку стварно ми е непријатно на мене. Кога ќе почне некој да реди што имал, како има, каде бил, што правел или евентуално што ќе прави, јас само слушам и слуууушам. Не сум фалбаџика по природа, но доколку сум во друштво на такви луѓе знам да бидам и сурова и јас да почнам да ги тееееегнам фалбаџиските муабети. Иако, тука колку и да се правам паметна, дека никогаш се фалам, сите се фалиме на некој начин... Сакаме да им кажеме на другите што сме направиле, што сме постигнале, е сега тоа како го сфаќаат тоа е друга работа.
Ги мразам фалбаџиите многу ме нервираат ! Една другарка и била роднина некоја пејачка абе се изафали и секогаш кога ќе почнеме тема нешто за пеачки и таа мене оваа ми е роднина по братучед ова она... И мразам машки пример кога и се пуштаат на некоја девојка и се фалат џоа многу го сакала ама тој корпа и давал го молела а всушност тој нејзе ја моли ама да се покаже пред другарите демек не сум папучар да молам девојкаа се прави фраер пффф!
јас се фалам само за тие што се фалат ако тие се фалат зошто и јас да не се фалам е не да ги гледам како теле додека тие се фалат многу ми е глупо така, возвраќам со иста мера