па го слушам човека али ако претера од едно уво влегува од друго излегува,така нема да слушнам дали се фалиле или не..а и тие кога ке забележат така ке сменат тема
Леееееее значи можам да слушам ама па ако претера кажувам во фаца нема тука што. Секој се пофалил и се фали, ама она претерано со таков тон ептен ме иритира, и истото па истото. Нејќам фалбаџии што замараат со нивните приказни углавном, а прифаќам секој да се пофали па што, ако му е мерак и сака да сподели, ама не со намера да се возвишува.
Уф не да ме нервираат.На нерви ми одат Ги мразам ваквиот тип на луѓе,и тоа премногу ги мразам! А најмногу ваквиот тип на машки!
Ги слушам и им се чудам на паметот многу ме иритираат вакви луѓе, неможам да ги поднесам ајде јас сфаќам среќен си сакаш да ја споделиш радоста со сите да се испофалиш ама не претерувај се има граници мислам мрш таму кај што не треба ајде по ѓаволите проклето фалбаџиско самобендисано створение!!!
Фалбаџии па не сме тоа сите понекогаш ? ! Сме ... Само да не се претерува , сакам луѓе кои се свесни за своите квалитети кои нешто ќе постигнат и ќе го споделат или се пофалат не е проблем заслужиле . Но никако не оправдувам јас , јас и само јас . Јас ова направив , купив , добив , подарив тоа е замор за мозок и уши . Имам забележано една мнооогу интересна појава СЕКОЈ што ми се пуштал , се фалел свесно или несвесно не знам битно сите сакаат да се направат фраери некогаш тоа оди толку наивно но ниско ехх ... Неодамна во друштво иако знаеше дека не сум слобoдна си проба преку други луѓе во друштвото да направи нешто . Ај онака го стопираа и се фати муабет онака за скијање леле луѓе кога почна како дечкото скијал , па каде , па колку пари му чинела опремата и чизмите . Настрана фактот што фактиве не беа баш битни зошто од тука и никој посебно не се занимава со спортов . Зборува ме гледа , кажува цифри некои леле се смеев во лице признавам
секој ден сум со такви -.-' ок де и јас сум се фалила ама не до толку како шо има некој -.- ауу не се трпат али тоа е ..
Ухх ме нервираат и тоа како ги слушам додека не ми одат на живци и кога претеруваат веќе им кажувам во лице.
Ау имам една другарка.Сите знаеме дека е богата ама таа претерува.Ке ја прашаш нешто на пример од кај ти е купена кошулава и таа сега да се напрај побогата ке врати ауу оваа од Солун 60 евра ја зедов.И демек ке и кажат аман бре многу секаде се по 20 евра многу скапа си ја зела и таа ауу што се 60 евра.Или на пример ако земиш од некоја тезга некое парче лел како можиш, за 300 блуза ке ја носиш... ми се гади од такви како неа.
Јас сепак мислам дека не се сите машки фалбаџии и дека двајца од тројцата со кои бев немаат споделувано наша интимност со другарите.
Uf mnogu mrzam takvi lugje....na nervi mi idat, za zal ziveam so takvi luge, a mojot takanarecen maz e poglavar na falbadziite strasno nesto... Ama koga gi slusam kako se falat egnostavno se povlekuvam vo soba...ne podnesuvam
Луѓе што споделуваат успех или нешто ново, а им се гледа во очите радост и при тоа го прават тоа со одредена доза на скромност, е на таквите им се радувам од срце. Дури и јас ги фалам и им честитам. А оние кои се фалат со цел другиот да се осети мизерно, као јас имам, јас можам - ти небитен, таквите ги игнорирам на широко. Менувам тема и реагирам ладнокрвно, не затоа што им љубоморам туку баш ради гореспоменатото фалење без осет. Најчесто таквите луѓе се тие кои ги јаде љубомора и завист, исфрустрирани особи кои практично живеат за другите. Живеам во средина со луѓе опседнати со пари, опседнати со брендови, скапи телефони... сакаат да живеат луксузно и од петни жили се трудат се да им биде најскапо и од најнова мода, а кутрите едвај крпат крај со крај. Опуштете се аман! Живејте нормално, никој нема да ве цени повеќе ако носите брендирана облека ако под неа се крие бедна душа.
Не дека се фалам ама многу сум убава.. Нормално е во границите на нормалата. Али секоја ситница, секој нов чекор да се споделува не е во ред. Избегнувам такви луѓе.