Сепак, се наоѓаат и евтини парчиња од било кои, не мора да се Гучи, Луј Витон, доволни се H&M, Zara, New Yorker кои во странство се екстремно поевтини!! Летоска купив чизми за 6 евра од NewYorker...
Затоа продавниците кои држат оригинали, некаде на вратата, стаклото каде и да е на влезот од продавницата и внатре имаат поставено лого од брендот. Тоа всушност е лиценца дека смеат да продаваат парчиња од тој бренд, која воедно си ја плаќаат. Продавниците кои немаат поставено лого на брендот значи дека и гардеробата им е копија, а за да продаваат оригинали немаат право. Сепак брендот не е мерило за квалитет. Кај некои производи всушност името се плаќа, квалитетот умрел, за истите пари можеш да купиш повеќе поефтини работи кои ќе бидат поквалитетни. А зависи и од тоа каде се прави производот. Можеш да ти си купиш најк патики за 50 евра мејд ин Кореја или во некои слични држави и најк патики мејд ин Џермани за 100-150 евра. Квалитетот секако дека нема да биде ист и во двата случаи. Копии нешто не поседувам освен еден, два часовници, ама си мечтаам за еден оригинал и ќе го имам кога тогаш. За брендирани работи може да се каже дека имам само тренерки и патики. И двете од овие работи ми се погодија квалитетни. Другите пристапни "брендови" не ги вбројувам овде, од кои исто поседувам алишта и накит. Една работа од која ми се дига косата се фејк ил оригинали каде логото им е по целиот производ. Овде ќе го спомнам добро познатиот пример Луј Витон. Другите работи со поголемо лого како Шанел или Прада ми се по океј. И друго нешто кое ми е предмет на потсмев ми се "оригиналните патики на пазар" (се извинувам ако некој поседува такви), веднаш се познава што и како се. Подобро ќе си купам обични без никакво знакче на нив, отколку такви да носам.
Длабоко ги почитувам големите модни брендови.За мене тоа е уметност.А,секако и статусен симбол. За жал, кај нас работите се скроз испревртени,па никој нема ни чувство за модата како уметност, ниту пак истото се негува. Во Италија (чисто како пример само),точно се знае кој може да си дозволи да носи брендирана гардероба.Но, затоа речиси секоја дама која држи до себе има барем едно Армани сако,па макар било и од пред 10 години.И го чува како реликвија, само за посебни прилики.Можеби е старо,но го носи со гордост.На ново,но фејк не ни помислува! Во Македонија пак,некои сомнителни типови со уште посомнителен бизнис шетаат со брендирана гардероба,за која всушност и немаат појма , а млади девојки секој ден менуваат ташни ,,ЛВ,, ѓоа Тамара Еклстон! Е, истите тие, утре ќе ве пречекаат во својот дом со фејк слики од Ван Гог или Гоген,или Рембрант!И со Скаволини фејк кујна или нешто слично!И своите деца ќе ги воспитуваат дека нема врска што нивниот Ван Гог е 5 евра кога е ист како оригиналниот! За жал...тоа е нашата реалност.
Купувам зошто ми се допаѓаат моделите а не за да бидам во склад со оргиналите. Инаку, во МКД 75% се копии а се продаваат како оргинали (поготово спортската облека)
Искрено копии не би купила затоа што можам да си дозволам оригинал. Ама па ич не ме нервира кога ќе видам некој со копија ми е гајле негов живот. А и ја па шо имам Витон оригинали колку и да се разликува од копиите никој не ми верува дека се оригинал и ретко кога ги носам (само кога има некој концерт на некој по познат зашо знаете за да се сликаш да имаш Ајфон или било која марка на тебе ти е пропусница ) најчесто си носам ташни од џамбо и бижутерииве. Немора да е марка за да е убаво.
Немам ниту една копија, ниту пак би купила. Навистина невкусно ми изгледа некоја чанта, со логото на Луј Витон, Гучи, Прада и слично, а јасно се гледа дека е бледа копија. Повеќе ценам нешто што не е брендирано или пак поефтин бренд, отколку некое си парче на кое виси познато модно лого, а апла се гледа дека е фејк и фалсификат, бидејќи јасно е дека не може секој да си дозволи такво нешто.
Јас дома имам 2 блузи едната е Gant другава Lacoste. И тоа не бидејки јас ги купив туку мм ми ги поклони за роденден и годишнина. ,Мене некако за едно парче облека не ми се даваат толку пари па нека сака и од злато нека е . А ист така многу ми е криво кога ќе видам како некој си носи фалсификат Лакост или Томи.Х а ти си лупнал толку пари за едно парче облека во продавница... И секако ако купиш нешто квалитетно и скапо немора да значи дека и ќе немаш некаков проблем. За блузава Лакост, ја носев 5-6 саата и оп- гледам нешто ме чеша, кога видов целите раце ми се нафрлиле со ситни црвени точки и тоа во делот над дланките. Мислев ми се појавија поради тоа што блузата не ја исправ пред да ја облечам, но и по 1 недела кога ја облеков истата песна. А џабе што ако мм ја земал 90 евра на попуст, кога ке си седи така во шкаф Оваа од Гант не сум ја облекла до сега исто така преубав квалитет и многу е нежна блузава, па се надевам нема да имам некаков проблем и од нејзе.
За некои работи и би платила искрено повеќе, ако да знам дека вреди. Ама не мора да значи дека ако е оригинал , дека ќе трае вечно. Има од марка до марка. Давам пари за патики и мислам дека вреди секој цент. Пред 4 години најк патики си зедов, на попуст беа околу 60тина евра. Еве ги уште гајле немаат, а носени се по дожд , снег, сонце ама буквално во секакви услови. Веќе неодамна немам купено некое парче, а да не е од некој бренд, ама не затоа што се многу скапи и квалитетни туку затоа што знам што купувам, кој го произвел и од каде е донесено. Криво ми е што во Македонија нема некои поевтини брендови. Ги донеле зара, бенетон, томи хилфигер и ред други коишто реално се поскапи и несоодветни на нашиот пазар, а х&м ги нема, пимки , промод , мим , њу лоок , орсеј , ма еден куп ги има што ги обожавам. И се има буквално од маички обични, пижами , обувки , накит и секако облека. Да ти е мерак на шопинг да идеш. А не овдека по обичниве продавничиња лупаат цени за некои парталчиња. Епа не може тоа така!!! Изреволтирана сум од понудава низ нашите продавници, цените и услугата! Понељубезни суштества од нас , нема!
Пред скоро си купив ташна Луис 4000 ден и се каам оти е копија за тие пари ке си купев 4 ташни убави шо нема никакво лого на нив
Дали знаете дека всушност се што купуваме по продавнициве е копија? А го плаќаме како оригинал. Пробајте и скенирајте бар кодови или кјуар кодови. Нема да ве однесе на оригиналната страна. Имаше пишано жена на друг форум за Мона дека се запрепастила заради непостоечки код и тестирав сега и јас . Скечерс купени од нивната продавница во сити мол не ме носи на страната на скечерс кодот туку на некоја си страна од Саудиска Арабија која има една ѕвездичка и прелоши коментари. Запрепастена сум. Исто така лани купив очила за сонце од оптика Бела Виста со наводна УВ заштита. Бренд италијански. Дома ги тестирав со уб ламбичка, се пропуштаат......
Сериозно прашање! Интересно ми е да гледам на јутуб видеа каде не можат да ја најдат разликата меѓу фејкот и вистинската раб, па ме интересира дали кај нас постојат такви продавници каде имитацијата не мириса на пластика и не е пишано наместо adidas, abidas Иначе најдов во чаршија супер квалитетни имитации на van cleff накитот, злато и сребро изработка се разбира
За некои марки да ме отепа човек нема да познаам дали се оригинал или не. Блиска моја постојано носи облека и ташни на Guess, посебно маиците и ташните ни не познав дека се оригинал додека не ми кажа. Веројатно се поквалитетни, на изглед има добри копии на нив па секогаш не се ни приметува.