Фантазирам. Многу. Премногу. Си правам фантазии за иднината,за животот,за се што посакувам. И секогаш на крајот завршувам со мислата дека тоа нема да остане само фатназија,можеби ќе стане реалност.
Сакам да кажам дека ова ми е уште еден од оние денови кои сум полна со идеи. Во собата импровизирав декорации, покрај ручекот и десерт припремив, посебни третмани за косата; не ми е тоа поентата, почнав да разработувам нова идеја за пишување. Овој пат приказната се роди, припремете се да глумите изненадени - од сон. Како и секогаш. Клише по клише, ама веќе морничаво нешто да напишам па да отскокнам од страндардите. Си го отворив фолдерот каде што ги запишувам сите ’инвентивности’, имав минимум 20 започнати ’дела’. Варираат, од половина од 100 и половина страни. Што е најтрагично, ни едно не води никаде. И како што секогаш се тешам, можеби ќе ги склопам некако, никогаш не успевам. Се прашувам дали вреди да започнувам нешто ново. Најпаметно е да си седнам горе на тераса, гитарата в рака, и таму нешто да започнам.
имам и тоа ттолкава само си фантазирам за рамен стомак има и уште ама ако пишам ќе да прснете од смеа
Ех, бујна фантазија си имам јас, која за жал никогаш нема да стане реалност. Најчесто пред спиење си фантазирам, а понекогаш фантазијата ми се продолжува во сонот Weird.
Фантазирам дека еден ден ќе живеам онака како што сакам.Да пливам во пари место во долгови, да живеам со мојата љубов заедно со 2 деца, едно машко едно женско, да трошам колку сакам, да го прошетам цел свет и да бидам успешна бизнисменка или актерка. И еднаш да го запозанаам женкариштено Енрике. Која фантазија нели
Фантазирање... Убаво е секој од нас одвреме - навреме да си фантазира ... Секој кој што има фантазии има и идеи за подобро утре!!! Убаво е тие идеи настанати во фантазијата да се стремиме и да си ги оствариме !!! Но, за жал има и луѓе кои нон-стоп живеат со фантазирање...
Фантазирам, најчесто пред спиење. Како и феминката што напишала погоре, и мене ми се случува она што го фантазирам пред да заспијам, да ми се продолжи во сонот. Ова се има случено повеќе пати. Ама ако. Барем не е нешто лошо. Скоро сите работи кои ги фантазирам се невозможни. Убаво е да се има бујна фантазија, зар не?
@Sunshine.Sunshine да така е јас сега фантазирам за составот по македонски Инаку фантазирам ноќе и јас QUOTE="Sunshine.Sunshine, post: 2334486, member: 92691"]Фантазирам, најчесто пред спиење. Како и феминката што напишала погоре, и мене ми се случува она што го фантазирам пред да заспијам, да ми се продолжи во сонот. Ова се има случено повеќе пати. Ама ако. Барем не е нешто лошо. Скоро сите работи кои ги фантазирам се невозможни. Убаво е да се има бујна фантазија, зар не?[/QUOTE]
Сите имаме фантазии, па и јас, најчесто си фантазирам за разни работи, поврзани со животот и иднината.
Фантазирам највеќе за животот и иднината. Вчера баш @Glossy-girl ми рече ептен бујна фантазија сум имала.