1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фанк Шуи (Funk Shui)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Mishela, 27 октомври 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Во последно време навистина сум изненадена од младите (и надежни) таленти кои почнаа наголемо да ја „окупираат“ нашата закржлавена музичка сцена.

    Funk Shui е дефинитивно еден од оние наши бендови кои секој треба да ги знае, па редно е да отвориме тема и да видиме кој сè (ќе) ги слуша.
    Во ера на секаков шунд, редно е да им се даде малку внимание на вакви појави.

    Станува збор за домашен бенд, кој постои некои 7-8 години и успева мошне умешно да искомбинира различни ритмови во призвук на алтернативни жанрови, а за себе велат дека се „другари што свират музика без жанр“.
    Низ годините што поминале, имаат изградено некој солиден репертоар преточен во два студиски албуми:
    • „Етер“ (2012)
    • „R.E.M“ (2015)
    Еве едно интервју од пред некоја година, чисто колку да не пишувам предолги описи и истории за тоа кои се, што се и како се. :)

    Пред некој ден извадија нова песна со видео запис - „Крик“, па тоа воедно и ме поттикна да ја отворам темата, за да позборуваме малку за бендот и нивната музика, а со тоа и да прокоментираме за случувањата на музичката ни сцена.

    Мислам дека Funk Shui имаат голем потенцијал, ми се допаѓа тоа што секогаш пробуваат нешто ново и ми звучат на некоја неверојатна спојка од Radiohead + Oasis + малку од гранџот на Pearl Jam.

    Омилени од нив ми се „Стаклени нозе“:

    текст, мелодија, ритам - песната ме освои на прво слушање.

    И „Огледала“:



    Ги слушате ли Funk Shui? Зошто да, или зошто не?
    Пишете што мислите за нив, да свртиме некој муабет. :)
     
    На Оленка*, Billy Idol и Oxymoron им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Случајно пред неколку месеци на радио ги слушнав и така се заинтересирав, фронтменот е многу симпатичен дечко со специфичен дебел глас, имаат слободен дух и движења што особено ми се допаѓа.

    Најмногу им ги сакам Крик, Виулица, Сомнежи

    Секоја чест за момциве
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    36.422
    Пол:
    Машки
    Добар бенд кој нуди некоја алтернатива на македонската сцена. Последните песни им се прав погодок, вриштат од квалитет. Крик беше интро за истоимената емисија што одеше на 24 едно време. Емисија за млади. Доста кул беше. Не знам дали и кога планираат втора сезона.
    Сепак, не верувам дека со оваа музика можат да постигнат некој по комерцијален успех кај нас ако не го сменат звукот, нешто како Eye Cue што направија.

    Освен Стаклени Нозе која ми е дефинитивно најомилена, би ја додал и оваа, која случајно сте пропуштиле да ја спомнете.



    Гледам објавиле live видеа од МКЦ. Сега имам мерак да им отидам на некоја свирка. :)
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Имаат нова песна! :music:
    Стаклени Нозе оставија големи очекувања, па изненадија со Грла Јарци, и лани ова време Крик многу ми направи мерак.
    Сега вадат нова песна, ко што читам најава за цел нов албум, ако се и другите песна како Метеори, нека го вадат албумот побрзо! :rock:

    https://taa.mk/kultura/muzika/slushnete-ja-novata-pesna-na-funk-shui-meteori
     
  5. shekerna

    shekerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    супер се funk shui! често имаат сложени текстови што се тешки за разбирање доколку не се знае инспирацијата за песната, но убавото е што секој може да направи своја интерпретација :) на концерти секогаш прават предобра атмосфера :l: квалитетен бенд од повеќе аспекти...стаклени нозе, грла јарци, огледала, архетип... немам една омилена песна, туку цел склоп :D