Ја изгледав, сосема е ок. Серија на место која многу реално ја опиша мизеријата на општеството во кое живееме. Добра екипа, ок глумеа и квалитетот на самата серија беше добар. Штета што немаше некоја епизода плус а за друга сезона не верувам дека ќе има.
Вечерва во 18:50 на канал5 во емисијата Еден на еден, гости ќе бидат фамилијата Марковски (сите, освен таткото). Битно Силвија ќе биде тука И последната епизода требаше да ја емитуваат за време на изборите ама ја одложија, и сега пак се падна за вториот круг од изборите да бидат гости во емисијата
Не знам дали може вака да се коментирам самата, ама сакам да додадам нешто. Навистина се осеќа дека ептен серијата е антивмровска, и тоа воглавно ми е напорно. Што дури и за една серија не може да си раат, ова со политикава е предосадно. Сакаме малку да се опуштиме... Иначе, серијата си е баш македонска, многу ситуации за жал се баш препознатливи... За актерите, многу добро си ја завршиле работата (да не барам ситници), само едно многу ми беше досадно, ај да не речам грозно, Јана на секој збор си ја оближува устата, некако го вади јазикот надвор цело време. Значи секој си има своја навика, грицкање нокти, итн., ама во глумење треба самоконтрола на тие грди навики. И за С.Коцев, супер глумеше, ама дури и во глумата му се читаше онаа природна ароганција која си ја поседува. Малку напорно за гледање.
Серијава отслика сѐ што е реално гнило во нашава држава, пречките и неправдите со кои се соочува еден човек во сите сфери на општеството, во што секој Македонец може да се пронајде. Ете затоа серијава не е за опуштање, и затоа е тешка за гледање – а не заради ,,антивмровското“ во неа. Ама... кој како си толкува.
Во право си, ама еве сега е Сдс, а не Вмро, а се е исто. Мислиш поинаку е сега, подобро е??? Мислиш друга серија сега ќе се снима ??? Истава серија пушти ја денес, истото чувство е, истите работи се. Дај не бидете лицемерни.
Не гледам тука никакво лицемерие, Силвер. Јас серијата ја гледам како бунт против системот општо. А системот не е строго една кратенка и една партија. Кога ја снимале факт е дека вмро биле на власт, па нормално кога се зборуваше за книшки ги спомнуваа партиите како што се. За тоа време има и повеќе материјал, на пример досега за пола година немало протести и контрапротести на кои ги влечеле луѓето. Плус и премногу трагично го сфаќате тоа дека е вмешана политика и критика против долго катастрофа владеење во серија. Не е тоа само кај нас, насекаде во којзнае колку филмови и серии има тематика и референци во врска со реални случувања во државата, кои и таму можеби од некои се толкуваат како пропаганда. А и да, не мислам лично на тебе ама повеќето што нападно ја хејтаат серијава (освен ако е поради вкус и високи критериуми во врска со глумата и сл.), се луѓе или тешки конзервативци што си прскаа света вода во очи после еден геј бакнеж (и целата серија ја сведоа на тоа), или партиски заслепени по вмро (плус и доста од првиве спаѓаат и во втората група). Да не се лажеме
Настрана политика. Еве, дечкото кога доби 200 евра си се насмевна и премолчи за правдата. Цела фамилија се договорија за 3 стана, значи потпаднаа на она за кое не сакаа. Не е се до политиката, има нешто и до луѓето. Има луѓе кои леб немаат да јадат, ама достоинството, честа, душата не си ги продаваат. Затоа во државава постојат ретки луѓе кои со ништо не може да ги купите. И ако повеќето беа такви, поштени и праведни, и животот ќе цветаше. Затоа се вели, народот ја прави државата.
И јас проверував сабајле, немаше. Ја пропуштив и репризата вчера. Ако најдете некаде онлајн постирајте да гледаме, ваљда ќе ги стават и таму што знам, мислам цела прва сезона ја гледав таму.