Прво со голема скепса, заради тоа што во изминати години, права реткост било да се најде нешто квалитетно, а продуцирано од Македонец. Некако, во полн здив ги изгледав трите епизоди и уште не ми се верува колку се добри. Скоро сите емоции од изминативе години ми се вратија назад. Се она што моето, а и голем број македонски семејства го преживеаа овие години. Магистер кој седи дома, еден вработен во семејство кој трпи мобинг речиси секој ден. Трет кој се обидува да се избори тука, ама тешко му оди. На тапет човечката природа, воопшто нескриена. Лукавост, интриги, криминал, животни разочарувања. Се тука, одлично се вклопува и не верувам дека има некој кој не би се препознал во приказната. Засега, омилени ликови Лиле и Јана. Борци се и би сакала да кажам дека го имам тој мајндсет.
А оваа што се вработила кај дечко и, спомнаа досега колкава плата зема? Сигурно поголема од нејзините колеги што даваа отказ.
Серијата е одлична! Секој можен аспект е опфатен, не знам веќе кај не ги испофалив. Се воодушевив искрено, ја пуштив онака со намера да проскролам набрзина, а на крај ги изгледав сите епизоди наеднаш. Одлична глума, дијалогот е природен и неусилен, не се форсира литературен и неприроден говор (како во синхронизациите на турските серии), се чувствуваш природно додека ги слушаш... ма БРА-ВО. Одлични проблеми одбрале да таргетираат - неможност да се дојде до пристојна работа, мобинг на работа во државна администрација, нелегални градби, хомосексуалност, итн итн. Ми се свиѓа и тоа што се обидуваат да вметнат модерни елементи, со влогот/блогот, итн, само не знам колку повозрасната публика би го разбрала тоа, овде мислам делумно се гледа странското влијание. Највеќе ми се допаднаа како глумат ликовите на професорот и таткото, баш типично македонски, алал нека им е како се прикажани мажите во Македонија. Се отепав од смеење во првата епизода кога рече таткото - де бе, уште од сабајле си напната, стварно сме такви жените некогаш. А богами и Сашко Коцев си ја знае работата, та дури антипатичен ми стана од што ТАКА ДОБРО го доловува ликот. Немам читано коментари, сериозно за тоа што еден лик е геј публиката е загрижена? Е БАШ заради тоа и ни требаат вакви серии! Стварно само за Џемиле е публикава спремна. Се надевам нема да ја расипат и нема да стане премногу мрачна за гледање. п.с. И ако некој знае каде можам да ја гледам „На терапија“ онлајн нека ми каже.
Спојлер На бабата ѝ закажуваат операција за година дена, а Бојан е крив што снима со телефонот во рака и што „не ги почитува постарите“... ах бе... Полицијата ништо не си ја врши работата, сè со врски и луѓе во здравството... а да, и секако исцелителот кој лечи дури и хомосексуалност, пукнав на овој момент Боли колку е реална серијава еј
Баш ме интересира што беше толку таинственото нешто што Јана го префрлуваше од компјутерот на Александар-топ сикрет стаф..Се некако ми иде на мисла дека надрљаниов шеф ке го наместат на крај.
Ајде сега вака искрено, не ми се омилени хомосексуалците, за мене тоа не е природно, но тоа е нивен живот, нивен избор. Тоа ние не можеме да го промениме. Подобро е според мене хомосексуалците да си бидат во врска/брак со други хомосексуалци, отколку непотребно да им го уништат животот на лицата од спротивен пол, само за да се замаскира нивната сексуална ориентација се во врска/брак со лице од спротивен пол, а тајно сепак одат со лица од нивниот пол. Ваквото нивно криење за мене е неприфатливо, затоа нека не се кријат и нека бидат прифатени од целата јавност. Еве на пример замислете имате ќерка, се мажи за некој кој е хомосексуалец, без да знае. Мислите ли дека на вашата ќерка ќе ѝ биде убав животот, убав бракот, кога нејзиниот маж бидејќи е хомосексуалец нема вистински да ја сака, нема да ѝ го пружа целото внимание, кога нема да ја посакува, кога за него односот со нејзе ќе биде само глума, една лажна маска, измачување. Ќе ѝ биде ли среќен и убав бракот, кога мажот хомосексуалец ќе чека цело време погоден момент да отиде да си ги задоволи своите потреби со друг маж, кога ќе ја изневерува во секоја можна прилика, бидејќи она како жена, како лице од спротивниот пол не го привлекува, туку го привлекуваат лица од неговиот пол и чувствува и љубов спрема некое лице од неговиот пол. Нели е подобро на пример да не се ожени тој за вашата ќерка, туку да биде среќен и да биде во јавна врска која нема да биде плукана, исмејувана, туку таквата врска да биде поддржана. Нели е подобро вашата ќерка да се омажи за некој маж, кој не е хомосексуалец, за некој кој го привлекуваат жените и вистински да ѝ пружи љубов. Лесно е да се осудува, но никој не знае што му носи иднината, што ако не дај Боже нашето дете или внуче биде хомосексуалец, зарем ќе го убиеме или ќе се откажеме од него, зарем ќе го плукаме, исмејуваме и ќе го замразиме или ќе продолжиме да го сакаме, ќе го прифатиме и ќе го поддржиме со тешко срце. Не гледам што има лошо што хомосексуализмот како тема е обработена во серијава, тоа е дел од нашето опкружување во државава во која живееме, зошто да замижуваме пред таа тема, како да не постојат тие луѓе? Што лошо ви направиле хомосексуалците за толку да ги мразите и да плукате по нив и да ви се гади од нив? И хомосексуалците се луѓе како сите нас, зарем треба да ги мразиме само затоа што имаат различна сексуална определба од нашата, зарем црнците треба да ги мразиме само затоа што имаат различна боја на кожа од нашата, зарем треба да ги мразиме оние кои припаѓаат на различна вера и националност само затоа што не припаѓаат на нашата. Лесно е да мразиме, да бидеме самобендисани, туку ајде сите ние да се потрудиме да ги прифатиме различностите. Само така ќе си го направиме и нашиот и нивниот живот поубав. Да бидеме човечни пред сѐ.
Ова со здраствово е навистина реално.... А ова со Иван Исцелител, докажува колку будал народ постои кој верува во неговите глупости кои не помагаат.
Ако не потпишеш твоите у ендек ќе ги најдеш познато ви е? Ги ругаат со серијава малку сегашната опозоција. Затоа вемеро се буни за серијава, пошто реалната состојба на државата ја покажуваат за време на вемеро и царот николај. На контра протести одат од работа, им се закануваат и ги бркаат од работа ако не одат според списокот од партија, ги уценуваат... Се околу партија се врти. Да правеа повеќето ко Лиле што направи, немаше 11 години да тонеме ко држава... Ама немаат сите муда ко Лиле.
Лиле е жена, мајка, кралица! Каков револуционерен тим се со Бојан и Јана... прејаки ликови Инаку, горка е вистината со партискиве книшки, влечењето дури и болни луѓе по контрапротести итн. Многу нормално дека ќе е „неинтересна и лош проект“ за некои
Само што ја изгледав претпоследната епизода. Многу реална серија дури и на моменти ми беше тешка за гледање од што е реална. Во канцеларија раскомотени играат некои игрици, еден спие на фотелја и нормално го јаде оној што најмногу работи. Со исцелителот кој лечи од рак и хомосексуалност и лоша аура. Не знам дали да плачам или да се смеам.
Odlicna serija. Politika neznam i nerazbiram. Gledam od zabava i super se zabavuvam. Gluma perfektna so isklucok na nekoj devojcinja sporedni likovi. Se razbira nemoze site da se perfektni, pa ni nie ne sme.
Ај што затераа апла политички у сред кампања па и плус промоција на хомоксесуалност не ме чуди кога ќе ги видиш спонзорите на истата ( УСАИД, Сорос и остала багра) Но нивото на глумата не е за ТВ серија туку за театар. Далеку далеку сме со глума и продукција зад Бугарски или Српски ТВ серии.
Оу великани на уметноста, о вие мецени кои напнавте деновиве дека глумата била ко за у Театар... Па најголема чест за секој актер и во Бугарија, и у Америка е у театар, у живо да настапува, а не по телевизии со милион повтарања на сцените...Али битно да се лупне нешто. И извинете што има геј луѓе у државава, и исто така што политиката влијаае врз се, и серијава е до толку реална.. Ене ви ја Кајгана,си имате тема за серијава, мерете си ги таму како прави алфа мажјаци и не замарајте. Ајт.
Политичка ангажираност е фабричка грешка кај македонските граѓани. И доста е плукање по УСАИД, благодарение на тие пари, барем продукцијата е квалитетна, кога веќе глумата и актерската лепота затајува. Не се УСАИД криви што без нив, никој у државава не успеа да сними нешто гледливо што се вика серија, 2017-та година.
Некој докази дека нечесно си ја врши работата, серијава за срце ми прирасна од што е реална. Го најдов малово на инстаграм, педофил ќе ме направат, стварно е мало Јана и бојан Бабата врв на се ми беше Јас сум Милица и имам шеќер 50 пати го вратив