Не знам, претпоставувам дека е со тој што разговараше на телефон. Мислам дека Сара му е другарка што се преправа дека му е женска. Патем ова ми е мала теорија, не знам дали ќе излезе така.
Ќе видиме, јас па си мислев дека крие и тој нешто со партии или работа, знам во најавата им дојде дома полиција и викна мајката брза помош, ама не знам за кого е.Мене многу ми станува интересна, којзнае како ќе биде сега 3та епизода. Се мислам дека и сестра му ќе раскине, многу напорно се однесува и со нејзе.
Мислам дека не се преправа, нели и сами кога беа се бакнуваа и си збореа? Мислам дека малиов ради тоа го скри лаптопот. Имаше како се караат кога разбира дека го изневерила и бега.
100% е геј типот, само што допрва и самиот дознава и + тоа со варањето на девојка му ке биде клучен момент најверојатно.
Ама па со кого би бил во врска? Јас се мислам дека сестра му ке се заљуби во колегата тој што проба да ја бакне ама ќе видиме
Да не очекуваме премногу, во серииве сепак глумата е подобра отколку во понов мк филм. Мене, за разлика од повеќето, ме нервира тој скопски дијалект на ТВ. Литературниот македонски јазик е помелодичен и поубав, ама се сомневам дека актериве од понова генерација го познаваат. Во секоја земја за телевизиска употреба е форсиран стандардниот јазик, само тука е срамота да се зборува.
Гледав на тв за следната епизода и навистина Мали е геј (постариот брат). Туку нормално дека подобро е ако би зборувале литературно, ама нема логика... Серијава е за секојдневниот живот на едно семејство што живее во Скопје... Дома, школо, работа... Нормално дека секаде се зборува со дијалект, инаку многу вештачки ќе звучи литературно. Кој зборува дома литературно?
Денеска ќе гледаме, јас ги гледав двете епизоди, а кај виде дека е геј Мали? Јас само двете на тв ги гледав, и што потоа? Кој му е партнер?
На реклами даваа најава за вечерва, помалиот брат ќе му го покаже видеото дека Сара се гледа со друг. Па татко му ќе го теши дека по трамвај и девојка не се трча, а Мали ќе врати: -А што ако проблемот не е до Сара? Што ако проблемот е до мене? Па дека дечките овде во темава спомнаа дека бил геј, си претпоставив дека ќе се отвори конечно пред семејството... Ама ќе видиме вечер за поточно.
Еееј филмот ми се скрши, баш сакав заедно да останат. Ама дали се сеќавате дека кога Сара дојде додека Мали беше сам си се бакнуваа, си беа ок? Да не е би? Или да не е Сара само за да се прикрие?
Па изгледа оди со неа за да се прикрие во јавност, пошто се знае во земјава колку е осудувана геј популацијата. Балкански менталитет.
Царчиња ми се средношколциве на чело со Бојан освен Ана, девојчено што им иде контра Ме пука носталгија, ме потсеќаат на средношколскиот пленум Туку што е работава со зградата, на почеток комшијава ми изгледаше баш ко тотален weirdo со теории на заговор... и сега ми е чуден, ама изгледа има навистина нешто што се случува
Се изначекав да излезе на нет вчера, ама еве дури денес, но ја објавиле кога веќе ја изгледав. Не сакав да заврши, ме интересира што понатаму..