Македонија, 2017 година. Фамилијата Марковски се соочува со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции. „Фамилијата Марковски“ е нова играна ТВ серија од осум епизоди, чие дејствие е инспирирано од вистинити приказни од секојдневието на македонските граѓани. Главни протагонисти се членовите на фамилијата Марковски. Бојан е 15-годишно момче чија пасија е снимање на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени. Неговата сестра, Јана (27) е млад амбициозен архитект која се соочува со морална дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува сопствениот интегритет. Виктор (24), постариот брат на Бојан, и покрај магистерската диплома се мачи да најде работа, а паралелно крие и огромна тајна од своите најблиски. Иван, таткото на Бојан, чии планови и амбиции се распаѓаат во времето на приватизацијата, прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност. Лиле, мајката на Бојан, е најголемиот поборник за правда во фамилијата Марковски, чија издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место. Проектот ТВ серија „Фамилијата Марковски“ е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ од Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД. „Фамилијата Марковски“ ќе се емитува на телевизијата „Канал 5“, секоја сабота и недела од 19:30 часот, почнувајќи од 23-ти септември. Режисер на ТВ серијата е Даријан Пејовски. Главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска. Извор: vecer.mk
Ја изгледав првата епизода Во глобала ми остави добар впечаток, го прикажува типичното македонско секојдневие Ми се допадна и тоа што не ја прекинуваа за реклами Актерите делуваа природно, ми се допадна глумата
Да не беше @Ketchup немаше да знам за серијава им фали малку подобар маркетинг. Онака за почеток добра е некако времето многу брзо ми помина гледајќи ја
Пишав па избришав. Па пак ќе прашам Во кои термини ја даваат? Кечо пишал сабота/недела од 19.30, а @simonka93 ја гледала вчера. Е сега или денес не е сабота или има друг тајминг Најлоша опција е ако не е сабота денес...уште 3 минути
Во сабота и недела е Јас утре ќе ја гледам на јутјуб, прочитав дека одма ќе ги ставале наредниот ден на нивниот канал Туку, дури сега кога го препрочитав постот видов, само 8 епизоди? Според трејлерот не ми изгледаше ко толку кратка серија...
Ја фатив на почеток и не ми остави добар впечаток, ама утре цела ќе ја гледам првата и плус излегува втората епизода, па ќе видам дали ќе го променам мислењето, или ќе си останам на првиот впечаток. Очекував нешто во стилот на Погрешно време да биде, ама за жал денешниве серии, не можат за малиот прст да им се фатат на поранешните македонски серии. Ако ја гледам серијава, само заради Силвија би ја гледала, пошто ми е една од омилените македонски актерки
Јас ја загледав само ради средношколциве, па и со тато ко професор у средно си дискутиравме за некои теми и таман ми се уклопи серијава. Не ми е нешто посебно, но 8 епизоди по 30мин може да се изгледаат. Сепак реална е, го опишува убаво животот тука...
si pomisliv ke gledam makedonski serijal...sujkur nesto makedonsko iako znam deka nemame talent za serijal ama serijal so 8 epizodi...epten mizerno
Ја изгледав првата епизода... малку комична, малку трагична и баш модерна и реална. Не бев нешто посебно hyped за оваа серија од трејлерот, па пријатно ме изненади, добра е Еве ја епизодата, на овој канал ќе ги поставуваат и останатите
Епа вакааа... До сега, целосен впечаток една од подобрите, ако не и најдобрата наша серија. Приказната модерна, современа, чисто типично Македонска. Глумата, јазикот, камерата, сценографијата, тематиката - се на нивоу. Се изнасмеав на одредени моменти. Не ја тупат, за сите генерации е. Особено ми се допаѓа со малиов шо е типичен ЈуТубер, па и односите меѓу младите се реални. И ми се допаѓа што ги има епизодите на ЈуТуб. Само, мое лично мислење е дека сценариото е чувано неколку години во фиока, и конечно се создадоа услови за нешто вакво. Веќе никој не се меша до толку и во тоа што ќе даваат на ТВ за забава, па не се снимаат веќе дебилни серии во кои сите си живееја среќно, со многу деца и пари од небо им паѓаа. Се на се, одлично и секоја чест. Премногу пријатно изненадена, не очекував вакво нешто. По трејлерот, мислев дека ќе биде срање. А, да, овој постариов брат, бушавиот ви е Мали од Наше маало.
Мене ми е скиснато од македонско секојдневие, македонски менталитет, македонска политика, од Македонци општо, затоа нема да ја гледам.
OK серија. Силвија одлична како и секогаш,Дац исто и браката се добри глумци. Таткото Александар Микик никогаш не сум го симпатишала, па ни во МК приказни. Јана(Тамара) многу вештачки глуми, осмехот и е супер вештачки,и не ми се допага баш, нема харизма,мада и како модел не беше нешто а-у, како да е нон стоп нервозна и изфрустрирана.На Сашко Коцев и кога глуми му се познава дека акциите му се ептен кренати и нон стоп ми има некоја циничка насмевска под мустак
Вчерашната епизода многу повеќе ми се допадна. Одлично е прикажан животот во Македонија, криминалите, вработување само со партиски книшки, животот на средношколците... Туку оваа Сара шо ја сними Бојан нели е женската на брат му? Баш кога и го праша брат му што би правел ако ја види женска му со друг... по марамата жолта ја препознав, а и кога влезе брат му во соба нели одма исклучи тоа што глеаше, а беше снимката таа како се гушка со друг. Изгледа ќе станува поинтересно.
Моето мислење е дека, треба малку по-професионално да се снима и глуми а не онака како на смеа. Не е ова некоја драмска претстава или нешто слично, треба да се докажеме повеќе бидејќи сме способни. Треба само мала концентрација. А,да, и ова дека возраста за 8+ години...8-годишни деца не треба да слушаат вулгарни зборови а потоа и да се учат на нив, тоа ќе влијае лошо на заедницата во која живее.