голем оптимист сум во врска со мојата иднина само си сонувам јас дека си живеам во New York и дека си имам станче такво малецко скромно и милениче и сум манекенка-по можност во Викторија Сикрет иако е невозможно ама пак си верувам и си сонувам ја(кои сонови ги имам тоа ти е ... )
Живееме во најстариот кварт на Барселона- место со дух и долгогодишна историја. Во тесна зграда, на третиот спрат. Долгата сукња ми се влече по подот и мирно седнувам на дрвениот стол. Започнувам да ја пишувам најновата колумна за дневниот печат. Зборовите непрестано се нижат. Влегува тој. Нежно ме бакнува и силно ме гушка. Го зема платното и почнува да слика. Нашиот стан го беше претворил во негово сликарско ателје. Во кујната го приготвувам попладневниот чај. Повторно се враќам крај него. Го набљудувам како слика. Одеднаш вратата од нашата соба се отвара. Се појавува мило девојче. Нежно го трие лицето, прашувајќи не- што правиме без неа?! Тоа е мојата Катја. Нашата Катја. За среќа не е потребно повеќе од ова. Најмилите и нивната љубов.
Ако постои нешто вакво Јас мојот свет многу пати во сонот го замислувам како Земјата на чудата. Бев во план да си нацртам вакво во детска
и јас сум од тие големите фантазери Значи...прво сакам да научам да свирам чело (про.) . после да завршам na Univerity of Bristol. Иако сега насочена сум на стоматологија сакам да бидам еден од попознатите кардиохирурзи (една од поголемите желби) или пак да си имам своја ординација (се разбира позната) ЛОНДОН. Да имам маж(по можност да има плави очи ) кој ќе работи во некоја фирма. Две дечиња. Едната така поголемка куќа и една мечка да се возам низ Лондон.
Живеам во Менхетн и сум психолог кој добро си ја врши својата работа.Ги слуша луѓето со големо разбирање и нивните проблеми ги зема како свои за да ја свати суштината на нивното страдање. За одмор и релаксација одам во мојата куќа каде што ме чека мажот ми кој е атлетски граден и е познат архитект и трите деца ( едно машко и две женски) и велат дека јадењето е превкусно. Мојот маж секој ден ми вели дека за него сум најубавата жена на светот.Едноставно ме гледа како капка вода на дланка.Во викендите ги носиме во луна паркови а понекогаш и ние како деца се качуваме на балерините и заедно се забавуваме. Често се слушам со своите другарки од средно со кои сеуште контактирам како вчера да сме се разделиле иако одтогаш поминале години. Секој е среќна во својот живот и многу постигнале. Мајка ми веќе нема проблеми со дишните патишта. Сестра ми има родено 2 мали дечиња кои едвај чекаат да се видат со моите Oва е мојата фантазија...
Филмски режисер и автор на неколку филмови и книги. Би живеела во некој изолиран песочен предел, по можност Калифорнија. На некој ранч, во дрвена куќарка Western стил. Додека во близина би сакала да се наѕираат високи планински предели придружени со богата флора и фауна каде секое утро би берела шумски плодови, додека пак на пладне со сребрениот кабриолет би се одвезувала до најблиското кафуле за да испијам по некоја чаша виски. Често би патувала по различни дестинации во светот, за да ги посетам местата каде царува недопрената природа. Во меѓувреме, на летните одмори кои преферирам да се одвиваат на море, за време на забавите би остварувала краткотрајни пријателства со потполни странци кои би ме инспирирале да ги пишувам идните книги и сценарија. Истовремено, би го менувала изгледот во смисол стил, фризура, за некој од нив да не ме препознае. Воедно, ќе пробам да се држам подалеку од медиумите, како би постигнала мирен и спокоен живот без многу разбранувања.
Ајјј кога ќе земам да фантазирам крај ми нема...Од пејач до новинар и назад хахаха...Епа да бидам пејач ми е најголема желба тоа гласот ми неваља тоа друга прича...Па живеам некаде низ Беверли Хилс во преголема куќа,па возам Range Rover па си правам светски турнеи па ти реков ми рече па си имам и свое реално шоу...Што уште не
Да погодам..Прва гостинка во шоуто - Лејди Гага. Само имај в предвид дека тој период она веќе ќе биде бабетина.
Најголема фантазија/ сон ми е да бидам професор по биологија, да имам две машки деца - Давид и Давор и маж металец, со долга плава коса, да свири тапани. Да живејме било каде, Лондон по можност (dream location) и да не сме пребогати туку да имаме доволно колку Давид и Давор да се задоволни. Сакам деца онака шо ќе бидат приврзани за мене и да сакат едноставни работи.
Па,таквиот живот би бил многу поразличен за разлика од овој сегашниов.Би сакала да живеам на некое не толку бучно место,професија-гитаристка,а друг начин на кој исто така би можела да заработувам би било пишување на песни и книги.Сето слободно време би го посветила на цртање,учење нови јазици и патување. Куќата во која би живеела сакам да е средна големина,да има витраж прозорци на поткровјето,а тоа би било соба каде што би можела да уживам слушајќи некоја балада во позадина,смислувајќи наслов за следната песна/книга која ќе ја пишувам. Во куќата би сакала да има еден посебен ѕид на кој би ги чувала сите можни слики со моите пријатели и најблиски,нешто како ова:http://cdn.images.diyselfies.com/images/0763/3781/main.jpg ,да имам посебна соба како домашна библиотека. Би сакала да имам тетоважа,различен стил на облекување,еден олд тајмер и да се изнауживам во животот. Мислам дека набројав се' .
Пааа, вака... Писателка на неколку бестселери, воедно професионален фотограф со овековечени најубави парчиња од секое делче на светот во својата колекција... од што ми било отсекогаш скриена желба нешто креативно па еве во фантазијава две у едно, кад је бал нек буде маскенбал Место на живеење (погодете од три пати ) - Италија... на некое топло и мирно место меѓу препознатливите тесни улички, во vintage романтична и осветлена куќа со голема, прекрасна градина и огромна библиотека. Тивок семеен живот со пронајдената сродна душа, по могучност од таму , а слободното време исполнето со патувања без да остане непосетен ниту еден агол од светот вреден за посетување, учење мнооогу странски јазици и запознавање различни култури. Ми нема крај кога ќе се занесам вака во фантазии аххх...
Јас сум скромна во тој поглед. Сакам само да сум успешна во својата кариера и да имам среќно семејство.