Незнам колку е правилно да ја отворам темава но се надевам дека ке биде се ок .Дали чувте на Сител за Фантом прилепчанката крадец.Од вујнаи исто така украла 80.000денари.Другото го знаете да не го кажувам (ако некој не знае за ова нека пише на гугл).Или какво мислење имате за ситвацијава?
Не разбрав....како успеала да ги земе парите? Дома ги чувале господата? Имам сличен случај во фамилија кај маж ми. Ама не со прилепчанка.
Значи , известување за вакви работи во нашето новинарство е ужасно . Жената има име и презиме бре , сигурно не се вика Фантом . Ваквите измамници ( мажи и жени подеднакво ) треба да бидат објавени со име и презиме , за и други луѓе да знаат и да внимаваат со кого се запознаваат и на кого му доверуваат лични работи ( пари во кеш , злато , документи за имот и слично ) . Иако не сум од Прилеп , би сакала да бидам подобро информирана ( имам фамилија во Прилеп и пријатели ) , не би сакала утре мене или на мои блиски да им се случи вакво нешто , особено ако тоа се пари како во случајот на скопјанецот - жртва на измама , кој имал во план со парите да исплати семеен долг . За жената , мислењето ми е .. мех . Постојат луѓе со болест . Не дека тоа нешто им треба , туку крадат бидејќи мораат ( болеста ги тера едноставно , криптоманија мислам се викаше ) па оттаму мислам дека можеби има проблем со оваа болест , или едноставно нашла лесен начин на заработка преку кражба . Секако не е во ред и треба што е можно поскоро да се реши таа работа , односно полицијата да ја земе работата во свои раце и да ја пронајде жената , да ја принуди да ги врати парите што ги украла .
Па скоро на сите телевизии го кажаа ова али ајде сега ќе објаснам 49 годишна Прилепчанка била во врска со повеќе мажи истовремено и им ги градела парите од картичката.Исто така на нејзината стара вујна и украла 80.000денари од картичката без нејзино знаење.У секој случај со жената најверојатно не било се ок хаха
Па тоа искрено и мене не ми е јасно ама најверојатно ја сметале за некоја блиска особа (не знаеле дека ќе ги зезне) па и дали код од картицата
За да му дадам на некој пин од моја картичка , треба да имам апсолутна доверба во истиот . Имам картичка , иако е празна , пинот само јас го знам ( ја извадив за еднократна употреба , и така стои оттогаш ) . Ако треба некогаш да го кажам на некој , ќе размислам прво кој е човекот и што улога има во мојот живот , па после ќе одлучам дали ќе го дадам пинот или не .
Знаев дека погрешив во името на болеста . Фала на корекција . Да , на тоа мислев , можеби пати од клептоманија . Сепак , треба да биде објавена со име и презиме , да знаат луѓето за која личност се работи , за да внимаваат и да се заштитат себеси . И не само жената , туку сите на неа слични . @MitMax не би рекла будали , можеби жената била многу убедлива , или наоѓала лековерни луѓе за својата конечна цел .