Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фалбаџии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 9 јуни 2010.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.690
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира што стои позади фалбаџиството, дали е карактер, дали околности или некои трети работи.

    Повремено имам контакт т.е дружење со фалбаџии, и да бидам искрена, не разбирам, односно некогаш не знам да го познаам фалењето.

    За едниот фалбаџија, сметам дека си го прави интересен животот со тоа, се собираме повеќе луѓе и сака да биде интересен, како аниматор, да привлече внимание ама со доза хумор, и за него знам дека е од забава и веќе како дел од него си е тоа.

    За другава којашто е дел од семејното опкружување, не знам што да помислам, односно како да го сфатам фалењето. Се трудев да не гледам како на фалење, туку како некоја наивност во карактерот, желба да се сподели или не знам, неможност и незамарање да се разграничи што да се каже што не, па така "што на ум тоа на друм".
    Ама по неколку фалбаџиски испади, се запрашав што навистина претставува ова хоби и каква психолошка позадина се крие.
    Па, и почна да ме нервира, искрено.
    Зашто, по природа сум скромна, па дури и не знам на комплимент да изреагирам, се смешкам велам фала, ама ете си викам добро добро да не креваме џева околу нешто небитно пример.
    И на една навала на такви фалбаџиски испади, си признав дека тоа е. Дека можеби од тоа што сум скромна, и секогаш поповлечена растена, дека не знам да се истакнам и дека во ред е другите да си кажат за себеси, едноставно им се може..ама не, се претерува со мерката. Ма која мерка? Не ни има.
    Фалење со детето колку било паметно и посебно, добило петка по ова, по она, фалење со двете деца, културни воспитани, со други зборови најдобри. Ги бидува за повеќе работи.
    Фалење за материјални работи, од типот што подароци добиле за роденден, колку биле скапи...
    Спаѓа во фалбаџиство нели? За да знам да не сум таква :D

    Ме нервира и живцира фактот што се истакнуваат со баналности, за коишто не ни гледам причина да се каже, да се воздигне човекот. Мислам и да постои нешто големо за воздигнување, секогаш ја почитувам присебноста и скромноста во манирите и зборовите.

    А што стои позади таквото себевоспевање? Баш би сакала да читнам од @Cosmic Girl :)
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.698
    Пол:
    Женски
    Фалењето може да е од различни причини: ниска самодоверба, потреба од внимание, чувство на инфериорност, но и чувство на супериорност, тенденција кон нарцисоидност, потреба да се сокријат вистинските проблеми и недостатоци..
    Според некои истражувања фалењето за себе делува како награда за мозокот и активира делови од мозокот кои се активираат при друго задоволство како на пр. при секс. Фалењето е некој вид "фикс" за фалбаџијата.

    Фалењето само по себе нема добри ефекти врз соговорникот. Твојата реакција во однос на пријателите кои често се фалат и ти се одмилиле е сосема нормална. Фалбаџиите според истражувањата имаат проблем со емпатијата, т.е. неможат да е стават на местото на другите. Се фалат мислејќи дека ќе предизвикаат една претстава за себе кај соговорникот ама предизвикаат сосема спротивна.
    Не можат да се децентрираат.
    Поаѓаат од претпоставката дека другите немаат доволно информации за нив и нивниот живот и нештата ги прикажуваат во поинаков светло и ги надувуваат и преувеличуваат.
    Многу често соговорникот има доволно информации за да знае дека сликата што ја црта не е во склад со реалноста.

    Со фалењето луѓето на другите им се претпоставуваат со некоја маска наместо со својот прав идентитет. А зошто е тоа така може да е од различни причини.
    Можно е да се незадоволни од себе па се преувеличуваат личните постигнувања и способности. Ова особено што со фалењето се омаловажуваат другите или соговорникот, односно на другиот му ги проектира сите нешто со кои самиот не е задоволен.
    Најчесто фалбаџиите се фалат со оние нешта што тие мислат дека му се битни на соговорникот, што најчесто е неточно и уствари е нешто што е за нив самите битно или нешто што им недостига. Пример се фалат за битните луѓе со кои имаат врски мислејќи дека тоа другите го ценат, а уствари тие самите имаат чувство дека се безвредни и дека ако се претстават дека се дел од високо друштво дека тоа ќе го сокријат. Значи своите недостатоци ги проектираат на другите.

    Ако има проблеми со децата и нивното однесување или се осеќа несигурен за тоа каков родител е тогаш ќе се фали со децата и нивните достигнувања.

    Луѓето што не можат да престанат да зборуваат за себе се најчесто оние кои се осеќаат неислушани, небитни и дека нивните мислења се неискажани доволно.

    Кога некој се фали можеш да ја смениш темата на разговор за индиректно да покажеш дека не си заинтересирана да слушаш за тоа.
    Втор начин е и ти самата да се надуваш за нешто па после самата да се извиниш дека се фалиш, а вие двајца не сте тип на луѓе што се фалат и ценат фалбаџиство.
    Ако се работи за нарцисоиден човек кој се фали најдобро е да си заминеш од разговорот доколку можеш. За овие луѓе нереакцијата и ладнокрвноста е најдобар одговор. Секоја друга реакција само ќе ги мотивира да продолжат и да повторат исто понашање.