И јас фантазирам најчесто пред спиење а и со отворени очи Имам фантазии за се, дури кога ми е досадно негде и тогаш фантазирам Убаво е додека ги имаме фантазиите, лошо е кога ќе ги нема.
Фантазирам со мерка. Најчесто пред спиење, или пак на некој досаден час кога професорот дрви за нешто што апсолутно ни малку не ме интересира. Фантазиите ми се претежно за понатамошниот живот. Каков сакам да биде, што би можело да се случи, а што не, работи од тој тип.
И јас си фантазирам, и тоа многу често. Најчесто пред спиење се разбира, тоа ми е задолжително. Тогаш си правам цели филмови. Исто така кога слушам музика, или кога едноставно немам што да правам.
Кога сум тажна и нема кој да ме теши, фантазирам за решавање на проблемот. И после си викам-нема шанси, не сонувај! Поради разочарувањата во периодов... се обидувам да не фантазирам толку...
Имам БУРНА фантазија, ама кога велам бурна, мислам ептен, ептен бурна Можам да си фантазирам секаде, во секое време, на секое место, не ми е проблем. Пред спиење највеќе Си фантазирам за се и сешто. Пр - како се мажам за фудбалерот што ми е во срце , ја поминувам иднината со него и ред други ствари од тој тип
Јас си фантазирам пред спиење, ги затворам очите и фантазирам за животот општо... Фантазирам за вистински пријателства, љубов , но тоа што ми е чудно некогаш си правам филмови ама буквално филмови како режисер да сум и мислам сцени, што би рекле ликовите, приказни Не знам јас фантазирам,но со граници, не мислам дека тоа е стварно. И мислам дека фантазијатра е добра,но кај мене може и да ме вонземири кога ќе закаснат моите родители веднаш си правам филмови како доживеале сообраќајка, сестра ако доцни од излегување како и се случило нешто, ја киднапирале... По нкогаш мислам дека ќе се полудам со ова,но сепак некако се смирувам
И јас си фантазирам пред спиење, кога ќе почнам, уху..има цела книга со бајки да си наполнам. Фантазирам како одам на некој волшебно убави места, како ја запознавам вистинската љубов, како трчам боса по ливада без да ме лазат мравки и сл.
Фантазирам,да. Море, какви фантазии, ами шпански серии со 300 и кусур епизоди.Каков режисер сум,еејј. Се си мислам да почнам професионално да се бавам со режија, мош и некој оскар ќе добијам.
Фантазирам кога немам друго што да правам. Најчесто навечер пред спиење, но и дење се случува, кога ми е досадно или нема што друго да се прави, едноставно потонувам во светот на фантазиите . Најчесто фантазирам за тоа како јас се гледам себеси во иднина во поглед на образование, работа, потоа фантазирам и за љубов, за некои мои желби, што-би-било-кога-би-било ситуации и сл. Колку да има што да се прави
Фантазијата според мене е движечка сила која не води напред во животот. А моите фантазии хмм...цело долгометражно филмче кое се сомневам дека ќе се оствари...но сосем накратко - Да бидам богата и да живеам во лусксуз, да бидам пејачка или актерка, да имам две дечиња итн... Има и една нерална - да се одвојам од линеарново време можејки кога сакам да одам во иднината и да се враќам во минатото променувајки сешто не ми се допаѓа
Сакам да си фантазирам, многу и тоа. Најчеста мета ми е иднината, односно фантазирам за човекот со кој што ќе се омажам, за дечињата кои што ќе ги имам, за животот кој што ќе го живеам. Најчесто ова ми се случува пред спиење или пак среде ултра досаден час од кој што гледам некако да се спасам. Некако ми доаѓа како бегство од реалноста, интересно ми е, а и бесплатно , па си го применувам доста често. Фино е.
Познавам луѓе кои што си забегуваат фантазирајќи многу често... за моја среќа, моите фантазии се премногу нереални за да залетам и да поверувам дека можеби фантазијата е реалност.. а што имам бујна фантазија, си имам. Си се водам под една приказна дур не имам идеја за подобра, или дур не се заљубам во некој недостижен (замисли некој си славен хаха) Ако си запишувам за што размислувам, ќе читате мои романи.. хаха
Често знам да и се препуштам на имагинацијата и да си забегам во некои мои светови Најчесто си фантазирам за човекот со кој ќе го поминам остатокот од животот,каква работа ќе работам,какви ќе ми бидат дечињата и сл.Зимно време обевезно фантазирам и планирам како ќе ми пројде летото,како сум на некоја егзотична плажа и некои такви ствари.На крај краева зошто да не фантазираме,барем фантазиите се бесплатни
Без фантазија неможам да опстанам , едноставно нонстоп фантазирам и некогаш и се реализира тоа...зашто сум многу упорна, ама знам често и да се разочарам ...Се на се, бујна многу фантазија имам...