Е ова. Неможат слика да и споделат? Очигледно и треба помош на полицијата, не сме огромна земја, лесно ќе ја најдат.
"Претходно, жената на сличен начин успеала да го измами 56 годишниот скопјанец, кој остана без своите 3000 евра, пари со кои планирал да исплати семеен долг." E ова е прав маш. Ем шваљерка води ем се ангажира околу семејните работи.
Па реално женава не напраила ништо лошо ако и го дале пинот од картичката. Што мислеле мажиштава коа и го давале? Ќе си се послужи за кафе само?
Имаше слична случка порано. Не знам пред точно колку години. Мислам дека дечкото беше од Охрид. И дал полномошно на девојката и таа избегала со парите во странство. Го имаше и на телевизија. Не знам со кој памет даваат пин.
Според муабетиве, веќе почнувам до некаде да ги прифаќам овие што даваат пасворди од социјални мрежи. Ама па пин од картичка? Сто посто ги хипнотизирала со нејзината убавина
Потполно се согласувам.Јас освен на моја најблиска фамилија на никој не би дал а оваа и нејзината стара вујна без прашање си ја украла со 80.000 денари така што у денешново лудо време ни на фамилија не се дава најмногу на родители и на сопруг/а со кој/а што си најмалку 3години во брак
На другар мој, вујко ми исто ограбен бил од истава жена. Ми беше срам да го прашам дали му била сопруга, девојка или швалерка? Оти овде кркаш срам, т.е мене ме јади туѓ срам.
Прочитав дека Прилепчанкава измамила повеќе. Со самото тоа што господата дале дозвола за таа да зема пари, се им е џабе.
Ама па не разбирам, од Прилеп ли само ги рендала или и од други градови? Ако е само во Прилеп, нели брзо се шират вестите? Или срам им е да кажат дека имале друга жена у меѓувреме и ги одрала убаво?
Во секој случај, не верувам дека би можеле да ја гонат кога она не ги присилила нив да и дадат нивни податоци. Курле им е крив што мислат дека можат жена со пари да купат.
Па мислам дека не смее да ја кажуваат со име и презиме смее само со првите букви од името и презимето али нема врска тоа а и да ја фатат не верувам дека ќе и помине со некоја дебела казна зошто никој не им е крив на тие што си испаднале будали