1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фалсификати и копии на модните брендови

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 декември 2011.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.166
    Допаѓања:
    234.954
    Не носам брендирани парчиња од причина што не се опседнувам да носам Луј Витон или Фенди.
    Не ми е приоритет да си купам Шанел ташна или Мулбери или лобутинки, туку ми е важно да си купам облека за да има што да носам.
    Но ако некој ми подари зошто да не? Ако еден ден можам да си купам лобутинки зошто да не?
    И секако дека нема да ги кријам дома и да ги користам како несесер за шминки, бидејќи сите носеле копии. Тоа му доаѓа исто како оние кои се замараат да носат копии со лого и потписи.
    Ми се допаднале и сум ги купила. Јас никогаш не гледам што марка е кога купувам, гледам да ми се допадне, и ете тие случајно ми се допаднале и ќе си ги купам.
    Никогаш не сум била обожавател на брендот Луј Витон, копиите ми се смешни и не би ги носела, ама ете случајно имам чевли слични на лобутинки, а поима немав дека се бледа копија.
    Исто има црна ташна од пред 2 години слична на денешните Шанелки, ама никаде нема лого на Шанел туку обично си се закопчува. И неа ли да не ја носам оти била копија.
    Па денес се е копија, се се копира, и сите вие кои велите дека не носите копии всушност носите.
    Е сега опседнатоста со носење копии и глумење дека носиш оригинал е друга работа која треба да се разгледува од друг аспект, би рекла психијатриски. Исто и оној за опседнатоста да носеш Шанел, Луј Витон, Фенди.
    За производството на истите за кои деца црнчат за 1 долар во целост се согласувам со постот на Лилит.

    За жал немаме сите можности да купуваме оригинали, мораме да се задоволиме со копии. И Зара има копии па сите ја носиме.
    Се додека нешто е удобно и прифатливо за мојот џеб јас радо би купила, макар и да е копија, се доколку нема букви, детелини и слични работи кои ми се тотално кичерајски, но радо би си ја купила ташната Мулбери- копијата.
     
    На Sarasweet и Gea им се допаѓа ова.
  2. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    7.278
    Пол:
    Женски
    Се согласувам само сакам да кажам за чевлите од Пеко или од било каде. Без разлика колку ќе го платите тоа не ви кажува дека не пропушта вода. Деновиве барав исклучиво водоотпорни чевли и во некои продавници воопшто немаа, а по други по 1, 2 модели. Адамс Шус немаа водоотпорни со декларација (туку чисто мислење на продавачката :^) ), во Пеко само на Планика се водоотпорни Адидас, Најк имаа по 2 модели и сл. Значи модели колку сакаш ама водоотпорни со декларација односно гаранција се на се видов десетина.
    Иначе заклучоков "Веќе и брендовите не се тоа што беа" ти го ценам. Има и исклучоци ама во глобала е така. Гардероба и се друго што е марка од времето, што имаат моите по дома уште се како сега купени. На денешно време се трае 2,3 сезони максимум.
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Епа темава како што гледам гласи фалсификати и копии на модните брендови, а тука се плука и се дискутира околу оригиналите. Подобро да гласи копии наспроти оригинали кога е веќе така.

    Се изјаснив не сум дала лично пари за оригинал сама затоа што мислам дека не вреди да си ги давам парите за тоа. Порано барем немаше толку фејк кај нас, сега е преплавено па можеби затоа е и таа одбивност и против самите оригинали. Сум добила на подарок да, ама тоа е мое право дали ќе ја носам воопшто.

    Реално оригиналите немаат ни приближна вредност со цената по која се продаваат, но тие всушност се средство преку кое се разликува кој е намрсен а кој не. За жал така е, да не беа тие ќе немаше како да се идздвојат мамини размазени принцези од останатите.

    Ама да се проценуваат луѓето што ги носат како глупи тоа е веќе премногу. Кој што сака нека си носи, додека не ме замара мене што носам и како носам, не ми пречи бе. Секој за себе.
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Аууу секогаш кога се запознавам со некој викам, леелее ау каково парче гаредроба мора де е Луис Вутон, Гучи..уууу јака си браво. Имаш добар вкус и имиџ, браво а да пукне сега. Особено многу се палам кога ќе видам огромни букви, очи што ми вадат и ме потсеќаат од кого се, вруќо е тоа. Или пак немаш на мајца D&G и да изгледаш ко фраерине и девојкине на билборди, неќам ни да правам муабет бе. Како тоа? А ова бренд зборот треба нешто да значи како кул?

    Реално нечиј потпис од некој креатор на парче предмет и гардероба нешто па и не ме прави среќна, или па да ми го набилда егото. Не сум жртва на модна индустрија нема нит да бидам. И да бидам милионерка и милијардерка знам дека ќе си влезам пак во втора рака продавница, ќе си купам чизми, ќе си купам ташни и еден куп други работи што мали пари а изгледаат сосема добро и со сепак задржан квалитет. Новачникот душа му извадив си го купив од Бит Пазар еве веќе 7-ма година како си го користам а беше само 150 денари. Нит има лого на него, има патент, прегради и се затвара си ја врши функцијата. Реално да дадам пари за некое парче гардероба така звано оригиниал или бренд со огормна сума нема, па да треба цел месец да го облакам соблакам само него нема. Туку ќе си најдам нешто со сосема добар квалитет, со пристојна цена. Кое ќе ги задоволи моите потреби, дали за преку ден дали за некоја пригода. И за мали пари можеш да најдеш квалитет.
     
    На Divinebutterfly, FBI, jessica24 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа, сите имаме ефтини парчиња од кои сме задоволни.
    Ама ако правиме споредба, има разлика меѓу парчињата со повисока цена и оние со пониска, барем според мене.
    Се согласувам и со тоа дека модната индустрија е нечесна, гнасна, но не правам муабет за таа висока класа, туку за она што можеме да си го дозволиме на нашиот пазар.
    Еве на пример, имам фалсификат ефтини тренерки, имам и обични од турско производство, си ги носам и не ми се лоши. Но ако имам пари, да, ќе си купам Најк или Пума не поради името, туку затоа што сосема поинаку легнуваат на тело, поквалитетни се и поубаво ја обликуваат фигурата. И не мислам дека би била сноб поради тоа. Или фустан, ако сакам некој поскап убав фустан за специјална пригода а имам пари да си го дозволам (некогаш), зошто да не? Не мислам дека тоа би ме направило сноб.

    Еве нешто што сите сме имале можност да го испробаме и да се увериме - оригинал парфем и копија.
    Мислите ли дека копиите се доволно добри за повеќе да не посакате оригинален парфем? Јас лично не, не мислам така. Има огромна разлика во развивањето на нотите, првата можеби ќе е иста но после пет минути се чувствува разликата. Плус креирањето парфеми е цела наука, море уметност, тие луѓе се големи таленти и не мислам дека е фер да им се украде изумот и да се продава ефтино.
     
    На Divinebutterfly, Gea и karina8 им се допаѓа ова.
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Абе едно е повеќе од јасно колку и да се оригиналите неквалитетни, во секој случај пак се 33231 пати поквалитетни од нивната имитација. Зборам за иста работа, оригинал и фејк да не се разбереме погрешно.

    Ете на пример да ги оставиме чантите и слично, коа сте се фатиле за нив како слеп за стап :wasntme: Оти кога не ви е битно дали е оригинал купувате најк или адидас патики, оти не земате од Шутка нивна копија. А башка што и на самите патики има лого најк или адидас што јасно се гледа и од авион. Оти тогаш не ви пречи да носите видливо лого на себе, да збориме за нешто што ни е достапно барем.
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Парфемот од бренд си е парфем во вистинска смисла на зборот. Оригинален парфем неспоредлив.
    Дали си видела парфем со попуст поголем од 20% кои се да речеме за нова година, некои празници само. Парфемот секогаш држи цена зашто вреди.

    А облеката им паѓа цената зашто првичната реална цена не вреди. Ставаат некое парче 10 илјади цена, оди после на 50% попуст, за на крај 70% да му стават и да имаат и ќар и со 70% попуст. Ќар во однос и со таа цена да им се исплати иизработка и материјал и пат и трошоци и кирии и се.

    Јас лично последниве години 3-4 години можам да набројам неколку парчиња кои сум ги купила кои не се на попуст. Се научив да функционирам со 2 шопинзи годишно и ситници кои ги купувам преку годината и тоа секогаш се ефтини шутка, еко, пазар, елит, мана фешн и некои малски продавнички, пикокс или њујоркер само таму влегувам.
    Последните скапо фармерки ми беа пред 2 години од тејли вејл, 50сетина евра ги платив само што стигнаа а ми требаа хитно фармерки, се скинаа и се излижаа, лом се. Шиени ми се кај препоните од што ми се скина :$ Сите други ми се 7 евра, 10 евра, 15 евра на попуст и да ми се скине не ми е мака.

    И да сакам да си купам едни квалитетни чизми кожни кои ќе ми траат. НО ќе ги купам на попуст. Само зашто не им верувам дека цената ми гарантира издржливост, а со 70% намалена цена барем поразот дека сум купила крш чевла неквалитетна а притоа и бренд ќе го примам полесно на срцево. Тоа е не им верувам на квалитетот на брендовите, ги купувам исклучиво на голем попуст кој е прифатлив :)
     
    На jessica24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Епа Росоњерка затоа и чекаш попуст, сепак им признаваш вредност.
    Купуваш на попуст парче што некогаш било поскапо а сега е ефтино, наместо парче фалсификат што отсекогаш си било ефтино.

    И јас го правам истото.
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Па ако речеме дека Тера Нова, Фиори се некој бренд, ја да ви кажам право нив ги чекам на попуст за да купам нешто.. се е релевантно..
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас кажав дека се поквалитетни од фалсификатите и во претходните постови.
    Ама кажав дека не ми гарантира квалитет.
    Ценам парфем и добар часовник тие се работите кои според мене вреди да се даде пари.
    И очилата заради стаклото, зашто од овие кинесиве може да оќоравиме, ама јас лично немам брендовски очила.
    И јас шопингот го правам на брендовиве за широка потрошувачка кои нималку не се квалитетни.
    За мене не е моден бренд Зара, Манго, Бершка, тоа си се продавници во кои си купувам преефтино. Јас лично одам на квантитет и на повеќе избор. Со ретки исклучоци кога сум купила неколку поквалитетни работи. А тие работи се најчесто од македонско производство како капути и чевли поквалитетни и поскапи кои на прсти ги имам. Зашто повеќе ги ценам македонскиве производители, него да речам Пеко ил Манго.
    А да имам пари ете ќе чекам да и попуст на Бурбери палто, ама исклучиво на попуст исто и со чевли лобутин, да видам некои апла ефтини ќе ги купам ама САМО ако ми се свиѓа моделот. А да не јадам и да трпам за да ги имам и да платам 700 долари на нив и да ги комбинирам со моето фустанче од Бершка кое е 5 евра... не фала.
    Знам луѓе што пред да одам на апсолвентски цела година дремеле дома само за да купат нешто брендовско. Тоа не е нормално за мене.
    А копии сегде околу нас има, некои ги купуваат незнаејки и им се свиѓа моделот, а некои ги купуваат зашто знаат дека се копија и само поради тоа. Е тоа не го сваќам.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Гледам за очила и парфеми тргнала работава.
    Парфеми се друго, парфем ти е безвременска работа, парфемот не е чизми над колена па оваа сезона е атрактивен и пола држава да го носи/става.
    Парфемот е според мене обележје на личност, јас на пример за сите мои блиски знам кој какви парфеми сака, какви користи, или кој со години и години наназад го користи.
    Затоа и ретко, скоро никогаш неможеш да видиш парфем на 70% попуст, евентуално на некоја акција или промоција, меѓутоа еве јас Спринг ин Парис на Селин Дион, го „користам“ од 2007-8, значи некои 3-4 години, и ќе го користам се додека се произведува.
    Но неможам во никој случај сега да се обидувам да ги најдам еве чизмите на Пиер Карден од колкција есен-зима 2007-8, тоа е сезонско, го има една сезона и можно е ако имало вишок и следната, но неможе години и години наназад да го користиш.
    Како тетка ми што користи Шанел 5, 20 и кусур години.
    Сигурно не се ко Адидас патиките на татко и на Роси, ги купил еднаш и сеуште ги носи, туку она во континуитет го користи и купува, сега и Роси и татко и да сакаат такви патики нема, ама парфемот го има уште од 1919.

    Исто и со рамките за очила, остануваат долго да ги користиш, не е парталче кое за година-две ќе му мине модата, па прозори ќе гланцаш со памучната или свилената маичка од што ти ја знам, било кој бренд.
    Еве полицајките од Рејбан датираат уште од 1930, па и ден денес се актуелни, нормално сезонски некогаш поише, некогаш помалце, но сепак ако ти се допаѓаат ќе ги носиш без оглед на тренд.

    Но до лани чизми над колена носеа само стриптизети и ептен храбри и слободоумни девојки, сега ги носи и просветен работник, и економиста, и медицински лица.
    Значи гардеробата варира и треновите се менуваат со брзина на светлината.
    Но постојат работат кои со години, и децении се произведуваат и се сеуште актуелни, односни има клиентела што ги купува.
     
    На Markusa2, Neytiri, jessica24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Со тоа што ги чекате на попуст некои брендови, само се докажува дека ги цените како бренд.. само што ви се прескапи за вашиот буџет. Не велам дека мене не ми се да се разбереме.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    И во шутка да има 70% ќе одам да купам.
    Да има Елит/Еко попуст 70% ќе одам да купам.
    Одам за попустот а не брендот.
    Барем јас си кажувам за себе.

    Едит.
    Темава отиде на страна попусти и квалитет. Нема врска се тргам од тука, секој си има свое мислење. Само парфемите се друга работа. Парчињата се друга. Убаво кажа најубава на Петко, потполно се согласувам со неа.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Најубава, така како што ние гледаме на парфемите, оние што сакаат брендирана облека - гледаат на облеката. Имале можност да пробаат и од едното и другото и ја виделе разликата. Да, има луѓе на кои им е важно само името и брендот, но не се сите такви. Всушност секогаш се генерализира во ваквите теми.

    Ако се земам како пример, не купувам облека што е во тренд една сезона никогаш, лично се водам по правилото - keep it simple и никогаш не изгледај како кловн за 20 години кога ќе се видиш на слика, ако купам нешто поскапо од обично, го носам со години.
    Ама мојот личен вкус и преферирања никако не ми даваат за право да оценувам нечија личност само по облеката затоа што јас имам поинакво мислење.

    Сепак овде се работи за вкус, право на избор и можност да си дозволиш.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Не знам дали сте запознаени со маркетинг стратегијата на i phone.
    Поради големиот број на фејк телефони од кина по некои смешни цени од околу 50-100 еу, се поставило прашањето зошто не преземаат ништо во врска со тоа.
    Одговорот бил едноставен, бесплатен маркетинг.
    Таргет категоријата купувачи на оваа фирма никогаш не би купила од овие фејк, а оној кој го купува секако не може да си го дозволи вистинскиот i phone, т.с не се чуствуваат ни малку загрозени .
    Истото се однесува и за ЛВ ташните.
    Таргет категорија на ЛВ не постои во Македонија.
    Можеби постојат неколку индивидуи кои тоа вистински можат да си дозволат ташна или друго поскапо парче, но поради нивната личност, начин на кои се стекнати средствата....мислењето за брендот добива сосема поинакво значење.
    За да не бидам офф, да дојдам до поентата, Македонија е таргет категорија за фејк ЛВ(и многу други), тоа си го знаеме и веке сме го прифатиле како такво.
    Нa кој му е мерак ке си носи, модна полиција не шета да дели казни или конфискува.

    Многу пореални и подостапни се спортските брендови, обувки...Верувам дека секој прво се води од квалитетот кога ги купува овие парчиња, а потоа се останато. Фејкот кај обувките најлесно може да се осети.
    Фејк не носам.
    Парчиња до неколку стотини евра погледнувам, оние кои се илјадници не.
    Подобро ке се чуствувам во блузи од х&м, ц&а, Зара,Манго од по неколку евра одколку фејк на Д&Г.
    Нема врска со ароганција, снобизам...едноставно карактер е во прашање.

    За мене тоа му иде како кога некој ти се допага, ама бидејки работата е пола пола(ти сакаш, ама он не :rofl: :rofl: :rofl: ) па ајде ке се задоволиш со неговиот другар кој го следи како верно кутре, само оти таму имаш шанси :!: и нели ке си го гледаш оној првиот .
     
    На Markusa2, girl.23, FBI и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Парфемите достигнуваат само 20% попуст, затоа што тие се безвременски. И после 15 години мирисот е ист, за разлика од текстилот кој од сезона во сезона ја менува својата мода.И за да се откачат од старата роба , подобро да ја стават на попуст и да ќарат нешто, отколку да им заостанува по магацини и да ја растргаат стаорци и молци.
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Многу јасно дека за тоа ставаат попусти.
    Зашто инаку се на крај на сезона? Сигурно не за да речат луѓенцата- лелее, се грижат, сакаат поевтино да поминеме.
    Овие адидас и најк патиките во Шутка и на пазарче да не се оригиналка?
    Ги скроиле во некоја текстилна фабрика, опнале печатче и готово. Сигурно не секој втор има матријални средства кои ќе му овозможат месечно да даде шест илјадарчиња на патичиНа.
    За ташни пак да не зборам.
    И попустот си нема благе везе со марката, убаво објасни Геа.


    Џабе ти е сега и да имаш оригиналка ташна од Америка или Бог знае од каде, кога секој втор го има фалсификатот и фура филм. И ти ќе се класифицираш во тие, колку и да објаснуваш дека е навистина оригинал.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Хммм...Некако ми е смешно да шетам со Луј Вутон или Мулбери фејк ташна .Тоа не би била јас...подобро би се чувствувала со ташна ноу нејм од 500 денари.Фејк брендираната облека ми има горчлив вкус,како да глумам нешто што сите околу мене се свесни дека не сум.
    Инаку, да, кога патувам знам да си купам некое небрендирано парче од 5, 10 евра и да го изнаносам.
    Но, длабоко почитувам брендирани безвременски парчиња.
    Имам кошула од Жан Пол Готје која е стара рамно 10 години,се уште е како нова и секогаш кога ќе ја облечам добивам комплименти за неа.
    Имам уште неколку такви брендирани парчиња за кои не сум пожалила ниту еден денар за нив.И секогаш кога сум во можност,а тоа е реееееетко, многу рееееетко си дозволувам по некое такво парче.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Види Ливинг, потполно те сфаќам, еве и јас сум таква, во последно време се помалку и помалку купувам модерни и актуелни работи, и не ги купувам само колку да сум во тренд, туку гледам да ми се допаѓа, да ми прилега, и да можам да го носам со години, значи да има барем некој квалитет.

    Меѓутоа, ако мене ми се допаднало некое брендирано парче, еве да речеме најобични сини тексас фармерки од Мекс, сум ги купила одамна, и ми се скинале, а на класична тексас сина фармерка модата никогаш не и минува, и сега сакам потполно исти такви фармерки, спремна сум да ги платам и тро дупло од претходните, ама ги нема.
    Минуваа сезони и сезони, модели и модели, ама тие ги нема.
    А еве било кој парфем, добро сега не сите но 95% од парфемите од 1990 па дури и многу постари, можеш да ги набавиш и денес, и тоа во било која подобро снабдена парфимерија.
    Јас за фармеркиве ако треба и од Лондон ќе најдам човек да ми ги донесе, ама ги нема, а парфемот ене го каде е Јуник, Космо, Ким и т.д. ќе појдам ќешот на каса, парфемот во ќеса.

    Тоа ми беше поентата на муабетот, дека сепак гардоробата можеш да ја користиш со години, но после неколку сезони неможеш истото парче никако да го набавиш.

    Разлика помеѓу бренд и не бренд не сум забележала, освен фармеркиве од Мекс кои беа пери-носи, и за во школо, и во парк, и во диско, маста им ја извадив неколку години. Е сега овие фармерки од Еко и Шутка можеби ќе ги носам по една година, но за цената која ја платив за оние од Мекс, од Еко и Шутка ќе купев 4-5 па дури и повеќе и ќе имав посебни фармерки за секоја прилика, и различни.

    Гледам Бершка, Теранова и сл. ги споменувате за брендови, тоа за мене се конфекции за комерцијална употреба за средна класа во Македонијава.

    Не делам по класи, но односот на цената на парче во Теранова и во Шутка, кажува дека едните се за нијанса поскапи.
    Иако не сум ни малку загреана по оваа т.н. брендирана гардероба, неколку пати до сега ми се има случено да купам парче од Теранова, Фиори, Калиопе со ист квалитет како парче купено од зелен пазар, од Шутка, од Еко.

    И ќе се надоврзам на постот на Карина, еве јас лично тие претходно набројаните не ги ни сметам за брендови, за мене е бренд Кавали, Версаче, Вера Ванг, Ели Саб, Зухар Мирад... и ако сум финсиски моќна да си дозволам фустан од Е.Сааб на попуст или распродажба ќе го чекам, или за овие другиве т.н. брендови Теранова и сл. исто, ќе чекам распродажба.
    Така не искажувам почит кон брендот туку кон моите финансии, кои јас или некој друг ги заработил, зошто да фрлам повеќе, кога можам за месец два, да го купам за помалку.
     
    На Neytiri, jessica24, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ФАКТ е дека во Македонија немаме маркирана гардероба се е фалсификат!немаме гардероба од прва клас се е тапа....сум споредила јакна што ја имам земено надвор од мкд до ден денес не сменала квалитет и као демек истата другарка што ја има земено од тука се излити за 1 година!!! Но кога некогаш не може секој да си дозволи да носи брендирани облека а сака....тогаш не ги осидувам тие сто купуваат фалсификати бидејќи и вака и така кај нас нели и претходно си казав се е фалсификат!!!