1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фалсификати и копии на модните брендови

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 декември 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ах, маки сум на темава.
    Ова ми е една од оние пет-шест болни тАчки во животот за кои никогаш, ама НИКОГАШ нема да сменам мислење.
    Сексот и градот ми е една од убедливо најгледаните серии пример, ама јас искрено никогаш не ја сконтав Кери Бредшо како оргазмира на чевли и брендирани алиштенца. |(
    И не само неа, имам навистина проблем да ги сфатам сите оние кои се трескаат и блудничат по одредени парчиња, ко да е Боже крај на светот, ко да им е потребно повеќе од воздух.
    Еве бе, имам една жива кукла, да му е срам на човека да каже дека делиме иста крв, подвижно рекламно пано, репер за стил - Јеца и Цеца, тука занесвестување за Ким Кардашијан и лобутинки и витон...
    ... мене искрено ми е помалку смешно, ем тажно и дефинитивно ваквите луѓе, грото еве, да не стереотипизирам ми се плитки и површни.

    Јас разбирам желба, пасија, но чанта од 5000 долари не е ниту потреба, ниту неопходност, тоа е хир и огромна желба да се покажеш пред светот.
    Ваквото ку*оперчење со модни брендови повлекува многу други проблемчиња, ама за тоа другпат.

    Немам ништо оригинално дома и не ми ни текнало да се потресувам околу некаква си копија.
    Едино ги признавам оригинал парфемите, зашто се фини и трајни, ама душа боли од нивната цена.

    Се' друго ми е чисто расипништво, како бре имаат луѓе образ да цедат од дома по 200 евра за тренерки оригинал, кога мајката зема 150 евра плата?
    Немој молим те, другарчињата ќе му се смееле кога ќе се качуваат на Водно.

    И целосно се согласувам со постот на Лилит, мавам и потпис и печат, немам да додадам ништо повеќе во тој дел.

    Не сакам копии на ништо, а и кога би имала некој ден многу пари, ни на крај памет нема да ми дојде да фрлам 300 и кусур евра за оригинал очила за сонце Гучи.
     
    На FBI, Neytiri, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Воедно и единственото и најскапото брендирано парче што го поседувам. А не го носам.
    Дури и одбивност ми ствара веќе кога ќе го видам, па лежи затуцана ташничката меѓу останатите.
    А, што е најтрагично приметив дека последниве месеци масовно почнаа да носат едни одвратни, правоаголнести, ташни, на пазар ги има, во сите бои со знакот на Шанел. |(
    Ако ништо друго барем свртете ја чантата на другата страна да не се глеа знакчето.

    Имам едни чевли, што апсолутно многу ми го прават меракот, со нитни и црвен ѓон. Е тие ги носам, па ме заболе дали некоја типка ми глеа во нозе и скенира дали ми се или не ми се Лобутин.

    Инаку, за темава и претходно се имам изјаснето, и да не се повторувам, се сложувам со Трендафилка.
     
  3. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Спаѓам во типот на оние луѓе кои најмалку од се` се замараат со тоа што го носат дали е марка или не.
    Немам средства за да си купам оригинал, како и мнозинството, но да купам фалсификат, да се перчам и да разглабам на секој втор што ќе го сретнам дека ми е оригинал, да кажувам најгласно што можам цена што сум ја видела на нет кога сум листала по страните нивни и цвикала дома за нив ми е најсељачкото нешто што може да постои. Одраз на простотилук и неиживеаност.

    Мразам работи на кои им фршти логото на сите страни. Ете, конкретно Луи Витон. Мизерно ми е, а девојкиве парадираат со нив низ градов толку гордо, чиниш Господ за му*а го фатиле.
    Мразам и парчиња што ги има секоја втора. Океј е да ти се свиѓа нешто и да од таа причина го купиш, но да го купиш затоа што сите го имаат, а ти се чувствуваш како црна овца, па мајке ми не ми е нормално.
    А секојдневно се соочувам со вакви случаеви, модата им ја диктираат оние со кои се дружат, оние кои ги опкружуваат. Е бре!

    Така да, краен заклучок, не сум до тој степен пошандрцала па да се занимавам со овие работи. Фалсификати и копии, не фала, ако нешто ептен некогаш ми се засвиѓа до степен што би кубела коси по излог и не јадела цела година (години во случајов :D ) за да си го купам, ќе биде оригинал.
    Конечен одговор.
     
  5. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    имам оргинал Burberry малечка ташна .. (ја добив на поклон од Данска)..ја носев еднаш за на кафе со од дечко ми братучедка, и нејзиниот коментар беше: "Од која продавница ја купи да си купам и јас?".. од тогаш не ја имам носено, ми е срам, ја користам како несесер за шминки :(

    неостварена желба ми е да поседувам штикли Christian Louboutin , но и кога би земала огромна плата не би ги купила.. не мие логично да давам толку пари за чевли кога за тие пари ќе си го наполнам цел плакар со нова облека или ќе си заминам на одмор на некое егзотично место.. :)

    никогаш не сум купила фејк и нема ни да купам.. воопшто не ме привлекуваат.. јас мислам дека фалсификати носат само фалбаџиите и луѓето желни да се докажат пред некого.. (несакам некого да навредам ама тоа е мое мислење).. една познаничка моја купува се фејк, дури користи фејк шминки шанел и диор, и има ајфон од 50 евра за само да се фали..
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Робата на светските модни креатори не се продава во комисиони, бутичиња или продавници со измешана кинеска роба од пазарот во Грчка. Тие си имаат свои продавници, средени според нивни специјални стандарди и ги отвараат на оние пазари каде стандардот на народот е висок, а ние сме многу далеку од таму (најискрено воопшто не ми недостасуваат).
    Сплетот на околностите беше таков да 3 мои другарки заминаа да живеат во странство; две се во Америка, а едната во Италија. Кога правиме муабет, неможат да се изначудат дека кај нас платите се за 5 пати помали од нивните, а храната и облеката е за пет пати поскапа од кај нив. Исто коментираа и за брендот H&M кој ние овдека дебело го плаќаме, кажаа дека е најефтина марка кај нив.
    Имам парчиња од H&M, Zara, Bershka, Mango, Replay, Sfera, Pull and Bear, меѓутоа не ги сметам за нешто недостижно.
    Јас одам на шопинг во Грција и пазарам во горенаведените продавници од проста причина што кога има попуст 70%, за 300 евра купувам роба да се облечеме и јас и мм и малечката за една сезона, што овдека не е возможно.
    Од светски познатите брендови имам само едно парче долна облека од Дона Каран-подарок од другарка ми од Америка, а истата кога беше малечка ќерка ми,ни прати пакет со подароци и и беше купила цела колекција Келвин Клајн: шпихозни, лигавка, бебешки парталчиња.
    Тренерки купувам исклучиво Најк (од полиестер), бидејќи ги носам по најмалку 5 години.
    Од сопругот добив подарок часовник Swatch кога беше во Швајцарија и имам оргинал очила за сонце на Џанфранко Фере купени 2005 година и уште ги носам.
    Фалсификати не сум купила, бидејќи не ми се допаѓаат и не ми е јасно која сатисфакција е да се носи нешто по било која цена, а го гледаш на секој втор што ќе излезе.Мразам униформираност, ми се допаѓаат девојки со уникатен стил кои и тоа што го облекле умеат да го носат на себе.А не сега секоја втора се качила на штикли со платформа, а кога ќе ја погледнеш, искривила нозе како цел ноќ буре да јавала.
    А за оргиналите, доколку некој може да си го дозволи тоа и да лупне толкави пари за едно парче облека ок, негово право. Јас искрено би ги дала тие пари, но не за маркирана гардероба, туку за некое патување на некоја егзотична дестинација.
    А помодари, имало и ќе има, да можат и прдеж од celebrity ќе чуваат во кафез. 8)
     
    На FBI, bittersweet, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Без навреда за девојките кои ги носат ваквите копии, но тоа според мене е болно лечење на комплекси.
    Цело Скопје врие од вакви, вана би богаташки, а ко што читам и Македонијава, и како бре луѓе само ние што не носиме и што не не привлекуваат се најдовме на форумов?

    Нема сега да контрам, и да повикувам на искреност и слични ствари туку ќе кажам дека не носам копии кои на себе имаат имаат испринатани логоа, кои од километар се приметува дека се екстремно лоша копија.
    Но доколку таа копија, е копија само како модел, крој, начин на комбинирање бои, би носела.
    И не би го носела само за да видат другите дека носам ЛВ, Шанел, Фенди, Најк, Пума... туку затоа што тоа мене ми се допаѓа.
    Имам само една копија на ЛВ ташна, но не целата со логоа туку е еднобојна, и има мала плочка која секогаш се трудам да ја скријам, само моделот е како на оние на ЛВ, да беше со нивниот препознатлив принт ни под точка разно немаше да ја купам, не за друго туку зашто нејќам да сум дел од цела таа ЛВ толпа. Затоа што денес и оригиналите се губат во тој џган од копии.

    Најтажното е што голем број од девојките овде до пред некоја година не знаеа ниту дека постои ЛУј Витон како дизајнерска куќа, а сега тие истите на големо ги фураат тие копии, и продаваат муабети дека им се скапо платени оригинали.
    Копиите на Шанел, што периодов го преплавија Скопје, 50% ако не и више од девојките незнаат дека чантата со која се перчат е ужасно лоша копија на Шанел, видела таа комшиката и другарката ги носат па ајде и таа да не остане покусо.
    Еве братучетка ми пред извесно време ме прашуваше каде да купи марама и каиш со лого на ЛВ со зборовите „Абе Најубава, онаа комбинација кафеаво со крем, со букви и детелинки“ :tmi: , јас се фатив за глава од простотилукот, носи а не знае што носи, битно е да е во „тек со модата“.

    Во право е Старфиш, и јас не би ја носела, не за друго, туку затоа што ние како народ патиме од комплекс на ниски вредности, и за она што е оригинал, ќе сечеме гркљан дека не е. Па доколку некому каже дека нејзината ташничка всушност е оригинал, ќе биде исмевана и оговарана.

    Не носам копии, подобро е ќе купам некоја поразлична, а сепак слична отколку нешто што ни на сон нема да потсетува на оригинал.
    И не затоа што ми е срам да ја носам, туку затоа што воопшто не сакам парталчиња на кои вриштаат на толкави логоа, пре би без ништо, или евентуално дискретно.

    Во Шутка видов три девојки кои се разграбаа Монго рамбовки, а оние обичните ни една не ги погледна, мене ми е по смешно да носам бледа лоша копија, отколку некое скромно парче.
     
    На FBI и Gea им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас рака на срце да ви кажам, појма немав дека постојат Луј Витон, Ферди (за кое прв пат чув дека постои од темава сега) се додека не се зачленив на форумов :D Стварно, и незнам како приметувате која што носи. Јас пак, ич не загледувам нити ми е гајле.
    видов едно мислење во Битола на широк сокак како се облекувале, стварно незнам што е по жално, да загледуваш кој како е облечен или да се трескаш по брендовиве :^)
    Јас си купив пред недела дена едни тренерки за 1000че, розе Адидас пишува на нив, позади на грбот е цел знак. Знам дека е копија, ама убави ми се, и комотни.
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Jас ја имам чантава и до сега не ни знаев чива копија е и од каде потекнува :) А искрено не ме ни интересира, убава ми е и ќе ја носам.
    Се додека нема лого на нив, океј е.
    Се што е со лого, и оригинал и фалсификат ми е некако многу бедно. Незнам да објаснам ама ич не ги можам таквите ствари.

    И друг муабет што спомнавте. Има една другарка што има оригинал чанти на Шанел, Гучи, Луи Витон, Гес и незнам кои не, има роднини во америка кои цело време и носат поклони ама ете кога ги носи мене пак и тие ми изгледаат селско (со извинение, несакам да навредам било кој). А и никој не би рекол дека девојчето носи оригнали па препоставувам дека од страна како фалсификат изгледа уште потапа. И за крај ташниве кобинирани со џеперџе од бершка - врв.
    А најлошо е што 90% од нас неможат да разликуваат оригинал од копија, па според стандардот наш секое такво парче по дифолт иде во копија :)
    Значи не е поентата дали се оригинал или копија, едноставно некои ствари се префорсирани.

    Би носела копии очигледно, сега сфатив дека и всушност имам без да знам :D ама пак ќе кажам, се додека е без лого и без натписи - океј ми е

    Него, fashionista ти во македонија живееш?
    Секој можело да си дозволи оригнал очила за сонце? :D Господи Боже, ти или си оддамна иселена одовде или незнам во какви кругови се движиш па живееш во илузии.

    Не ми сметаат копиите се додека е дискрено и не исфорсирано. Впрочем исфорсираноста ми смета и кај брендовите, така да исто ми е.

    Сеа коа размислив мислам и дека имам едни кондури што гарант се копија на некои, ама дека не пратам дизајнери кој знае колку и незнам. Ако ги има некоj видено во темата, они црните со патенти од страна, висока штикла и до глужд високи.....ги препознава некој?

    Јас единствено сум обожавател на оригинал спортска облека. Никогаш нема купам неоригинал патики, тренарки или слично или пак копии на ваквите бренодови. Не дека се правам нешто, едноствно патиките ми се пасија и уживам во тоа. Ги овожавам дијазните на најк, адидас, пума и обожавам да ги имам нивните оригинални ствари. Постојано штедам за некои патики.....и коа ќе ги купам тие, почнува штедењето за следните. Не го правам она ниту за престиж, ниту да се докажувам, туку ми прават задоволство.
    А знам дека и овие фрчат со логоа на сите страни ама пак ги сакам :D А зашто другите ми сметаат а нив ги сакам не прашувајте оти и јас неможам да си објаснам
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Росоњерка да не мислеше Фенди, место Ферди? :)

    Инаку, не немам такви ташни.
    Фалсификати немам, а и немам некој мерак на такви.
    Освен на ова од Шанел(само да не е со Шанел токи и знаци насекаде)
    [​IMG]Само вака со синџирчиња, цакана, убава. Значи само дизајнот ми е убав,логото не ми треба.


    Порадо би урнебесна ташна, отколку ванаби Луи Витон,ама тоа си е личен избор кој луѓето често не го прават.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Зошто ви купиле оригинал марки кога и ако ја имаш оригинал никој не би ти повервал овде дека е :^) :^) :^)
     
  12. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Како што ти сакаш да си купиш квалитетни и оригинал тренерки така јас сакам наочари. Бидејќи носам диоптер и не можам туку така на тепка да изберам. Колку што знам најк патики тука нема под 100 евра така да ти купиш комплет патики најк и тренерки ќе те коштаат исто колку моите на наочари. :D
    Поентата е секој има различни сваќања за што треба да даде повеќе пари, што треба да е квалитетно и оригинално. Ти сакаш и ти требаат тренерки, мене наочари(наверојатно не купувам секој ден наочари и фрлам по 200 евра за нив, него се трајна инвестиција која трае по неколку години па тек потоа ги менувам за нови) некоја сака пак квалитетни и оригинал ташни. :D
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мене носењето на фалс предмети ми е симбол на човековата деградација. Но, и носењето оригинали во случај кога се прескапи и кога за нив се зема кредит и се дава лев бубрег+достоинството, исто така ми е жално. Тие фамозни екстра луксузни бренодви може да си ги дозволат само оние кои кога купуваат не прашуваат за цена. Ако мора да прашаш за цената кога купуваш нешто такво, тогаш не ти е во рамките на способностите. Оригинали носам од оние брендови за масовна потрошувачка, достапни и за наш стандард (Зара, Бершка, Н&М и сите слични на нив). Имам неколку Swatch часовници и накит од Swatch, ама тоа не е некој луксузен бренд. Имам едни фармерки К. Клајн оригинални, еден мантил Burberry и една чантичка P. Cardin и сите ми се подарок. Имам и едно џемперче детско оригинал YSL кое исто го добив на подарок за син ми кога беше бебе (од странци кои може да си дозволат од време на време таков луксуз) и претспоставувам дека тоа е веројатно најскапото парче облека што го имам дома (е сега, признавам, иако одамна го има надраснато, не ми се даваше :P ). И толку. За мене, искрено, скапи ми се и чевли од 5000 денари и ретко си ги дозволувам, а не пак некој светски луксузен бренд. И немам намера да носам било каков фалсификат, уште па и со логото на него, луѓето кои би се импресионирале од нешто такво не се дел од мојот круг луѓе. Сакам убави и квалитетни работи, ама од оние кои се достапни на мојот џеб. Ќе си носам чевли од Пеко и од Биана и супер ми се, воопшто, ама воопшто не патам за Лобутин чевли или Патек часовник или Монблан пенкало. Секоја чест на сите што можат да си ги дозволат, ама никогаш не би ги посакала дури ни од Дедо Мраз :D . Имам попаметни желби.
     
    На Neytiri и Gea им се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Да, ама јас не велам дека луѓето со неоригинал тренерки изгледаат лажно. Ниту пак велеам "абе секој може да се дозволи оригнал патики".
    Едно е желба да поседуваш оригинали, друго е да збориш дека оние со фејк изгледаат лажно.
    И јас велам секој со различни сфаќања, и сфаќам дека како што јас сакам патики така ти сакаш наочари, некој трет сака ташни. Ама не те сфаќам како можеш да осудуваш и да велиш дека секој можел да си дозволи
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    A, зошто мора да купиме нешто за кое ќе треба да чекаме одобрение од нашава прекрасна раја која се замара дали нешто било фејк или не?
    Да имам пари ќе си купам Луи Витон оригинал и ќе си ја носам, зошто мора на некој да му поднесувам извештај за тоа што носам на мене?
     
    На JuLleE, Sarasweet, Gea и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    7.278
    Пол:
    Женски
    Абе за некој и тие наочари од 500ден. се скапи. Јас не можам да сфатам, од една страна сите се жалиме нема пари, нема работа се е скапо, а од друга страна сите сакаат да носат оригинали.
    Иначе fashionista тоа што имаш диоптер (иако и да немаш) е важно да носиш квалитетни стакла, а не скапа оригинал рамка. Посебно твоите стакла кои се изработуваат посебно немаат врска со изборот на рамката.
    И се согласувам со Ashling. Што е воопшто важно дали некој ќе поверува или не?
     
    На Sarasweet и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    И јас не сум по фејк ствари, од таа причина што ги носат сите.
    Не сум помодарка и никогаш нема да бидам, едноставно купувам што ми се свиѓа и не гледам дали нешто е фејк или не.
    Конкретно за Шанел ташните, отсекогаш сум сакала таков модел на ташна, па и изгледот.
    И кога конечно почнаа да се продаваат кај нас, што да ви кажам радост до небо
    Ама ко за беља кога ги гледаш сите околу тебе со едно те исто, ти поминува меракот.
    И не си купив ташна, многу нормално.

    Исто за моделот на Мулбери што има претходно слика поставено.
    И тој модел многу ми се допаѓа без разлика дали е копија или не.

    А Луј Витон не би купила па последни да се. Не ги сакам и крај.
    Гледајќи по луѓе како се перчат како боже којзнае што купиле, кога еден циго во Шутка ми ги нудеше за 100 денари :D
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Диоптерот е тој, без разлика дали е од 10 000 денари наочарата или не е. Јас носам наочари со диоптер, рамката ја зедов околу 2000 денари, уште се каам за ова, на пазар за тие пари ќе си земев во разни бои и ќе си ги мењав.
    И да, дека се 2000 денари моите рамки сигурно не ослепев, ги скршив вчера по 2 ипол години носење и тоа од моја невнимателност, инаку ќе ги носев уште.
    Ако ти имаш да си дозволиш макар и со диоптер од 10 000 денари, некој нема. Исто како што нема секој да си дозволи чанта од исто толку денари.
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    E, e, e ..чекајте малку, да се умешам и јас.
    Од 4 години носам наочари и на нив многу гледам да се квалитетни.
    Стаклата стандард, со заштита од зрачење, пластифицирани 2500,a и на рамки многу гледам квалитет.

    За разлика од мене, татко ми сега носи наочари, купува од на пазар за 100-200 денари и секој месец не поминува без да му се скршат рамките.
    Малку да паднат и одма се виткаат,а моите да не ги урочам веќе 4та година се здрави-прави,а жал ми паѓа кога ќе помислам колку се истрауматизирани од моето (не)внимание.
    Разликата меѓу мене и татко ми е тоа што јас еднаш сум платила скапо за рамки,ама 4 години си ја ладам, за разлика од мене тато купува секој месец, втор, наочари што значи плус пари за стакла.
    Ама, уште неможам да го убедам дека не му е исплатливо.

    И втора работа.
    Наочари за сонце.
    Има разлика од пластични наочари и брендирани, затоа што брендираните се со стакла, со заштита.. со овие обичниве само маки ќе истргаш, па и можи како на брат ми пред 10 години да си купи со диоптер наочари за сонце.
    Убавини.
     
    На fashionista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Росонерка, и јас мислам дека се збуни- Фенди е, не е Ферди ;)

    А инаку мене страшно кичесто ми делува некоја девојка кога носи чанта, марама или чевли кои вриштат , нашарани со логоата Луј Витон, Гучи, или Фенди, принтот со весник од Галијано иако морам да признаам дека и јас имам едно мало чантиче со логото на фенди (ама дискретно е ептен), ама не го купив да се перчам со фејк работи, туку ептен ми одговараа боите со едни чевли кои ги имам, па затоа и се решив да го купам.

    А вакви девојки а ла Софи Каракаева кои се китат со облека со букви, ми се тотално несфатливи, можеби е грешка, ама веднаш ги сметам за глупи и не ни почнувам муабет со нив,или и да сум се дружела кога ќе ја видам со таква чанта некако се разочарувам од неа :( , а во право е девојчето што пиша за девојки од Битола, не знам што им е, ама секоја 2ра, да не кажам секоја, има чанта ЛВ и соодветна марама |( .

    Јас тоа го нарекувам синдром на скороевиќи- некој штотуку дошол до некоја пара и сака да се истакне со скап бренд (ова за оние кои носат оргинал такви работи на кои апла се гледа логото), а не се свесни дека оние кои од секогаш имале и пари, а и стил, никогаш не парадираат со вакви работи, туку носат оригинали на кои нема лого, или дискретно е вметнато.

    А зошто се носат фалсификатите, не знам, и искрено не ни сакам да размислувам, жални ми се тие девојки...


    Едит- за наочарите од пазар, да, убави се рамките, ама пробајте да ги носите да видите како стегаат предизвикуваат болка позади увото, па не се осеќате пријатно носејќи ги. За ваква работа се знае, рамки од оптика, не мора да се 10000денари, ама не ги купувајте од пазар ;)
     
    На FBI, rossonerka, Akana и 2 други им се допаѓа ова.