Прва работа што ме збуни: Година ипол не бил во банка човеков?Уопште као? Милион денари да ти снема од сметка не е туку-така.Сигурно ѝ дал пин или пристап до сметката.Сама не ќе да ги земала парите. Ако веќе има повеќе пријави против жената, шо чекаат не ми е јасно? Два педа земја сме, толку ли е тешко да ја најдат? Груевски да не ја обучувал женава?Може му ја спраштила и она низ граница ( мала шала) Греота за оштетените, ама сами си се криви според мене.Не можеш на било кој да даеш пристап до голема сума пари..
Дека е херој, не е. За вакво нешто треба памет и добар план чим никој не се посомневал. Ама и господата не се стабилни кога даваат пристап до пари на личност која ја знаат краток период. Не се деца, возрасни мажи се.
Па искрено спремна жена ми личи дека е. Да се бафтам со некој година ипол за да му дрпнам милион денари? Значи лаже-профи Глуми-профи Краде-најпрофи А нерви изгледа има од челик.Година ипол да глумам на некој искрено не можам да се замислам Стварно ми е мачно за нервите.
Еве ја и се дивам зашо за ова требаат м*да шо лазат по земја, а ја ги неам. Второ, се одлучила да живее на овој начин, вака егзистира. Свака част и за тоа, ја не би можела да користам полов орган за да добијам некаква си материјална корист. И трето, мислиш дека ова ќе иде до недоглед? Еден ден ќе ја фатат и ќе ја стрпаат сигурно у затвор. Е тогаш, нема да има милост никој и пари ќе глеа само додека чуварот и мафта со богородичка за да и покаже колку треба да му дае за да и даде три цигари. И сево ова да го знаеш и пак да си тераш по свое, реално храбро женче.
Не знам што е ама алал да ѝ е.Треба нерви и трпение за тоа.Али очигледно жената нема попаметна работа па годините од животот си ги троши лажејќи некого
Треба муда или храброст или како сакаш речи и за човек да убиеш. Свака им част на сите храбри крадци и убијци.
@Tan4ence не реков ја дека она е херој.Не е дека го поддржувам крадењето.Ама па шо сеа ако е така дека они и давале кодови што им е она крива шо они си испаднале такви.
И маж може да те измами. На еден друг форум прочитав како некоја жена му дала полномошно на мажот. Овој да ги земе сите пари од нејзината сметка и да му ја спрашти во странство со швалерката.
Во право си барем слика ако не име и презиме . Ме насмеа да си жива Абе јас 6 години сум во брак па не го знам пинот на мм ( не дека не ми го кажал , јас не го помнам , 100 пати го препрашувам за пинот ) . Јас мојата картичка не ја имав проверено 2 години ( си го заборавив сопствениот пин ) од пусто што не ги можам редовите во банка за да го променам . Неодамна ми требаше картичката , па го сменив пинот . Барем сега не можам да го заборавам и да сакам . А можно е оваа сама да го пронашла пинот кај човекот што живеел со неа . Свекор ги чува пиновите од картичките дома , можеби и тој така ги чува . Јас затоа ги фрлам пиновите ( и после ги заборавам ) ама ги запишувам во телефон а на белешката ставам код . И картичката само на луѓе што им верувам .
Хмммм.... Двојни аршини фрчат на темава. Девојчињата што се сликале и во доверба споделиле слики со блиските или дозволиле да бидат сликани, не се виновни, а маживе кои во доверба со некој кој очигледно го сметале за близок споделиле пин се виновни? Логика?! Според мене ниту девојчињата, ниту маживе се виновни. Виновни се тие кои им ја изиграле довербата и ги злоупотребиле. И за тоа си постои закон и соодвена казна!!! Јас сто пина да ти дадам, ти законски во мое име не смееш да подигнеш пари од банкомат, освен ако имаш мое полномошно, а со тоа и дупликат картица од сметката. А не верувам тоа да било во случајов. Така што госпоЏава искористила лековерни луѓе и ги соголела. А вие уште и и се восхитувате!? Божем врвно достигнување е да бидеш измамник! Свашта!!!
А нели и за полномошно ако имаш сепак е ограничено? Не сум сигурна, ама мислам не можеш поголеми трансакции да правиш, а и други ограничувања имаше?