1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фалсификати и копии на модните брендови

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 декември 2011.

  1. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Абе постариве никако да сфатат за тие наочари од 100-200ден. Замислете идат од Кина, којзнае колку пати се препродадени и ние ги продаваме 100ден. со се стакла и сите имаме заработка. Колку може да се квалитетни :?: Ама не значи дека нема квалитетни рамки ако не се оригинал. Не е поентата да ги дадеш толку пари кога можеш да поминеш многу поефтино со квалитетни ама не се бренд. Сепак секој си знае.
    Што се однесува до наочарите за сонце малку измеша. Значи и имитации има и метални и пластични и брендирани и метални и пластични
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се замешам кога станува збор за диоптерски очила, првите 2 пара ми беа околу 2,3000 денари можеби и повеќе. Ги носев по 4 години зошто ми станаа мали. По нив почнав да купувам од пазар и ги носам по 2 години. МИ се скршиле зошто сум ги лупнала од земја или зошто сум ги згазила. За стаклата не правиме муабет зошто мора да се стават убави од оптичар, па рамката и стаклото немаат врска.

    Во однос на муабетов за фејк, не скаам фејк. Имам една кафена чанта, често ја гледате во модни критики и има една плочка на која нема ништо, постојано ја кријам.
    За чевлите не гледам одоздола да имаат црвено, но ете случајно се погодиле 2,3 пара такви.
    Искрено ми пречи кога некој носи фејк со огромни логоа, ако е премногу упадливо, но ако не се забележува многу не ми пречи.
     
  3. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    Offspring значи јас тоа што го кажав го мислиш буквално. сега јас немам попаметна работа па да се гледам во секоја што носи и да коментирам. само кажувам дека имам забележано. епа сега можеби не си од бт и не знаеш каков е менталитетот тука се разбира не велам за сите фала богу ама некои се фалат со тие модни парчиња што ги имаат што се разбира копија се и ќе земат што и да е само да го има логото на некој познат дизајнер.
     
  4. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Купувам она што ми се допаѓа лично мене и убаво ми стои.
    Доколку на некој друг не му се допаѓа тоа е негов проблем (немаме ист вкус) не мој.
    Битно јас се чувствувам удобно во тоа што го носам.
    Притоа не гледам дали е нечива копија или го има некоја моја другарка или пола Скопје.

    Не се срамам никогаш од тоа што го носам, без разлика дали сум го купила во Рамстор, или сум го купила во Шутка, или на друг пазар, дали во Солун.
    Колку што ми е долга чергата толку ќе си ги пуштам нозете, и никогаш не сум копнеела по прескапи работи кои се марка, а уште помалку да се фалам, или пак да се срамам доколку поседувам нешто такво.

    Секој си има свој стил и не можам јас да му речам на некого леле ти фејк ташна си купила мојава е оригинална или обратно некој мене да ми рече така.

    Немам ништо против копии ниту оригинали ниту пак спрема оние кои ги носат.
    Доколку ми се допадне некој модел на фустанче ќе си го сошијам, доколку треба да го платам 5000 ден, јас ке го сошијам докај 1 500ден.
    Исто имам споменато во една тема дека во една продавница во Рамстор видов блуза некаде 700 или 900 ден беше, а во Пренди истата, скроз истата беше 200ден. (па секако дека ќе ја купам во Пренди)
    Како што кажаа погоре феминките нема потреба никому да му објаснуваме и да се докажуваме. :)
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ама незнам зашто измешавте сега оригинали и копии со квалитет.
    Па многу јасно е дека оригналите се поквалитетни. Нормално дека рамките од 3000 денари ќе траат подолго, нормално дека лобутинките ми се далеку позгодни од чизмичките од 1500 денари, нормално дека патиките од конверс ќе ги носам подолго од патиките од пазарче*....За секој оригинал можам да ве убедам зашто е подобар.
    Него проблемот е што не секој може да си дозволи, некој мора да си ги задоволува желбите со копии. А сега колку е тоа оправдано и кој какво сфаќање има за овие копии е тема на разговор

    *нормално дека и од ова има исклучок
     
    На JuLleE, Divinebutterfly и Ashling им се допаѓа ова.
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Minnie-e
    Сакав да кажам дека не е исто да земеш рамки од на пазар и од оптика.
    Не мора да се Прада или Версаче, но не се исти ко оние од на пазар и тоа е факт и тоа ебан факт!
    Да беа исто квалитетни како од пазар, ќе купувавме сите од пазар.
    Мојов оптичар да ми е здрав и жив кога и да купувам наочари обавезно ги шири до немајкаде, ги фрла, само за да ми докажи дека се квалитетни.


    И марама мојата поврзаност меѓу рамката и стаклото е тоа што(како што кажав по примерот на татко ми) да ти паднат и веднаш се виткаат или се одлепуваат како со течен лепак за китење на рачно изработени новогодишни честитки да се лепени.
    Моите наочари ми паѓале по бетони, ми се тркалале по скали, сум спиела со нив, сум ги ставала под перница, не се ни малку оштетени во овие 4 години.
    А,ако купувам на секое наочари од пазар, со вакво невнимание ќе треба секој втор ден да купувам.
    А, со секое купување наочари не можеш на истиот оквир да ги ставиш стаклата од претходните наочари.. освен ако не си носел поголеми па сега да ги смали некако.

    И рејбан наочари не е исто со наочари од на пазар.
    Рамката е иста, ама стаклото исто е?
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Токму поради тоа што имам искуство и со пазарски тврдам дека нема разлика. И јас сум заспивала со овие, но газење па не знам од што да се направени нема да издржат.
    За очила за сонце не можем да зборувам поради тоа што никогаш не сум носела. Но, за диоптерски тврдам дека нема разлика. Можеби 16- годишното искуство ми помага да одбирам добри очила, кои чинат 150- 300 денари, а да траат со години.
    Значи битно е стаклото да биде од оптичар, а рамката е сосема небитна.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.718
    Допаѓања:
    162.419
    Се фативте и за помагалото кое најмалку треба да биде тангирано од моментот бренд или оригинал,иако и пазарска рамка ќе ти заврши работа,а стаклата мора да бидат добри и квалитетни во интерес на твојот вид. Имам една рамка која ме чинеше 6000 денари и е тотално без марка име(а не е од пазар,од оптика е),комплет со се стаклата и не беше предмет на дискусија дали ќе се дадат тие пари или ќе се избегнат,затоа што е А МАСТ! За вакво нешто,кое е повеќе медицинско помагало (да,дури и оние за сонце),не треба да се фатите за моментот бренд!
    Дури и пазарски очила кои ви се допаѓаат,стаклата мора да ги замените на оптичар со квалитетни,освен ако не сте ко мене,склтеџија и ги носи само за да му ја држат фризурата,а не на очи.

    Само сеуште не ми е јасно како ташната Луи витон ќе ми го унапреди животот и како светот го направи подобро место за живеење. Ете тоа не ми е јасно! И не ми е јасно како Лобутинките кои освен сериозни повреди за зглобови и дополнителни медицински трошоци,нарани дете во Африка или закрпи дупка у Чаир.
    Ги мешате брзините СТРАШНО,сакам да се симнам сместа!
     
    На kate21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Извини ама пак не ја докажа поврзаноста на стаклата со рамката. Стаклата обично се пластични и не се кршат ако ги фрлаш, гмечиш или било што. Мене дури автобус ми ги згази наочарите. Едното стакло се направи сол а другото остана нечепнато немаше ни гребаница. Да е жив и здрав "мојот оптичар" и рамката ми ја исправи. како ништо да не било (џабе толку плачење фрлив :D ).
    А пак муабетот за татко ти. Значи не правиме муабет за тие од 100ден. јас дури и на купувачите секогаш им нагласувам дека се ѓубре тие наочари, не ги ни сметам за наочари. Е сега кој сака да купи нека повели.
    Се извинувам што премногу забегавме од темата :$
     
  10. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Избегнувам да носам копии од модниве брендови. LV, Chanel, burberry посебно овие ги избегнувам, бидејќи ептен ми се исфорсирани и не ми се допаѓа тоа. Оргиналите секако неможам да си ги дозволам, а и кога би можела не би фрлила толку пари за едно парче. Не осудувам ниту омаловажувам некој што носи фаслсификати, тоа си е личен избор, ете јас не сакам и не носам.
    Би сакала очила за сонце оргинал некои, и се надевам еден ден ќе можам да си ги приуштам, инаку досега патики никогаш немам купено од пазар, маниа и слични, бидејќи не ми трпи ногата си имам малце специфична нога и глеам да ми се удобни и квалитетни патиките, и воопшто сите обувки, освен штиклите за излегување се разбира :)

    Пред година дена си ја купив ташничкава, премногу ми се допаѓаа шанел ташничките што го преплавија скопјево, а не ми се купуваше таква, и си ја најдов оваа, соодветната замена :D
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC01706.JPG
      DSC01706.JPG
      Големина на фајлот:
      307,1 KB
      Прегледи:
      195
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Мини
    Поврзаноста е во квалитетот!
    И ти зборував за рамките дека ми се здрави и прави, исто како стаклата, не само стаклата.

    Крзно : природно vs вештачко
    Бренд: оригинал vs фејк

    Иста дискусија со различни зборови.
     
  12. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    А јас упорно сакам да ти кажам дека рамката ти е оригинал Реј бан или што знам каква, а не стаклата. Пошто сама кажа дека си ги правела по нарачка.
    Упс грешка. Се помешав со fashionista. Таа кажа дека има сончеви со диоптер. а за тебе уште не сфатив дали зборуваш за сончеви или диоптерски, и ако се диоптерски на какви оригинал стакла мислиш (пошто го споредуваше татко ти).
    Ако зборуваш за оригинал сончеви Реј бан или сл. тогаш тоа е друго
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Ова го напишав јас во една слична тема,во врска со дизајнерски логоа.Значи пак ќе си кажам дека гардероба со огромни натписи,чанти со шанел букви од авион да ги видиш без разлика дали се фејк или оргинал мене ми се грди.
    ЛВ кафените ташни исто така без разлика дали се фејк или не станаа многу досадни.Имав јас една ФЕЈК лв од тие бело сиво што се и нема плочки и не пишува ништо на нејзе.Ја носев доста време и не се чуствував селски затоа што е некоја си таму копија.Не патам од тоа да имам брендирана гардероба и чанта од 3000 долари,ако ми се свиѓа ќе купам можеби понекогаш и фејк,затоа што и фејкот може да изгледа одлично.
    Имаше постирано Ашлинг една ташна шанел,која е фејк и е преубава е таква би купила,или пак Хермес ма најфејк нека е,ако е добро изработена ќе ја купам и ич уво не ми чуе дека копија била.
    Муабетот ми е дека не ми смета нешто толку многу,доколку некое парче што би го купила е фејк,нормално нема да се облечам од глава до пети од битпазар и да се туфлам демек ОРГИНАЛ МИ Е како да не,не патам да кажам дека ми е копија.

    А,да и заборавив да додадам баш ми е гајле дека сите ги носеле па мојата немало да се познава,дека е оргинал,абре ајде па јас ја носам за себе а не за другите да знаат,ај ако не ќе се шетаме со блузите наопачки да ни се гледа етикетата.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.718
    Допаѓања:
    162.419
    Хмммм...риалити чек!
    [​IMG]


    Ах...!
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е шо па и да се копии...Не се родиле мајка ми и татко ми милионери :^) Има поважни работи за кои треба да се дадат пари.Плус некогаш има работи кои не се оригинали,не се марка,а вредат за парите.Важното е да не се фалиш,а дека можи и таква копија да те се бендиса и да си купиш,ќе си купиш.Чудо големо ако било марка.Баш има некои работи од оригиналните шо се како парталчиња или па со грозни бои или невкусно скроени,за такви никогаш не би дала пари,па и ефтини да се.

    Некоја чанта или облека и фејк да се,ако ми се допаѓа,би си ја купила.Некогаш од обични парчиња е важно да си направиш убава комбинација и да ја носиш стилно,а шо дека има некои што купуваат марки,а не знаат како да ги носат(многу од славните пример). :fubar:
     
    На Sarasweet и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Отиде темава јабана..

    Ај тогаш и нешто за искомплексирани теткици, пошто се голи за време на чинот и не се гледа дали носат нешто брендирано земете си такво нешто да ве знаат дека сте на нивоу.

    [​IMG]
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ Јас свршавам само на брендирано кондомче и парталче :D


    Иначе да Фенди е грешка моја :)
    И да поквалитетни се брендираните работи, но не значи дека се вечни.
    А и не значи дека ако Лобутинки купиш дека ќе газиш на памук. Напротив сите се жалат дека не се згодни воопшто и секако како и секоја чевла по некое време се уништува. Нема да се уништи како онаа од шутка за 1 месец, ама ако ја удриш силно нема да остане неизгребано.
    Исто ко да удриш ферари и фиат пунто, може првово помалку ќе се оштети, ама ќе се оштети.
     
    На kate21 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    За оние брендирани работи што се прескапи не дискутирам зашто никогаш не сум имала ниту пак планирам да имам.
    Но убедена сум дека има разлика во квалитетот на добри фармерки, на пример, и ефтини фармерки. За некои работи (фармерки, јакна, очила, чевли, патики), да, би купила оригинал и релативно поскапо парче, ќе го купам еднаш и ќе носам повеќе време, зашто за разлика од повеќето - не ми е важно да имам многу облека за менување.
    Пред некој ден забележав прекрасно палто O'Neill, прашав колку пари е, околу 8000 беше. Во ред, не можам да си го дозволам, но нема сега да велам дека не чини и дека за овие 1500 што ги имам во џеб ќе си најдам поубаво, затоа што - има разлика.

    Еве на пример, имате 2000 денари за фармерки. Влегувате во Левис, има голем попуст и наоѓате преубави фармерки за тие пари. Дали ќе ги купите нив, или неквалитетни фармерки за истите пари?

    Фалсификати со логоа не ме привлекуваат, ниту пак нивните оригинални верзии, но сепак има разлика меѓу квалитетно и неквалитетно парче.
     
    На fashionista, Peppermint, FBI и 6 други им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ама Ливинг не секогаш брендот значи и квалитет. Не велам дека не се поквалитетни, ама нема сигурност 100%, не ти гарантира долготрајност. Немаш гаранција како кај телевизор, па ако не се покаже добар врати го. Овде ако лупнеш 10 илјади за чевли, ако ти се скинат ништо здравје ќе си купиш нови.
    Пеко чевлите што ако има по 7-8 илјади што се кога има што пропуштаат вода со сигурност тврдам, ене мајка ми ги носи на суво.
    Има и други многу примери. Не знам која кажа имал проблеми веднаш се скинала Мона чанта.
    На другарка новчаникот Луи Витон и се скина за 6 месеци отприлика. Се откачи копчето за закопчување, што ако даде 250 евра, за џабе.
    Веќе не постои гаранцијата дека ако нешто го платиш скапо ќе вреди. А скапото е секогаш бренд нели.
    Веќе и брендовите не се тоа што беа.
    Ах да на татко ми Адидасот траат 30 години и јаче, моите за 3 години се пред за во канта фрлање.
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.718
    Допаѓања:
    162.419
    Теорија на релативитет со теорија на употребна вредност,реална вредност и пазарна вредност на производот.
    Тоа ме нервира и тоа го нервира обичниот свет. Начинот на кој се идолизираат...што,парчиња облека?! Која е нивната реална вредност за да не смее да постои фалсификат на истото?!
    Марката сама по себе не значи квалитет и во теорија е така и во пракса.

    Карина,зошто е отидена темава по ѓаволите?! Јас гледам тука многу здрава дискусија која дури и има простор да се стане пожустра со аргументи.
     
    На kate21, rossonerka, starfish и 1 друга личност им се допаѓа ова.