Нон стоп имам некоја нова фантазија, многу ми варираат ваквите работи. Од ден на ден ми се менува фантазијата Сега во последно време мечтаам да живеам во голем град, динамичен живот Њу Јорк ќе го спомнам. Работам во некоја компанија, менаџер се разбира . Имам стан со огромни прозори на многу висока зграда, од каде се гледа дел од градот - погледот ми е најважен Секое утро џогирам во Централ Парк заедно со кучето Имам дечко еднакво сексипилен на Џош Харнет, секоја втора вечер спие кај мене, а за викенди одам сама на луди журки со пријателките добро понекогаш и со него. Имам доволно кеш за да си дозволувам редовен шопинг и милион лудории. Посериозната фантазија ми е да живеам во некое мирно предградие во европска метропола, маж што ќе ме обожава, еден куп деца, најмалку 4. Огромна куќа, огромен двор со базенче, домашен миленк - куче! Децата трчаат низ дворот, татко им ги прска со вода, јас го приготвувам ручекот и ги гледам низ прозор. Семејна хармонија. Навечер заедно ги заспиваме децата, цврсто, за да не ги разбудиме од она што следува во спалната На одмор одиме сами со мажот, децата кај баба и дедо Одмор на рајско место и уживаме во се што ни се нуди Утре ќе пишам нова фантазија така да.... не ми замеравајте
Прво сакам да се вработам на местото на кое што јас сакам. Сакам свадба од соништата...е после тоа куќа која би била покрај некое море или слично (никако покрај езерово наше и што подалеку од Македонија). Страната на куќата која би била покрај водата, не би имало ѕид, туку огромен прозорец. Таму би била нашата спална соба, во која јас и мажот секое утро би се буделе со таа прекрасна глетка. Би сакала да имам огромна градина која што редовно би ја одржувала, а моите 2 деца би се играле во неа (машко и женско). На одмор би оделе секоја година на различни места, би гледале различни нови работи. Би имала две кученца, едно маче, папагал (ама ги наредив да се испоубијат меѓу себе), и тоа...Скромно
По завршувањето на факултетот би сакала да ја работам мојата работа од соништата. Би сакала да имам две или три деца, и прекрасен сопруг, потоа голема куќа со градина некаде надвор од државава, по можност да биде покрај море. Би сакала да постои слога во нашето семејство пред се, разбирање и меѓусебна почит, и секако многу љубов. Потоа, сонувам за патувања насекаде околу светот, да одам на сите мои омилени дестинации и да видам многу работи.
да си се запослам каде што сакам јас...Голема плата, мажот ми исто...огромна куќа изградена по мој мерак...4 дечиња што ќе добијат се...Слога, разбирање и многу многу љубов...Одмор секое летенце, шеткање каде што душа ќе ни посака......
Да си завршам Економски факултет департман Финансиски менаџмент, да си прошетам низ Европа, да се омажам, да си родам дечиња, да живеам во голема куќа, да имам доволно пари за да не се мачиме многу многу и да си шетам низ светов И секако најбитно да си ја видам сестричката од Пакистан (тешко, но се уште постои надеж)
Ќе го сместам дејствието на приказнава во Шпанија , мојата земја од соништата .Растена во среќно семејство ,добро воспитана и образована .Ќе се радувам на животот и нигогаш нема да се свртам назад , нема да дозволам да грешам .Ќе сакам со целото срце и ќе барам да бидам сакана подеднакво .Не простувам сега , не би ни тогаш,секој нека си одговара за последиците на неговите дела .Еден ден ќе завршам медицина и ќе специјализирам хирургија со солиден просек .Потоа,ќе се вработам на некоја почитувана клиника и со тоа ќе си ја обезбедам иднината , но и ќе ја спасувам иднината на оние помалку среќни од мене . Ќе се омажам за идеалниот маж , ќе имаме идеален син,ќе живееме среќно покрај море ... Ќе го пропатуваме цел свет и ќе им помагаме на живите суштества .И никогаш нема да остариме ...
Завршен факултет. Прекрасен маж до мене, музичар, авантурист исто како и јас.. Да го шетаме целиот свет како backpackers Не многу голема куќа, некаде покрај море, каде што би престојувале само 2-3 дена ( пауза меѓу патувањата), со оооогромна библиотека. Пари, доволно за живот. Тоа, сега за сега
Фантазирам секоја ноќ.Мојата фантазија која никогаш нема да се случи е да работам на брод каде што ќе можам да го прошетам целиот свет,пред се да бидам хостеса на бродот.Еден ден да можам да отидам на концерт во ЛА.Да ја запознаам мојата сродна душа,да го прошетаме целиот свет заедно и пак да си се вратам во МК да си живеам,да создадам семејство и не ми е потребно големо количество на пари,доволно е да има пари за живот. Изгледа прилично скромно.
Затоа и нема да се случи ...оти веќе си решила дека нема .... имаш 14 год.. пред тебе минимум уште 40 год живот ... сигурна си дека во тие 40 год нема да ја оствариш својата фантазија? све се може ако се сака и ако добро се разгледа ситуацијата пред да се реагира
Според менемоите фантазии не се нереални, туку едноставно ги гледам како позитивнанасока,со вера во бога дека дел по дел-остварувајќи ги, мојата фантазија(сон) ќе стане реалност. Тоа е: да завршам факултет,да успеам во спортот,да основам семејство со мојот сегашен дечко,да имам 3 дечиња, да имам скромна куќичка,мала ама убава кола,и да отворам Party planer. Полека,полека,...но сигурно си чекорам, и не го сонувам својот живот,туку едноставно го живеам својот сон
Моите фантазии често ги преминуваат границите и законите на физиката! Но пореална фантазија е онаа каде што успевам да добијам стипендија за некој светски факултет. Сакам да живеам во држава каде што се зборува англиски, која било нека е. Не би било лошо да сум во Калифорнија, среќно заљубена со човекот со кој што ќе делам дом, ќе имаме две прекрасни деца, момче и девојчето Лили. Би работела како адвокат или психијатар, во слободно време ќе пишувам и ќе се занимавам со спорт, ракомет или кошарка - само во тоа ме бива, хаха. Се разбира, тука ќе бидат и пријателите со кои наизменично ќе се посетуваме за викенди, ќе идат да ме гледаат во некој си бар кај што свирам и пеам.
Мал копиљ сум за фантазирање, уште незнам што сакам, но најважно од се ми е да завршам основно, средно и факултет. Потоа да најдам добра работа кадешто, секако, ќе добивам и добра плата. Да бидам среќна и задоволна, а придоа да имам и мир у душа. Да имам покрив над глава и да си најдам маж кој ќе биде покрај мене и во добро и во лошо. Другото се си доаѓа спонтано, односно не е толку многу битно. Можеби многу барам, но тоа ми е неопходно во животот.
А, епа вака: Јас во средно добивам стипендија за Кембриџ, Оксфорд, Харвард и заминувам таму. Во меѓувреме “некој“ сваќа дека не може да живее без мене и на првото враќање дома, ми кажува и се заедно. Завршувам факултет. Отварам приватна академија и зеам милиони. И тој исто така. Живеам во прекрасен, голем стан, тука, во родниов град. Кога сум финансиски и умствено стабилна за деца, имам 2,3,4. На моите дома, како и на неговите не им фали ништо. Го шетам цел свет, имам прекрасен брак и семејство, пријатели со кои се почитувам. Едноставно, среќна сум.
Живеам во Бразил, во мала куќичка покрај плажа. Секое утро се будам рано, облекувам шарен фустан а ла Росалинда, ставам цвет во витканата коса и одам на работа, на платажата со кафе каде што сум берачка. По завршувањето на работниот ден, се бањам гола во океанот, се мачкам со кокосово масло, облекувам тесен фустан во дречливо црвена боја кој ми го отцртува големиот и одлично обликуван задник (затоа што нели сум бразилка, во вистинскиот живот го немам), одам на игранка на плажа, играм ламбада на денсфлорот и сите погледи се вперени во мене. Се појавува тој, згорен турист, европјанец. Пиеме коктели, трчаме по плажа и водиме љубов во мојата куќарка. Се будам и утрото не го наоѓам до мене. Сеедно, започнува уште еден напорен ден на платажата
Работа во канцеларија, се знае од сабајле до 4. Сопствен автомобил, маж и две деца. Куќа. Секое лето долг одмор, секоја зима скијање. Хармонија во домот, пари за живеачка, независност.
тоа е таа моја фантазија. Сонувам како еден ден ке го прошетам целиот свет не баш целиот ама таму кај што сакам да патувам Лондон,Париз,Нјуорк,Мајами,Лос Анџелес и сите тие други такви убави местенцасо никонот во рака и да се изнасликам секаде секаде секаде.....Со мојата фантазија ја дизајнирав куќата од соништата во која ке живеам..базени,никонче,облека,колекција од шминки,најувбавата соба на цел свет (и неа ја имам дизајнирано) И мојата фантазија зависи од 7-ка што ке ги добијам на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА "НОВО ЛОТО"
Куќа во Лос Анџелес,не многу блиску но и не многу далеку од центарот на градот.Свој бенд.Свирење по клубови на Сансет Стрип.Стигнување и до студио-свои песни,албуми...Концерти пред огромна публика...Сопствена кола(многу нормално),и маж што ќе ме сака.Отприлика,тоа би било.
Живееме со него во некое поткровје од некоја стара зграда во стариот дел од градот, Париз. Деновите ни поминуваат во љубов, меѓусебна, онаа кон храна и онаа кон уметноста. Јас работам од дома, се шеткам по гаќа додека сликам и му фрлам одвреме на време поглед додека го гледам како мие садови или буричка по тавки и состојки за да зготви нешто. Во позадина иде некоја мелодија, џез, блуз, ју гив ми фивр или нешто од Џамбазов, се гушкаме од време на време и поигруваме малку.Некои денови се излежуваме, се љубиме и сек*аме, додека не заспиеме од умор...некои денови само си седиме мрзливо и гледаме филм и гнетеме некој чипс...некои денови јас лутам по градот, мојата вечна љубов,а тој заглавува во некоја игра неговиот вечен порок и така си живееме од ден за ден, сакајки се, карајки се и пак сакајки се. На лето пак ја земаме колата, пакуваме се живо и диво и со мапа во раце трагнуваме у шетња, каде ќе не однесе патот, спеме во кола, во шатор, во некој хотел, јадеме стари сендвичи и уживаме во убавините на денот и ноќта. После години, доста ни е од животот на страна па се враќаме дома,венчани, имаме три дечиња, девојче со сини очи, бел тен и кадраво руса коса,едно кое ќе биде црна убавица и едно на пат, момче.И живееме со сите радости и проблеми што ги носи животот, бракот и семејството. Не е некоја невозможна фантазија, ама јас сакам ваков живот,. од се срце, нека ме слушне Господ, му се молам.