Ја отворив темава само да ѕирнам за последнава епизода да не пишал некој нешто бидејќи немам баш можност да следам редовно, иако ми се допаѓа серијава. Отварам и како што си претпоставив, начекав негативни коментари. Абе еднаш да не плукавте по нешто наше, барем еднаш. Пусто Македонче, ги гледа редовно турските серии кои сѐ повеќе наликуваат една на друга, океј е во секоја епизода секој втор да се разведува/изневерува/абортира и слично, а веднаш дава критики за македонска серија во која реално е прикажано со што сѐ се соочува еден хомосексуалец во таква околина со луѓе кои се поконзервативни и осудуваат. Навистина не разбирам. Некако совршено го отсликува секојдневието и проблемите со кои се соочуваат луѓето, немав високи очекувања на почеток, но пријатно се изненадив и дефинитивно ќе продолжам да ја гледам.
Јавните личности и треба да ја изнесуваат реалноста на виделина, преку серија, говор, песна, статии ... кој од која е бранша е, соодветно. Серијава е супер. Глумците исто така. Ако се земе во предвид фактот дека и не е толку тешко да се глуми нешто што и реално се живее, тогаш е јасно зошто моќно ја пренесуваат приказната. Содржински оваа серија немаше да биде дозволена ако немаше промена на власта. За жал, правото на слободен говор кај нас и не е баш некое право, зошто го нема. Е сега...би било фино кога би продолжиле со снимање. Да се пренесува не/промената во живеењето на обичниот човек. Дали оваа демократска власт би дозволила? Предлог епизода. Лиле избркана од Мин.за транспорт и врски, по промена на власта ја враќаат на работа, но овој пат во администрација во Мин.за здравство. Министерството се соочува со смрт на повеќе од 10 новореденчиња во период од три месеци. Без полемизирање. Прашањето ми е - дали мислите дека во нашава држава може да се дава реална слика ин реал тиме?
Дефинитивно не. Тоа е и поентата, не се знае што е потрагично - дали реалноста што е прикажана во серијата или фактот дека во време на владеење на партијата што ја критикуваат, сигурно би била цензурирана. А темата на Кајгана, вчера од љубопитност ја отворив. Ми се згади, али не сум ни изненадена... уште една потврда дека сѐ што е најисфрустрирано и највулгарно младо машко (воглавно) е собрано таму. Само не сум знаела дека уште и по определба се predominantly тврдокорни...
Силвија Стојановска глуми најдобро. Ама таа отсекогаш си беше противник на минатата власт, па и легна улогата, можда си ја сфати најсериозно од сите
Јас чекав да излезат повеќе епизоди и да ги изгледам наеднаш, бидејќи вака од викенд на викенд не ми се чека. Сè на сè ми се допаѓа. Глумата е супер кај возрасниве, кај маливе е малку аматерска, ама нема врска. Омилен лик ми е Лиле. Врвен лик кој во секоја епизода ме смее. Мислам дека требале да вментат малку и од ноќниот живот на ликовите, бидејќи вака делува ко цел живот да им е работа и школо. Исто така со тоа што сакале да ја доловат лошата ситуација во државава, малку претерале. Конкретно мислам на школото, бидејќи со другиве институции и немам баш искуство. Снимање на час не е никако дозволено, посебно не професор, или директор. Плус, повеќе музика мислам дека недостасува во серијава. Другото си е океј. Ми се допаѓа.
Ако решиш дека не ти се допаѓа серијава ќе бидеш обвинет дека си од Вмро ? Колку смешно. Јас врска немав ни која е темата, ни кој ја спонзорирал, само малку погледнав и глава ме заболи.
Во животот толку бавно немам гледано серија, и мислам за "На Терапија", ама ете обврски. Да не ме сфатите грешно, уживам дур ја гледам ама не можам да си дозвола повеќе од две епизоди пред спиење. Читав сега и за оваа серија и многу ми се допадна и сакам да ја гледам. Предвидени се само осум епизоди во прва сезона или нема да продолжи? Многу, многу, многу ми е мило што почнавме да мрдаме од мртва точка со серии, и тоа не било какви серии, туку далеку подобри од тоа што сме имале претходно. Имам надеж за константно подобрување.
Тој е - и ти дури сега го позна? Многу се изменил, мене ми падна вилицата кога ми светна кој уствари е дечково. Каков беше ситен и слабичок, ептен пораснал и се изменил.
Мене серијава ме утепа психички искрено. Ем поради коинциденции (татко ми е технолошки од МЗТ) ем ради здравството... си велам утре ако не сум јас моќна син ми да го вработам вака ли ќе биде !?
Јас пак како да сум дел од серијава..сите ликови можам да ги поистоветам со реални и секојдневни. Затоа ми е интересна.
Петта и шеста епизода ги изгледав пред некој ден, беа најдобри досега. Викендов не ви даваат епизоди затоа што утре цела вечер ќе известуваат за изборите.