1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фалсификати и копии на модните брендови

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 декември 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Божеее
    ЗНАЧИ!
    Наочари, било за сонце, било со диоптер, купени од марка..(значи тука не мора прада и гучи,имаш и поевтини брендови со прикладни цени) се разликуваат со наочари купени од на пазар.
    Прво и основно, рамката.
    ЦЕЛО ЕБАНО ВРЕМЕ ЗБОРУВАМ ЗА РАМКАТА, ВИЕ ЗА СТАКЛАТА МИ РЕПЛИЦИРАТЕ УПОРНО.
    Има разлика во рамката значи.
    Поквалитетна е.
    За стаклата, за диоптерски нормално мораш на оптика да ти ги направат.
    За наочари за сонце, "стаклата" од пазар не се исти со стаклата на рејбанки на пример.
    И рамката е поквалитетна тука.
    Значи зборувам за севкупниот квалитет на очилата.
    Поевтините варијанти во случајов се помалку квалитетни од очигледни причини.

    Но, тука не вметнувам парчиња облека.
    Никогаш не би заменила свилена маичка Прада, за памучна маичка од "Пелистер" <3
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А не знам зошто и тука мешате основни ствари со луксуз :?:
    Значи, патики оригинал, вредат околу 3-4-5 илјади, за мене солидно, затоа што купувам еднаш во три години, и ми траат, ми вредат и не ми се лупат уште на првото пуцање топка за разлика од Кремона(кој е од Прилеп знае) кои губат форма одма. Тренерки, да, ама кој оригинал, Ли-нинг, кој го купувам неколку години и ми ги оправдува парите. Ама кога станува збор за чанта од Шанел или било која друга марка која исклучиво произведува за оние налицкани шоу ѕвезди, и става енормна цена само затоа што целната група барата со милиони, не! Оригинал, ма кој оригинал, демек онаа нема никогаш да се скини, да ја ставам во вода нема да се собере ко жаба?! Не би рекла. Не би дала толку пари за акцесорис. И би купила и имитации ако мене лично ми се допадне и е по мој вкус затоа што чанти се знае како се носат(кога веќе чантите се пример тука) До сега не сум купила всушност, ама не велам дека никогаш, често изборот е сведен на тие имитации, и знам не би дала пари за оригинал глупост. Јас гледам разумна цена, како што е во случајов со Најк и Адидас, или ете нека е и некоја од нашиве брендови, али не за строго определена висока цена која ја правел некој си „Лагерфилд“
    Значи и тука секоја од нас не може да рече „не“ затоа што постојат брендови и брендови, светски познати марки и марки кои нудат квалитет по нормална цена. Ако станува збор само за тие неколку веќе напоменати, за мене тие и не се нешто корисно, туку орден за богаштина :?: |(
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Најпрво, ги прочитав мислењата во темата и би сакала да дополнам и да реплицирам на некои.

    Роси тоа што на нашиот пазар оди шутот е сосема друга работа. Воопшто не е ист квалитетот на патиките кои ќе ги купиш во УСА, во Англија, Германија и некои други поголеми земји. Тие си имаат строги правила и критериуми, за тоа како треба да изгледа и колку треба да биде квалитетен производот кој ќе се пласира на нивниот пазар.
    За жал, во Македонија секогаш пристика стока со трета класа. Она најнеквалитетното.
    Затоа, јас не би генерализирала дека брендовите (особено Адидас, Рибок и Најк) го загубиле целосно квалитетот кој порано го поседувале. Едноставно се работи за распределба на производството по региони.

    Адамс Шуз не би ги ставила во категорија на брендови, бидејќи немаат ни Ш од бренд. Робата врска нема со италијанска, туку е турска и кинеска и само си ги лепат налепниците мејд ин Итали.
    Плус немаат свое лично производство за да можат да се носат со поимот бренд.


    Јас лично при изборот на облека, гледам таа да ми е пријатна за носење, да се совпаѓа со мојот стил и секако, до некаде да е модерна. Не кажувам дека понекогаш не ми се случува да носам некои убаво изработени копии/ реплики, како сакате наречете ги. Напротив имам неколку парчиња кои се копија на брендови...реплика на Радо саат, Карера наочари- но, сепак ги носам бидејќи ми стојат убаво и не гледам причина зошто некој би ме осудувал дали наочарите и саатот ми се фејк. Кој што сака може да мисли, мое е дали јас ќе ги носам или не. Но, тоа се тие две парчиња и сум ги купила затоа што ми се допаѓале и сум сметала дека вредат за парите.
    Реално гледано, пола од чизмите кои се по нашиве продавници се копија на светски брендови, а и ташните исто. Оние кои не се помодарки, можеби не се ни свесни дека носат копија на чизми или чевли кои вредат од 500 долари па нагоре.
    Туку, зборот ми е не ми пречи да носам емитација која не е означена како бренд, со некои огромни логоа или букви. Ми пречат емитациите на оние добро препознатливи Шанел, Луј Витон, Фенди, Прада, Бурбери, Гучи......сметам дека или треба да носиш оргинален примерок од овие колекции или воопшто не треба да го носиш. Никогаш во животот нема да ставам на себе парче од овие брендови, доколку истото не е оригинал. А и да бидам искрена, не патам да носам парчиња од истите- едноставно не ме влечат и ме потсеќаат на ефтина српска пејачка или спонзоруша.
    Се разбира дека ова мислење сме го стекнале ние, на Балканот, бидејќи во светот мислењето за овие брендови е сосема поинакво.
    Тврдам дека за очила и за добар саат, вреди да се дадат пари, но, доколку се има услови.

    Крај-краева, може до утре да дискутираме дали рамките од пазар или од оптика се поквалитетни.....Јас ќе кажам- секој со своето искуство (за рамките). На некој можеби му се покажале како коска и оние од пазар. За стаклата нема дискусија- мора да се од оптика.

    Значи, јас не ги сакам копиите на брендовите со препознатлив дизајн и лого, но не ми пречи доколку некое парче е копија но не е означено како брендирано.

    И за крај би ја замолила Ашлинг, да ја задржи културата на дискутијата на одредено ниво....Мислам дека нема потреба од е*бано и е*бани, те разбираме што сакаш да кажеш.
     
    На rossonerka, girl.23 и danichap им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Кога се` е преплавено со копии, истото ти се фаќа дали е копија или оригинал.
    Што ако имам нешто оригинално, ќе ми верува некој, ќе го препознае? Не. ;)

    Ако ми е убаво, го купувам, не ми е гајле дали е копија. Не сакам да се перчам и погрешно да се претставувам. Демек носам чанта која чини 300 евра, а во ташната одвај имам 1000ден. :^) :lol:

    А, оригиналите не ни вредат толку. Го плаќаш само името. :!:

    Конкретно за Луј Витон, не сум купила копија, зашто се` е преплавено со нив. :puke:

    Фалсификат, планирано со намера купувам само тренерки - Адидас, Најк, Пума... :emo:
     
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    Адамс Шус ги спомнав пошто беше спомнато и Пеко (за мене се исти) иако ни едното ни другото, а ни нешто трето кај нас не е некојси бренд за какви што беше поентата на темата ама ние си ја затеравме во сосема друг правец. За мејд ин Итали не сум ни погледнала дали пишува пошто колку што имам приметено по последно време на се пишува мејд ин Кина. И во Пума и во Адидас...
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас сеуште мислам дека нема логика да се споредува Пеко со Адамс Шуз. Мислам.....Пеко е звучно име и порано бил поим за квалитет, можеби денес не е со толку голем квалитет, но нема допирни точки за споредба со Адамс Шуз :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски

    Не се сложувам со ова твое мислење,и сама си кажа ти купуваш од 2000 денари а татко ти од 200 денари...а прашање е дали тој не разбира што е подобро или не може човекот одеднаш да собере и да плукне 2000 само за рамки.И таа реченицата со ладење мислам... |(

    Од брендови поседувам само 2 пара наочари на Реј Бан,и тоа ги купив после ласерската операција зашто едноставно окото не ми поднесуваше дебела пластика,како да бев ставила чаршав пред очиве..

    Се друго што имам е таканаречен бренд без марка,фалсификати никогаш не сум гледала да купам,едноставно нештата ми се допаѓаат или не.А кој има пари да си дозволи тогаш нормално е дека ќе гледа да купува она што е во првите редови,зашто нема да се шокира од сметката на каса.
     
  8. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    A зошто цело време зборуваш за рамки од пазар и од оптика, кога муабетот беше за брендирани и не брендирани.
    Прво јас нигде не спомнав дали се или не се квалитетни од тезгите. Впрочем во мојот пост воопшто не спомнав тезги.А друга работа е дека не се сите рамки во оптиките брендирани. Значи или збориш за светски познат бренд наспроти оние со непознат бренд (пошто секоја рамка го има името на фирмата на неа, ама не секое име е докажано и познато за секого) или збориш за оптика наспроти тезга.
    Јас на пример посочив дека и од оние со непознат (или недоволно познат) бренд има со солиден квалитет, и во ниеден момент не споредував рамка од 200ден. која без разлика дали ќе ја купиш на тезга или оптика се знае дека за брзо ќе се скрши со Реј бан или сл.
    И ако не е тајна од кој бренд се твоите рамки?
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    <3
    Гледаш како се разбираме ? :)
    Муабетот мој беше дека рамката на наочари од на пазар е понеквалитетна од оние од оптика,а тоа што се од некој бренд што не е познат за нас, не значи дека се 'небрендирани' ејкеј кинеска фушарија.
    Поефтина варијанта, моментална, но не и поисплатлива(освен, ако не бараш наочари за читање весници)
    Моите се иначе Valentino, ако не е тајна.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да не беа кинезите незнам што ќе правеа они што носат копии од модните брендови :)
    Јасно е кој може да облекува еден моден креатор, има пари и му се може и не му завидувам, негово си е. Некои брендови за прв пат ги видов овде на пр. Л.Витон (и јас ќе се фатам за него :D ) а некои сум ги видела ама појма немав дека биле некој моден бренд.
    Не носам копии и фалсификати од некои познати светски брендови (Кавали, Диор, Шанел...), тоа воопшто не ме исполнува ниту пак патам од таков комплекс и не купувам. Иако не би кажала баш со 100% сигурност дека немам копија кога тие тренерки по дома што ги имам (Пума и Најк ако може да се каже дека се моден бренд за спортска облека) знак прашање дали се оригинал (не верувам) или пак патики.
    И да е копија на крај краева, треба да знаеш како да го носиш или комбинираш, што тоа не е случај кај нас. Едноставно купуваат а не знаат што купуваат, колку да го имаат т.е да се закитат со епитетот на тој моден бренд.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Темава дефинитивно забега и сакам ако е можно да се разграничат неколку работи
    1. Дали општо сакате светски познати брендови и се палите истите?
    2. Во меѓувреме, додека немате доволно пари да купите оригинал, дали би купиле копија од производот?
    3. Дали по секоја цена ќе инсистирате на оригинален производ, макар подразбирало одрекување од многу други работи и штедење?

    Јас веќе одговорив за себе, не се палам на брендови, немам доволно пари за истите и кога би имала - повторно не би купувала.
    За мене е чисто расипништво, и целата фама која се крева, не е ниту до квалитет секогаш, ниту до мода и вкус, едноставно е за престиж.
    А купувањето копија, односно фалсификат на некоја чанта, која и онака е грда дури и оригинална, е веројатно најдолното скалило кое може да се допре.
    Тука веќе апла му кажувате на светот дека очајно сакате да сте дел од целиот тој престиж, натпревар и гламур, а ви е недостижен.
    Чист комплекс.
     
    На rossonerka и FBI им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    1) Да. Ама не ги сакам сите брендови и не сум луда по брендови, т.е. не се палам на нив, но сакам некои од нив. Тек-тук да имам некое парче. :)
    2) Да, би купила копија и купувам копии. Но не поради брендот, туку поради тоа што ми се допаѓа производот, сеедно дали е копија или не. (само тренерки купувам копии, ама намерно, зошто сакам марка, а марките ми се скапи). :)
    3) Да. Знам да заштедам на нешто за да си дозволам некоја поскапа облека, козметика, но сепак за нешто кое не бара многу одрекнување (има брендови и брендови, поефтини и поскапи). Гледам да ја тргнам оваа лоша навика. ;)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не сакам копии на модни брендови, посебно колку се со поизразено лого и големина на истото, толку повеќе ми се одмилува потребата да ги поседувам. Иако фејк Луј Витон марамите и чантите ги носат веќе неколку години, па приказнава ми е малку неактуелна, ама нејсе...

    Инаку што се однесува до тоа ако еден ден бидам во можност да си дозволам, сакам да имам барем еден пар дизајнерски чевли и барем еден фустан од некој од дизајнерите кои ми се допаѓаат. Како што сакам да имам и оригинал уметничка слика и оригинален ракопис или книга. Значи не сонувам да имам полн плакар или посебна соба за чевли сите со звучни потписи на врвни дизајнерски имиња, ама да имам барем еден примерок да, сакам, без лажна скромност дека до крајот на животот ќе купувам во поевтини или во секнд хенд продавничиња или по пазари поради некоја потреба од етичка точка наметната, што пак остава простор за сомнеж во чистотата на мотивацијата. Ако тоа ме прави плитка во нечии очи - нека.

    Бидејќи иако знам дека на светот умираат дечиња за храна, ама има милијардери кои трошат многу, но и даваат многу во добротворни цели, има и такви што користат јавен превоз (сум читала за ваков случај) и што не даваат и едно париче за поткусурување да помогнат некому. Никогаш нештата не се баш црно-бели и кутрите експлоатирани луѓе ако не шијат за некоја модна куќа за никаква дневница, ќе бидат пратени на некоја од плантажите за чај, каде ќе го изгубат здравјето или животот од инсектицидите и пестицидите пак за - никаква дневница.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Не би купила вакви копии, ако веќе сакам да ја следам модата за тие 4000 место да давам за ефтина копија на Луј Витон ќе си купам една супер чанта од МАНГО и тоа е тоа !!!! НЕ ! НЕ ! и НЕ ! за овие плагијаторски а огин скапи копии на високобрендирани фирми!
     
  15. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Денеска тешко да најдеш оригинал. Влезеш во продавница и ти велат а а а ова е многу убаво огригинал и од таа и таа марка се многу се идржливи....дрн,дрн. :talk: Се ти изнакажат те убедат да ги купиш. Лупнеш 2 -3 илјади за нив и веќе следниот месец гледаш како џонот почнува да се одлепува, да се лупат. И сега каков квалитет?ОРИГИНАЛ?? :swear: Според мене денеска се се копии...ретко да има оригинал.
    Јас затоа обувка си нарачувам. Еве сега тие Wallmax. мајка ми ги зема и многу се убави и меки. Убави на изглед и џонот убав дебел, а не онаа ни 1 цм џон нема.И јас со задоволство би дала 3 000 за убави чизми кои нема да се цепаат, лупат.
    А за штиклите, незнам. Сеуште не носам. :$
    Но еве според мајка ми најубави се од Biana shoes. Всушност во други ,,поскапи,, продавници мајка ми не купува.

    Сакам да кажам дека секогаш ќе има фалсификати и копии.

    That's all folks!
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    И сама ќе си кажам плитка сум, признавам, ама не можам да си помогнам.
    Една работа што си ја купив од некој мој посакуван бренд се моите омилени гучички штикли :inlove: Стара кола ќе земам за таа цена, кога одам мислам не стапки туку банкноти оставам позади мене :D ама старата кола никогаш нема да ме развесели како овие. Немаат видливо лого, ништо, печат на ѓонот само и внатре, едноставно се црнки, веројатно никој нема да познае од каде се, ама јас знам какви се и тоа ми е доволно. За квалитет што знам, не сум ги искинала побргу од други, оти може повеќе ги пазам, ама за тоа како ми прават да се чувствувам кога ги носам - квалитет прва класа! :!: Женска луда глава, ама тоа е.

    Копија никогаш нема да купам, или да носам ако друг ми подари. Што и да е, нека е поефтин бренд, ама копија абсолутно никако! Го нема копија тоа...тоа...тој квалитет опишан погоре. :$
     
    На Lola-M му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Не поседувам ниту еден фалсификат, имам оригинална црна Прада чанта уште од поодамна- подарок од татко ми :) Имав и бела од Гес, ама од толку носење се уништи.. а прекрасна беше ;(
    Кога бев во Венеција на пристаништата насекаде имаше црнци кои продаваа фалсификати на Луи Ви и Фенди (како кај нас на пазарчињава со Најк и Адидас), па имав и среќа да сведочам додека полицијата ги бркаше.. абе стотинки се во прашање! Наредени им се на големи платна и само ги собираат и трчаат. Ако ги фатат, тешко нив кутрите.. секако е нелегално да се продаваат фалсификати насред Италија.
    На пазарчињата во Милано продаваат фалсификат навивачки шалови и капи со логото на омилениот фудбалски клуб, веднаш на излезот од Галерија Виторио Емануеле Дуе.. а.к.а. најлуксузниот шопинг пролаз во цело Милано во кој има официјална продавница за ваков тип работи :lol:
    Сакам да кажам, дури и во најурбаниот центар во Европа постојат вакви работи и никогаш нема да може да се истребат целосно.
     
  18. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Зашто да давам дупло пари за нешто кое можам да го имам и за пониска цена?? мислите некој приметува дали е оргинал или копија? Нема врска. Само ти си знаеш од кај ти е.
    Немате појма колку ми беше криво коа фрлив 5 илјадарки за најк патики..истите ги видов на бит пазар за 1000денари..истите..една другарка си купи такви..моиве парче се направија..ама нејзините пошо се копија и имаат поише матријал на себе..уште ги носи.
    Би сакала да носам све огринал..ама многу се преценуваат.:)
    Искрено кажано понекогаш можеме да се задоволиме и со копија.
    :*
     
  19. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Да, си купувам копии, имам тренерки, патики, ташни, новчаници... :)
    Дури и хулахопкине во Пенти што ги меркам 1 месец се 500 денари и не сум се решила сеуште да ги купам, никогаш не сум дала толку пари за хулахопка..
    Имам купено “Гучи’’ новчаник за 2 евра, што реално колку чини? 100 евра??? Па и да ми се искине овој од 2 евра, ќе купам уште 50 за оригиналната цена.. :?:

    Имам другарка што исклучува купува марки, затоа што не се чувствувала удобно во фејк тренерки :?: :worried:
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Зашто може да си дозволи оригиналки затоа не се чуствува удобно у фејк.
    А да нема пари се ќе и е удобно.

    И јас да имам 150 евра и јас би се чуствувала во удобно во оригиналка адидас тренерки.
    Ама и од оние 1000ка од бит пазар добро е, ма не добро, топ се!
    А чудо имам и оригиналка и неоригиналка патики, од 5 до 100 евра. И со сите трчам и сите се удобни. Кога имам пари ќе купам поквалитетна спортска патика (која притоа не ми гарантира квалитет може 1 година да издржат може 10), а кога немам да ти кажам добри се оние Пул&Беар за 10 евра или оние од Пикокс за цели 399 денари :)
     
    На Kom.pot му/ѝ се допаѓа ова.