Виктор сум сигурна дека е геј, Сашко е прељубоморен на онај новиот оти ја свиѓа Јана, а таткото од фирмата му извадија книшка и имаше една сцена кај што ќе биди тепан од по митинзи. Малиот ми е цар, пресимаптичен ми е А инаку и јас мислам како 3тата епизода како да не беше довршена, мене серијава ми е прејака
Нов му е телефонот затоа Инаку денешната епизода беше одлична !!! Поинаква реакција ни не очекував од фамилијата. Типично македонското - побитно е што ќе каже народот отколку среќата на децата. Highlight на епизодата ми беше бакнежот меѓу малиот и Ана Absolutely adorable беа, дури и ја бев цела окезена (ко средношколка) на таа сцена Па и фраер малиов „Ако сакаш ќе ти покажувам вака секој ден“ Бебиња бе, they are my new OTP
Оооо ма Вики, сеа ме спојлериса убаво Не ја гледав денес епизодата, утре на јутјуб ќе ја гледам Призна Виктор дека е геј или...?
Не спојлерисав ништо (премногу) битно Do you really wanna know ?! Спојлер You'll see when you watch it
Типични македонски конзервативни родители, не можат да прифатат детето да му е геј, малиот ми е срцка, ем убав абе се сееее а Џиби ми е пресмешен Столе сељакот јас ќе го фатам на шамари, а како то никој не го виде ко влезе на игралиштето, се пресмеав Саше го немаше ич во епизодава.. П.с фејсбук од малиот некој ???
Серијата е тотално клише. Позитивна работа е што е одработена на едно повисоко ниво. Тематиката глупа и предвидлива. Глумата просечна и театарска. Има голема разлика од театарско и филмско глумење. Втора позитивна работа е што има публика и интерес за македонска продукција, но треба да се потрудат да излезат од клишето и бледите копии на веќе видени теми во странски филмови.
Јас па кога и да ја фатам серијава, ги начекувам децата во школо и се кринџам кога ги гледам како глумат Многу вештачки глумат сите во школото, а посебно тој со плавата коса што му е другар на Бојан....Му дале улога за најдобар другар на главниот лик, а не знае да глуми. Единствно Бојан и неколку девојчиња се така попријатни и поприродни за гледање, а другите како исплашени читаат од скрипта. Инаку реакцијата на таткото е очекувана. Се знаеше дека балканскиот менаталитет ќе надвалдее со него. ...Педер...Мајка му е крива...Каде погрешивме што оди по погрешен пат...Не кажувај во јавност... Не може да сфати дека син му не избрал да е таков, и мисли дека се работи за збунетост. Изгледа допрва и срцев удар ќе доживее од стрес и нервоза. А Бојан го сфаќам дека му е незгодно, ама ете со разговор се смири и си го прифати братот. Уште 4 епизоди Кога почна, кога заврши?
Со нетрпение ја чекам следната епизода. А овие од „Фамилијата Марковски“ каналот како да ги читаат коментариве на форумов, но ги читаат и на каналот на јт. Бидејќи направија некои измени кои беа предложени и пишани во форумов. Едвај чекам
Лиле (Силвија) ми е омилена. Актерите се одлични. Вообичаено одбегнувам да гледам наши серии за да заборавам во каква држава живеам. Но ете ја загледав и ми е сосема ок. Совршена слика на македонското секојдневие и менталитет. Добри тематики се разработени. Најкул е Јана. Нејзината реакција за Виктор би требало да е реакција на секое човечко суштество. Хомосексуалноста не е нешто што треба да се лечи или искорени. Од друга страна, хомофобијата е онаа која дефинитивно треба да се искорени. But one step at a time.
Само што ја изгледав, предобра епизода. И мене Лиле ми е омилен лик - стабилна, смирена, прекрасен родител. А и Силвија е одлична актерка И за Јана истото мислење го делам со @BlackAndWhiteSwan прогресивна, а и праведна и со принципи во однос на она со матните работи на дечко ѝ. Децата ми се мене баш симпатични, иако аматерски глумат ама и очекувано e со оглед на возраста. Ана не знам зошто од почеток некако ко дигната ми изгледа, можеби само маска ѝ е тоа... а со Бојан баш кјут пар би биле. Столе не можам да го смислам, типично агресивно детиште Инаку откако малце скролнав во коментарите под епизодата (видеото), морам да се согласам за жал со коментарот на другар ми Читко што го пиша во темата за другата серија. Токму ние што сме поотворени во однос на овие работи ги поздравуваме тематикиве во серииве, а оние што треба нешто да ги натера на размислување - си плукаат... Деца гледале, срамота било Супер се серииве да уживаме во вакви deep отворени теми, ама тешко дека ќе оправат нешто...
Дали само на мене таткото почнува на нерви да ми иде? Многу нагло се смени. Мислам дека грешката во серијава е што пребрзо се одвива се.Ако беше секој ден и подолга ќе беше подобро. Гледав сега на нет снимка од воена болница ама не знам кој ќе биде таму, и како Бојан ја носи дома Ана. Изгледа тоа во наредна епизода. Мајка им е најдобра и нај смирена од сите. И комшијана ама им е без осет, само им се натура
Јаки сте ми сите шо мислите дека ве читаат и прават промени во серијата =) Ко да ја снимаат у среда а ја пуштаат за викенд =) Ма дајте... И другите прејаки сте со пропагандите =) Срцки.
Па барем ако ништо друго не го тупат во серијава со турските досадни сра*а џевриеее холдингот пропаѓаааа, да ти се позлатат рацете, селааам, и слично и нема моето твоето дете го тепаат нашето, ги нема Хуан и Санто. Серијава е супер за гледање, не е ни пропаганда ни ништо такво
А во секоја домашна серија ли ќе има по еден геј лик ради реда? Како што во латино-сериите богат мора да се гледа со сиромашна...