Може некој да ве соголи и без да ви му кажете пин и дадете картица. Има посебни мали апарати што се монтираат скришно на банкомат на делот каде се вметнува картицата. И кога ќе ја ставиш, ако не приметиш дека нешто е поразлично на банкоматот, уредот ги чита сите податоци и тој што гледа од другата страна прави друга картичка со исти податоци и си вади пари од ваша сметка со истиот пин. Имало најдено вакви и низ Скопје Ова за восхит е? Ете може и крадците си решиле на таков живот де...јбг Кој ве тера да турате картици во банкомат. Има и други мал милион начини да бидете измамени, дури и кога мислите дека парите ви се на сигурно. Сетете се на ТАТ постарите. И тие што сте слушнале за нив. Ова чисто ви го кажувам пошто се дивите на крадци. Без разлика како дошле до парите, криминал е.
За тоа со Јавна соба девојчињата си беа криви според мене.Такви слики на никој не се испраќа.И која црна доверба кога во таа групата имаше мажи само од по 30-40 години.А девојчињата беа 7одд.Како може да е нормално девојчиња од 7одд да праќаат голи слики.Секој си сноси одговорност за своите постапки.И дај не мешајте баби и жаби ова е сосема друга ситвација.Никој не им е крив тоа што давале кодови на секој па тоа им се случило. (ако е така).Веќе ако некако ги натерала со закани што да беше така ќе кажеа на тв она ќе беше крива.Дај да бидеме малку реални.И ајде више доста со осудувањата.Секој си има своја глава.Темава ја отворив за мислење за ситвацијава.
Полномошно не ти бара банкомат. Полномошно ти бара на шалтер. Типкава си имала пин или па заљубениве мажи што размишљаат со долна глава и кзвадиле дополнителна картичка на нивна сметка. Така да, за ова да сами си го барале. 2 месеци да не си ја провериш сметката да видиш дека ти фалат пари? Да даеш пин на некој од картичка?Искрено, алал да и е. Свака част.
Сите што ја оправдувате, заслужувате да бидете ограбени, на било каков начин. Нели пошто ништо страшно, пари се. А политичари кога ве крадат не ви чини м? Ми имаат давано пин блиски за да им извадам пари. Ама јбг, не сум како неа и вас да искористам.
Зошто бе? Зарем малку машките ги навредуваат и повредуваат девојките, им се закануваат? Шала на страна, додека живеев во Прилеп имав слушано муабети дека имала многу тешко детство. Така да, не осудувам.
Да не знае човек кој е позабеган во случајов. Маживе што споделувале податоци од картичките, женава што вадела пари од банкомат (претпоставувам) кај што има камери или полицијата која ја бара уште од 2017 за поднесена кривична пријава против неа.
Ајој бре, Тан4енцуленцуле. Дај ајде конечно кажи ни кој од оштетениве ти е роднина? Последниов господин ли?
Тоа се тие двојни стандарди и лицемерие , во една тема сме борци за човекови права , во друга тема сме е па сам си го барал. Ај што можеби биле наивни овие маживе, ќе се сложам, ама восхит за криминалци?Не сме во филм дечки, ако ве ограбат да не ќе се воодушевувате случајно на паметот на крадецот?
Искрено јас ќе се зачудам прво. Дека стварно пазам и кријам работи на бош место, ако ми најде некој ќе се чудам прво како му текнало да провери на местото. А искрено највише би се зачудила ако ме опљачка некој што го знам. Пошто од мене не се краде Во школо ми украдоа оригинал слушалки за Ајфон и после цел ден го реметев цел клас и наредното сабајле слушалките ми беа кај што седам Реално треба храброст за тоа пошто не знаеш кого крадеш и на каква будала ќе налеташ.
Ако некој сака да праќа некаде слики разголени тоа си е негово, ама не значи дека некој треба да прави јавни соби и сликите да ги злоупотребува, да ги испраќа јавно. Тие девојчиња можат да му бидат ќерки на таквите гнаси, а не да бараат контакти и секс со малолетни девојки. Здрав човек не го прави тоа. А за темава, кога дава тој пин од картичка шо мислел ? Сам си е крив. Шо барал да дава пин од картичка, па после ќе кука на тв.