Емотивна вчерашнава епизода. Реално-македонското здравство. Ако немаш пари-немаш ни здравје. Ликот на Лиле е успешно одглумен, актерката е на место за улогата.
Прегратката меѓу Виктор и татко му кога се смирија - heartbreaking. Епизодава беше психички исцрпувачка. Секој од нас може да се соживее со било кој од ликовите. Инаку знаев дека Алек ќе им помогне. Понекогаш помошта доаѓа од личност од која не очекуваш.
Ова со операцијата ме потсети многу кога татко ми беше на операција...жими се плачев. Денес е патем последната епизода..... Ќе има втора сезона?
Мене серијава ми праи ептен ќеф и девојкава Јана е навистина по мој вкус,убава и се тоа ама зашто кога зборува не го пушта гласот природно да и иде.Зашто речениците и зборовите ги кажува како некој да ја праплашил...како со половина уста.Дај малку живост во глумата,не си лоша како актер (солидна) ама пушти го тоа гласот да разбирам што зборуваш.
Крајов катастрофа. Ептен недовршена серија, кај се видело нешо вакво серија со 8 епизоди. Џабе потрошено време реално...
Па ако се паметни малку како американците по овој позитивен и малку контраверзен бран треба да напраат втора сезона. Ако ја дигаа некои на пиедестал салон Хармони која беше три класи подоле од оваа серија зашто би ја прекинале? Додуша у право си,што квалитетно освен к-15 опстојало во македонија повеке години
Какви сезони кога нели ова беше финансиран проект, ограничени финансии, млади продуценти. Ни требаат вакви-наши серии. Се затрувме со турциве и индијциве. Министерство за култура да финансира пак во вакви проекти !!
Ја мислам дека крајов е ставен така за да видат Ако нема гледаност да биде крај Ако има гледаност да продужат Не са најавиле ама мислам дека ќе има нова сезона
Серијата си е на место.. Но се сложувам дека требаше да има повеќе епизоди..Најмалку 10-13.. Во вторава сезона (ако има 2а сезона) би сакала да има повеќе епизоди.
Ќе гостуваат во емисија кај Жаре (Еден на Еден), ги прашале дали ќе има нова сезона, па останува да видиме. Знае некоја во кој термин оди емисијата? Не следам баш ТВ, ама би направила исклучок.